Ама зависи и до самиот деколорант, веројатно имаат јачина, а зависи и од влакното. Консултирај се со фризер, некој подобар, ќе те упатат за најдобра опција. Ако сакаш да вадиш црвена боја, мене ми рекоа сега дека не може, туку морало со вадење прамени и нијансирање постепено.
Има разлика од влакно до влакно, некому штети, некому не. Ете мене лично деколорантот ми ја уништи косата, се претвори во крпа за прашина, едвај си ја средив косава, и уште не е ко што беше.
За бело сиви тонови, која фарба е подобра, лореал или кене? Имам темно смеѓа коса со црвенкаст пигмент, а сакам да ми фати бела.
А која е подобра и поубаво ќе ми ја осветли за почеток, т.е. коренот и колку постотен хидроген да земам?
И двете линии се убави, можеби изборот би зависел повеќе од тоа каква нијанса сакаш да си одбереш. Color naturals имаат прекрасен регенератор, ама мене некако повеќе ми легна Color sensation. Приметив дека не ми ja жолтее косата, a со претходната (која беше од Color naturals) ептен брзо се губеше свежината на бојата. Дали било случај само со мене не знам, но еве искуството ми е ова.
Мала помош. Ја фарбав косата copper црвена неколку месеци и сега не можам да се ослободам од портокаловово, не ја сакам веќе бојава. Ставив светло кафена/темно плава фарба ама ништо не покри (знам дека направив глупост бидејки беше многу светла за да покрие). Кажете ми некој тонер, некаков си purple/blue/silver shampoo зошто каде и да читам само за убивање на жолто има, но никаде за портокалово.
@Cinnamon Bun Има за портокалово на Fanola , no orange се вика. Инаку , да не мислиш за црвениот отсјај ? Зошто по покривањето на црвената боја со било која фарба , останува сјај црвен што не се покрива со ништо. Јас црна се фарбав и сјајот се гледаше над црното.. и беше се така додека не ја ошишав косата[/QUOTE]
[/QUOTE] Паа да отсјај, ама ке прејдам и преку тоа само нека е кафеава. А можеби и ке направам bleach wash, па да се тргне сјајот и да остане само таа портокаловка боја од бланшот, па после полесно ќе е, било да е со тонер било со фарба само. Мислам дека така би било најдобро за да го тргнам сјајот. Знам дека само бланш му е мајката хахахаха.
Дали може да се постигне ист или сличен ефект со фарбање наместо со бланширање? Смачено ми е да ја бланширам косата, премногу ја изгорев, а баш дека сега сакам скроз од корен да ја сменам дали би можел проблемот да е решен само со фарба? И дали помалце се гори и оштетува косата од фарба?
Помалку се оштетува косата од фарба. Бланшот е јак, јас на места каде што имав уште ми е како посува. Секогаш би одбрала добра фарба наместо бланш.
Ако станува збор за плава коса, за жал не можеш без бланш ништо да направиш, колку и да е добра фарбата
Здраво, нијансата на косата ми е ваква, но решив да ја фарбам со кене фарбите плава, со тоа што, сакам да направам комбинација од две нијанси. Имам и седи влакна и црвенкаст сјај, па некоја поискусна блондинка, која ги употребува овие фарби, да ми посочи кои две нијанси да ги земам. Сакам да ја направам бело плава, но да не употребам воопшто бланш. Знам дека е тешко да се постигне тоа, па си велам сепак да пробам да добијам нешто што е најслично на посакуваната боја.