Здраво, би сакала да прашам за искуство. Косата ми беше шатирана, но паѓаше шатираното, 4 - 5 прсти ми беше испаднато. Шатираните прамени ми беа жолти. Се исфарбав со Гарниер,долу фати убаво црвено, а горе потемно, што беше и очекувано. Сега сакам да ја осветлувам, видов и некои розеви нијанси кои ми се свиѓаат. Сакам да прашам дали да ја земм истава фарба на Гарниер, само со 9%хидроген или да пробам со Еволушн РБ да почнам да ја осветлувам?! Ама ова во домашни услови Фризерката кога ја прашував претходно, не ми даваше никакви совети(додуша тогаш за плава ја прашував), дека она си мешала повеќе фарби и не знаела за дома што да ставам
Многу ми се свиѓа нијансава(а не знам како се вика), да ми препорачате фарба/фарби со кои би ја добила? Моментално косата ми е светло кафена со малку црвена нијанса од претходните фарби, а тој црвен пигмент инаку и природно си го имам.
Имам темна коса ,природна , само на сонце ми удира на темно кафиава , не ја имам никогаш осветлено , но сакам промена , па колку е вероватноста да се осветли без користење на бланш и да добијам ваква боја
Пишав погоре, јас имам темен корен, темно кафеав, а пола коса ми беше шатирана но ми пожолтеа прамените. Прво се исфарбав со Гарниер Олиа 6.66 и беше црвена но темна ептен. Сега пред 2 дена се исфарбав со Аура Експлицит црвена и многу повеќе се познава и има повеќе сјај Да пробаш со фарбиве и може од прва нема да фати, но освен на фризер мислам дека овие ќе ти бидат добар избор
За ваква баш боја(некои ја викаат неон црвена/розева...) ќе мораш бланш.. Не верувам дека некоја фарба вака би ти фатила. Еве ја "слична" мојата на таа нијанса што ја сакаш, малце посветла само. 3 миење ми е после ставање на капки..
А ти дојде ко на фарбава косата? А каква ти е природната боја? Мн ми се допаѓа бојата , и со која фарба ја правеше?
Природната ми е темно кафена, но пред да ја фарбам црвена, 2 години со црна се фарбав. Фарби од неколку фирми ставам, Ревлон, RR, и Fadiam(на фризер ја земам оваа) и измеѓу фарбање некои од црвените пигменти.
Има Јас ставив прво Гарниер и ми беше темна. И после 3 недели отидов до ДМ да побарам некоја писветла. Многу ја фалат и Еволушн РБ. Е таа мислам дека и розева е. Ама не се осудив од одма и случајно ја видов оваа на Аура и сум многу задоволна. А види ја и таа на Еволушн РБ. Познаничка се фарба со таа и розева и е бојата.
Zasto kosata mi e mnogu posvetla dole otkolku u koren? Potemna mi e u koren inace ne sum farbana i ne mi e oshtetena nitu rascvetana
Дечки, имам природно бааѓи темно кафеава коса, како на првата слика. Е сега, сакам да ја осветлам маааалку и да добијам некоја кафеаво чоколадна боја(следните слики). Предлог за фарба и нијанса? И се разбира никако, никако да нема жолти и портокалеви сјаеви, чисто кафеава.Страв ќе ми е како ќе оди осветлувањето а да не добие косата таков сјај, а сепак да фати таква боја.
Мајка ми секогаш вика, подобро сега помлада отколку на стари години Јас гледам да се водам по таа девиза, посебно за косата. Јас од плава и шатирана се исфарбав црвен скроз. Така да, фарбај се