Бојадисување на косата

Дискусија во 'Коса' започната од magic, 23 декември 2009.

  1. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    13_5 ja користам јас. Секако излегува жолта ама е осветлена, па со следната фарба нијансираш. Вторава ја немам користено, мислам таа прво ја извадиле па оваа. Иначе цела фарба користам за корен
    На 5 недели
     
    На LejlaD и koritsaki им се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.901
    Допаѓања:
    108.049
    Пол:
    Женски
    @wannaBeMomma порачав две од фарбава 13_5 , нареднава недела ќе се фарбам. Колку време ја држеш? И потоа кога се фарбаш со другата фарба, истиот ден или чекаш да се измрси косата?
     
  3. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    40 до 45 минути
    Истиот ден, на мокра коса
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.901
    Допаѓања:
    108.049
    Пол:
    Женски

    Ќе пишам кога ќе се исфарбам. Ти благодарам многу :inlove:
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Андријана98

    Андријана98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво,
    Вака изгледа мојата коса моментално, но би сакала да претрпи промени да дојдам до сива нијанса, некои совети од искуства ве молам што би ми препорачале, благодарам
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 26 ноември 2020
  6. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    571
    Допаѓања:
    6.006
    Пол:
    Женски
    Да не знае некој дали има од некаде да се купат фарбиве Matrix Socolor овде во Скопје?
     

    Прикачени фајлови:

  7. Pretty Woman

    Pretty Woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2018
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Каде да купам млечен 6 % хидроген ?
     
  8. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Dm, cosmo, market
     
  9. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Ај помогнете:) кои се деми фарби,но да ги има во Македонија? И искуство,некој ако се има фарбано...
     
  10. Mell11

    Mell11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2019
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Предлог розева фарба за коса, пастелна? Која, од каде и цена?
     
  11. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    1.973
    Дали имате искуство со фарбите на Авон?
     
  12. FitnessMama

    FitnessMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2018
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, дали знаете некој добар фризер што може да ми ја направи ваква косата, ама да не е премногу скап. Screenshot_20201213-133537~2.png
     
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.137
    Допаѓања:
    174.884
    Пол:
    Женски
    Никогаш се немам сама фарбано дома, не ми е мн грижа како ќе испаднам важно да научам. Имате некои tips& tricks за фарбање сам?
     
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.723
    @theowndemon Па зависи каква сакаш да се фарбаш. Ако сакаш плава, ќе ти треба и бланш и хидроген. Јас порано се фарбав цело време црвена, бордо и виолетова разни нијанси. Ако сакаш некоја потемна боја, се што ти треба за фарбањето ти е во кутијата, освен четка нели, тоа ќе си купиш. Ќе измешаш се во некое канче (јас од еурокрем користев :D) и со четката ќе си нанесуваш по коса. Ќе си ставиш и ракавици шо идат со фарбата да не се ушљакаш зошто мене стандард хорор филм ми беа рацете. Исто не замавнувај многу со четката лево-десно, зошто јас најчесто се фарбав во веце и сите пешкири ми беа "крвови" после. Ако имаш подолга коса може да ти се потребни две фарби. Јас поминував со пола, а другарка ми со коса малку под рамена со една. Ја оставаш фарбата на коса толку колку што пишува, ќе си ставиш shower cap дур чекаш, после ја измиваш косата и нанесуваш од балсамот што доаѓа со фарбата. И то би било то. :D
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.137
    Допаѓања:
    174.884
    Пол:
    Женски
    Мм фала! Јас обично на фризер ме фарбаше, али од кога преќина да работи со бои фризерката само стрижи на пола работно време работи ради здр причини, не сум фарбана. До пола се бланширам до пола не и иди надолу градуирано посветла сега пак имам дел шо е посветол па горе сакам да е потемна неќам кон корен да ми е потемна. Проблем ми е, кога мачкаш се познава кај имаш мачкано? Да не излезам апла шарена, негде црно негде медено. :rofl: Ако се познавам мислам дека нема да утнам па некој дел да не го намачкам. Така се тешам. Еднаш мајка ми успеа така да ме напрај. Па следниот ден ојдов дирек на фризер. :rofl: Имам две фарби инаку, долга коса имам. Ме пеца да одам да ме истрижат, ама ме пеца и сама ножицата да ја манам. 8-| Не знам шо ми е денес ама морам да се свестам пред да напрам глупост. :tmi:

    Ама па ако не пробам кога ќе научам. :wasntme:
     
    На ☆P!nselsp!tze☆ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.155
    Допаѓања:
    81.663
    Пол:
    Женски
    Како планираш да се фарбаш не те разбрав, цела од корен или сакаш да има израсток да дојде ко нијансирано?
    Ако сакаш со израсток, тогаш ќе си делиш прамен по прамен, ќе тапираш, па ќе намачкаш фарба и ќе го свиткаш праменот во фолија.

    Најлесно е цела, мене на мокра коса ми е полесно, само си растварам фарба и мачкам дел по дел почнувајќи од задниот дел кај вратот.
    Изгледај неколку видеа, ќе имаш претстава што да правиш и како.
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.137
    Допаѓања:
    174.884
    Пол:
    Женски
    Овој пат цела, обично на фризер ми ја прај пола со бланш, и со тапирање ама сега дел веќе ми е посветол од претходно и не планирам да се малтретирам туку низ цела ќе фарбам. Сепак прв пат сама воопшто ќе фарбам било кој, вклучително и сама. Онака од корен да мачкам праменот до врвот?

    едит. мечка страв мене не страв одам да видам шо ќе напрам. :D
     
  18. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.723
    @theowndemon Ауу, не знаев дека е таква работата, дека тебе ти е пола црна пола плава, како се викаше де тоа не ми текнува ич. :D Јас да сум на твое место не би се фаќала сама зошто можеш многу лесно да се утнеш, па како пресечена да дојдеш, многу тешко ти сама да ја изведеш убаво таа градација. А инаку се познава кај имаш мачкано, ем по бојата, ем од шо ти е ко слепена, "водена" косата. Додуше не знам ни дали точно те сфатив, тоа ли сакаш да го направиш? Горе да останеш црна и после градација во плаво? Ако ти е таа намерата, ти препорачувам поарно отиди си на фризер друг и да те среди убаво.

    За шишањево не знам што да ти кажам зошто иста сум. :D Ама нас тоа што ни се чини дека рамно ќе се шишнеме уствари врска нема, па после дупла мака ќе имаш на фризер кога уште толку ќе ти ја потшишаат. Затоа како викаат: седи си мадро и... оди си на фризер. :D

    Едит. Сега видов што си пишала, да да чим е таква работата од корен до врв фарбај си се, прамен по прамен и повтори таму кај што сметаш дека треба. Само не се шишај сама :D
     
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.137
    Допаѓања:
    174.884
    Пол:
    Женски
    Уф неубо се изразив. :D Кога се фарбам цела сум медеста во косата, само „омбрето“ надолу ми оди кон посвето медеста. Е сега и коренот ми е одраснат, црн. :D И ми е страв таму на црното да не утнам негде да не не намачкам, и на цела медеста коса, да имам црни прамени во коренот. :rofl: Само од замислата страв ме фаќа. Фактички на новата коса шо одраснала ми е страв да не утнам нешто во фарбањето. Да не промаршам дел да остани ненамачкан. А решена сум цела коса да ја мачкам еднакво. :D
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.155
    Допаѓања:
    81.663
    Пол:
    Женски
    Од корен мачкај си, дел по дел, нема да промашиш. Ако мислиш дека нешто ти останало ненамачкано, стави ја косата во кеса и масирај по скалпот, да се разнесе бојата насекаде. :D
    Можно е само деловите кои ти се посветли да ти фатат на посветло, ама по некоја моја логика, тогаш пак ќе стои убаво зашто ќе биде осветлен и коренот и фино ќе изгледа.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.