Ја имам читано head and shoulders шампон со толчени таблети вит ц ја вадела црната боја. Нема да ти наштети сигурно. Или најдобро на фризер да одиш ќе најдат чаре
Не сакам да се фарбам моментално, само сакам да го отстранам црново. Да беше фарба на фризер ќе ми земеа 2-3 илјадарки за деколоранти и ќе ме средеа, ама дека е кна може џабе парите да бидат.
Мислам дека ќе мораш да чекаш да ти израсне. Јас имав на повеќепати ставано црвена к'на и иако со миењата опаѓа дел сепак не е целосно. За црна уште повеќе останува, од тоа што имам видено. Кога ја кратев косата од долга на кратка, после 8 месеци без одново ставање на к'на имаше разлика меѓу горниот и долниот дел од косата. Не е к'на како колор шампон, навлегува во влакното и не е туку така за измивање.
@Fallen.Angel јас користев црна кна и кога и реков дека сакам плава да се фарбам а имам кна ставано, немаш појма како ме искара , ми рече што ти требало кна да ставаш.. и ништо се шишав до уши па ме направи како што треба. А си имав долга убава коса. Среќа до пола беше израсната мојата коса бидејќи во бременоста не се фарбав , инаку ќе немаше ништо да менувам Мислење женски , косава уште не ми е исфарбана како што треба, на места каде што била бланширана и каде што е ептен оштетена не фаќа бојата т.е. се измива брзо. Закажав за шишање па дали е подобро прво да се шишам па фарбам или обратно
@Annath @Cosmi а колку таблети витамин Ц се става? И дали може истиот ден да се фарбам или да почекам неколку дена, на немиена коса да се фарбам? Јас се фарбав црвено, ама почна многу да ми паѓа. И последно, пред 3-4 недели ставив црвен колор шампон. Сега ми е избледена, помешана со мои прамени темно кафеава, а на врвовите некоја бакарна боја. Сега купив на Палете, кафеава (немаа многу избор) и сакав денес да се фарбам. Би фатило нешто од бојава или да купувам друга?
Јас ставив 20 таблети, еден мал дел остана неосветлен, пред следното миење него го средив со десет таблети. Мислам дека ќе ти фати кафеава, барем оваа што ја имаш, кај мојата би фатило, си ја знам косата. Ама ќе имаш црвен сјај да знаеш. Од него тешко ќе се ослободиш.
Фала ти. За сјајот знам дека ќе имам мака, ама не можам со црвенава Си бара често фарбање, а ми испопаѓа косата. Ќе пробам со фарбава, па ќе правам пауза од фарбање. А таман до лани ја имав осветлено, имав скоро плава боја. Ама пуста желба за црвена
И јас сум со тој пусти мерак уште од дете за црвена да се фарбам. Конечно се решив и земав махагони нијанса, не баш црвена, па ме интересира од црвена на кафеава за колку време се врати, дали ти фати бојата од одма или некоја друга нијанса доби? Однапред прашувам доколку не ми се засвиѓа црвенава
Останува сјај црвенкаст која и боја да се префарбаш. Јас црна се офарбав од црвена и сјајот остана се додека не го ошишав тој дел.
Првпат сега се префарбав кафеава. Ама знам дека долго ќе трае сјајот. Пред 13тина години бев фарбана црвена, ама потемна нијанса и верувај многу долго го имав сјајот. Баш како што пиша и @koritsaki се додека не ја шишаш косата. А јас пак претходно плава, уствари пола ми беше подникната мојата темно кафеава И сега многу сакам да се фарбам пак исто, ама знам дека тоа би можело со бланшови, фарбања на фризер, а многу ми паѓа косата. И така сега ќе си чекам да подникнува, да ја шишам па да се фарбам друга боја.
И јас пред 2 ипол години ја имав офарбано црна со кна и по stubborn и по невозможно нешто за вадење од тоа нема. Еднаш и никогаш повеќе. Ништо, ќе мораш да почекаш да ти порасне. Јас годинава конечно целосно се оттарасив од него и конечно можам да експериментирам со разни фарби.
Девојки, веќе неколку месеци се фарбам си црвена боја на коса, ама планиран веќе да не ја фарбам да ја оставам да одмори 2 3 месеци па да ја направам плава она како платинум плава со бланш на фризер, ќе ми се покрие ли црвеното скроз?
Со тие фарби што биле околу 700 денари?! Прочитав некаде дека и многу ја сушеле или оштетувале косата. Имате некоја такво искуство?
Да, но се многу штетни. Не дека се друго не е, но за тоа деколорирање сум слушнала дека многу ја оштетува косата, затоа не ни и напоменав на членката