Сега незнам дали си реална, понекогаш и ти си саркастична Шала на страна бледо лице иам. Природно, моментално ми е кафена,светла коса. Зелени очи, ако е нешто битно тоа. На бледо лице стои црна коса?
Додека не пробаш нема да знаеш, ама обично ако имаш бело лице, црната коса уште дополнително може да те направи побледа. А потоа е многу тешко да се тргне црната боја, сè додека самата коса не се обнови ќе си имаш мака. Ама можеби ќе ти се допаѓа како ти стои и нема ни да сакаш да ја смениш.
Зависи. На некои преубаво им стои, на некои не. Експериментирај додека е коронава и додека се носат маски
Јас мислам дека ќе ми стои црна коса. Ама од друга страна си викам и природна не ми е лоша. Спојлер: Спојлер Ај просветлете ме
Многу се битни цртите на лицето. Според мене тенот и очите не се пресудни за боја на коса. Јас 4 години запната бев црна да се фарбам имам светло лице и премногу изразени плави очи ама се откажав дека нема да ми стои имам многу нежни црти на лицето. Црна боја на коса најубаво би стоела на некоја женска со остри црти и ако има темни веѓи. Освен тоа ќе треба секој ден да се шминкаш. Јас би одела нијанса-две потемна од мојата чисто онака да се задоволам за потемна коса. Ама ако се исфарбаш имам читано по темиве мака мачат да ја извадат црната фарба.
Да. @edna_malecka светла ти е сега и со 1 или 2 фарби (зависи од должината на косата) ќе ти се офарба цела црна, ама после за да ја осветлуваш долго време ќе оди.. Ако толку сакаш темна, стави си некоја темно кафена, или купи си колор шампон и таман 1-2 недели ќе ти стои бојата па ќе одлучиш дали ти се допаѓа или не за трајна.
Колор дефинитивно ќе и реши дилема дали да се фарба или не. Јас заборавив да пишам дека ставив црн колор шампон на Викторија марката е и кога се видов ко гавран гавраносан одма трк у веце и со 10 шампонирања ми падна бојата.
Јаа имам користено колор шампон на Палете. Е сега мојата беше црвена и направив грешка што купив само едно пакетче а долга коса. Добив само црвен сјај кој пола падна после првото миење. Ама ми се допадна.
За црн не знам Ова кесичкава на Палете околу 70 денари беше, ама малку е една ако ти е подолга косата. и ја има во ДМ.
Јас да се умешам, вака ко што те гледам по мое мислење си мн нежна за црна коса. Ако веќе сакаш промена мислам подобро ќе ти стои посветла, прамени нешто такво
Добро луѓе да ве прашам, на фризер со 12% хидроген ве фарбаат, за плавуши прашувам, последниов пат како пола коса да ми падна од фарбањево,???