Жени , ми светна во глава да се фарбам кафеава.. сакам да ја сменам плавава , ми се здосади фарбањето на две недели , гледам косата на некои места ми е испокината , а толку ја тинтрам пазам.. Дали ќе има проблем некој ако ставам некоја темно плава/посветла кафена (зошто пред 3 месеца вадев прамени). Ќе излезе ли убава нијансата?
Јас би ставила некоја 8 или 7 нијанса, темно плава. На плава многу убаво фаќаат нијансите. И коренот ко ќе е потемна малку нема да ти дели толку за на две недели фарбање и нема да мора бланш да ставаш, јас ја добивав и на кафеав корен со 8.1 таа нијанса, пепеласто плава. Еднаш цела исфарбај ја, па после само корен и негувај надолу, ќе се опорави. Кафена не би ставила во никој случај, еднаш така пробав најплава ко бев, ептен ми беше вештачка кафената што ја добив и многу потемно фати.
Последно се фарбав со Evolution, пред некој ден и презадоволна сум од бојата и од состојбата на косата. Викаат дека била и многу трајна... ќе видиме зависи и од твојата природна боја... јас сум и природно со многу темна коса. Гарниер не ја оштетуваат воопшто, ама не се ни многу трајни.
Може ли да се осветли темно кафеава коса само со фарба? Последно се фарбав пред 3 години, значи мојата природна боја сега сакам да ја осветлам за нијанса. Еве моментално.
Најверојатно на прамените ќе фати една нијанса на остатокот друга. Подобро постепено да ја затемнуваш, не веднаш со темна фарба.
Ако ти е мерак зашто да не, само да видиш и како би изгледала со новата боја сепак е голема промена бидејќи знаеш со плавиве коси колку е тешко а сигурно и уште потешко да се вратиш, само јас искрено би отишла на фризер барем за првиот пат
@wannaBeMomma баш сакам да пробам со начинот како што ја правиш ти, со фарбиве на Сајос или таа Палете што имаат бланш внатре. Ќе барам тука ама искрено ко да не сум ги видела тие нијанси.. мислам толку не би се оштетила на тој начин , отколку кога мешав сама бланш и се ушлакав позади зошто не гледам каде нанесувам ,нема кој да ми помогне за тоа ќе ги барам тука се надевам ќе ги најдам. @ана.1230 би одела на фризер ама локдаун имаме 3 недели веќе и фризер нема а стасав за фарбање Да ,би ми било чудно сигурно од плава на кафена, ете може некоја темно плава да ставам како што рече @kristina.k ако не направам со осветлувањето ништо јас 15 години црна се фарбав и најубаво ми стои (повеќето ми даваат комплименти за црната боја) ама не знам дали би се вратила, тешко се вади ако сакаш да смениш..
Јас го фарбам коренот со тие бои што имаат бланш, после тоа косата е жолта па ставам обична плава фарба. Топ изгледа.Конечно ја добив бојата што ја сакав.
@koritsaki јас мм ќе го терам нареден пат назад немам намачкано добро на некои делови изгледа, па портокалово фати, ама се неутрализира со другата фарба. @wannaBeMomma каква ти е твојата природна? Јас најмногу поради тоа на прамени се одлучив пред 2 години и многу ми беше полесно со коренот, вака полошо ќе ми изгледа. Мојата е некоја пепеласта кафеава, не е баш светла, ќе треба на побрзо да ја фарбам.
Секогаш мачкај од доле кон горе. Во внатрешниот дел од главата фарбата фаќа многу поспоро и ако се фарба обратно внатре излегува жолто. Мојата природна е исто некоја пепеласта кафеава. Не ми е темна ама не ми е ни блиску до плава
@wannaBeMomma овие две ги најдов фарби на сајос и според сликава има и бланш внатре нели? Koja е подобро да земам , втората ми се гледа жолта малку , ама па нема врска и така ќе ставам фарба. Ако сакам пола да искористам од ова , се по пола ставам така? И на колку време ова го правиш ти?