А може ли да се добие ваква боја на коса со колор шампон Од ваква боја на коса И дали може да се фарбат веѓите со колор шампон?
И на двете прашања одговорот е не. Многу е темна природната боја, за да фати плавото, без разлика што е дарк блонд. Може да има некој сјај само, ама и тоа тешко. А за веѓи, на сите колор шампони пишува дека не се за боење на веѓи. За веѓи мислам дека има посебна фарба.
А некој има ли искуство со црн колор шампон? Со фарба не би пробал бидејќи не верувам долго време да сакам да ја носам така.
kostenliva prirodna, kraj juli mesec na frizer nesto na prirodno posvetlo i sega e vakva. ic ne mi se dopajga a za na frizer sega za sega ne se moze. soveti kolor sampon ili farba koja? kako da si ja podobram bojava? se gledat i prirodnata boja okolu 4prsta porastena. nesto kostenliva da dojde bez da se razlikuva mn od mojata. ic ne sum brava so farbivepomagajte izvinete za postov kasapopara
Прашуваш за на светла (бланширана) или темна коса? Ме потсети баш пошто сакав да испробам како би изгледало за нијансирање на корен, па направив екперимент со праменче ама на прилично светла избланширана коса. Првава слика ставив црн колор шампон оној викторија од дм најобичен, мислев 10 минути да го оставам ама го заборавив па седеше 2 саати на сликава изгледа малце кафено ама тоа камерата не фаќа, реално е како темно сиво скоро црно На вторава слика е со едно миење. Веќе е баш сиво ама и на зелено мава и ко да има ризик да изгледа флекаво..на малово праменче може нема да се види баш ама на цела коса мислам дека има таков ризик
Обично црните фарби се базирани на зелен пигмент, затоа ако си фарбан црн и се избланшираш, постои ризик да испаднеш зелен. Сега од твојава слика сфаќам дека и колор шампоните не се нешто поразлично формулирани. Фала ти за сликите! Мене горниот дел од косата ми е темно кафен, а долниот светло кафен, затоа што бев бланширан на долниот дел од косата. Ако ставам колор шампон да не фати на двата дела различно?
Епа ако ти е кафена основата мислам немаш гајле можеш да шлапнеш, на светло повеќе се приметуваат евенуални мани ама на темно мислам ништо страшно не е, а и се измива секако
Здраво, косата со години ми е фарбана црна, сега сакам да променам малку накај кафеава па ме интересира дали некој има слично искуство и како е наједноставно да се направи тоа?
Деколорирање па фарбање кафеава. Каква ти е твојата? Мајка ми на времето црвена има вадено со свински сапун (мислам така се викаше)
Дали со фарбање и со која фарба можам да добијам ваква нијанса? Мојата боја е како коренот на сликава
И јас имам иста природна како коренот на сликата, се фарбав посветло од ова на фризер со фарби Keune,за број не знам ама најдобро ти е да одиш кај фризер
Зависи каква боја ти е косата моментално Јас пробав со црн колор шампон пред да се офарбам црна мојата е костенлива боја и само ми ја затемни не добив црна боја
Пред некој месец ми се појавија неколку бели влакна во косата најверојатно од стрес. Која е најдобра кафена или црна боја за коса што не опаѓа?
Природни црвенокоси, се има ли некоја од вас фарбано? Бев во неколку студија и во сите исто: многу работа било, нема да ми стоело, убава ми била природната боја бла бла бла. Во едно студио дури ми кажаа дека ќе сум морала договор да потпишувам у случај да сум имала оштетување на косата Мисламммм, ако сте некомпетентни, кажете така. Исфрустрирана сум и не знам кај да барам чаре.
Ако сакаш да ја осветлуваш косата накај плаво, ќе имаш јак портокалов подтон ако не веднаш тогаш после некоја недела, дури и ако одлично си ја завршат работата. Ако сакаш потемна, не би требало да биде проблем. Ако баш сакаш некоја промена направи прамени.
Imam vakva boja a sakam da ja osvetlam do svetlo kafeavo. Po kolku farbanja bi bilo dovolno? Eve vakva sakam