Пените од лореал се навистина многу квалитетни бидејќи користи една моја познаничка дознав дека се околу 900 ден =( исто така има и пена сл на оваа од wella и ако некој ја видел некаде нека пише. бај д веј повторно ке прашам дали преливот ја гори косата? каде да го најдам? колку чинии? какви бои има ? =)
ejjj има секакви. и руси, и кафени нијанси, и црни. јас ја имав оваа купено : и ми излезе потполно истата боја на кутијата . бев ваква јас имав две кутии и две не ми стигнаа. едвај некако. ама за потполен ефект ќе треба уште еднаш да се префарбам. ама некако 850 ден. не ми се даваат пак
а дали оваа фарба има амонијак посто на самата амбалажа не пишува дека нема па затоа да не ја гори косата пошто кастингот се без ама ови сублине многулесни се за ставање као шампон барем така пише на упатството а сварно ти искочи истата нијанса и колку трае бојата,апретходно ја имаш фарбано со некоја друга посо мене не мие фарбана а сакам да ја земам chocolate iced pa нeзнам дали ќе ми фати од прва иза средна должина некаде испод раменици 2 пакување ке ми требаат ај пиши што знаеш фала
За сите испраксирани плавуши.. Како да добијам светла нијанса на косата, нешто слично на сликите подоле меѓутоа сакам да избегнам портокалови нијанси или било што би наликувало на морков. До сега 3 пати се фарбав со тоа што основата ми е светло кафеава, прво се шатирав али прамените беа многу сиво-бели па право ми ја удрија фарбата и излезе некоја интересна медово-карамел нијанса.. Наредното фарбање беше стриктно на карамел али за жал на коренот ми излезе мнооогу жолта и едвај чекав да ми падне! Е сеа последно шо пробав ми беше Сајос (6-8 нијанса) и што знам.. не ми дели многу од природната боја а сум изгорена по плаво!! ... Од цела тема шо ја исчитав, генерално најмногу фалени беа Лореал, Ревлон, Кене... е мене ми ја спомнаа Еволушн и сеа се мислам меѓу таа и обичната на Лореал (т.е непенливата верзија ) .. Прочитав дека за плавушите е потребен појак хидроген т.е 9% и нагоре. Колку е ова точно ??? Сакам бојата што ќе ја добијам да не биде типично жолта или карамела како што ми е сега, нити премногу сива а сепак да ја осветлам.. Има некој идеа како да го постигнам ова ?
Мене моментално ми е баш ваква како на сликата потполно иста нијанса, ама да бидам искрена оваа боја мене ич не ми се допаѓа.Ја опоравив со Лореал , од нивните фарби презадоволна сум ама сакам сега уште малце да ја осветлам и таман да ми дојде како што и ми беше порано. Арно што се спасив од темен и црвеникав сјај, ама сега и од оваа боја сакам да се спасам. Се мислам дали да ја земам оваа на Сајос гледам многу ги фалите.Секако нема да ми излезе толку светла, само да си ја осветлам малце и таман како што сакам да ми дојде.
Купив две на Палете, мидл браун и ќе се шлакам сама викендов. Што е најлошото што може да ми се случи ??
Е баш убаво нешто се случи. Темно чоколадо испадна бојава, ми се свиѓа, за промена е супер. Нареден пат ја зимам чоклет браун на Сијос.
Кога друг пат ќе кажат дека трудни жени нетреба да се фарбаат јас ќе потврдам Не од некои медицински причини или суеверија, туку најклутурно си купуваш стандардно црвена фарба а на коса ти излегува темно црна Немам што друго да правам освен да се насмеам, а не се фарбам прв пат во теков на бременоста но еве сега изгледа хормоните ми се збунети. За да не биде се така црно, мм вика вака сум била уште поубава
Здраво, јас сакам да прашам нешто околу колор шампоните за бојадисување на косата,дали има некој убаво искуство и со каков шампон?
Феминки, има ли некоја од вас искуство со фарбите Субрина? Колку се трајни, колку ја оштетуваат косата? Јас сакам следново фарбање со нив да пробам, цената е доста поволна, ама повеќе ме интересира квалитетот.
Епа епа - лепа шаргарепа! Си се фарбав јас самоволно со Лореалот кој претходно го фалев, sublime mousse 70 односно и сега не сум таква туку сум ваква Спојлер Што знам во што настана грешката. Ама ми се допаѓа и оваа нијанса, ми стои, башка поесенски и поприродно делува па мала промена не ќе ми е на одмет. А пофалби за фарбава, многу лесно и едноставно се нанесува, брзо, конечно не морам да се мачам и да ги мачам луѓево околу мене да ме фарбаат затоа што да признаам - со долга коса е потешко за самофарбање. Е сега бојата што ми е малку утната, тоа е друга работа Ќе ме среди фризерот мој кај и да е
Jaс имам користено субрина,и би ти ја препорачала секако да ја земеш Мене лично,ептен ми одговараше,не ми ја оштети воопшто(баш знам тој период толку фарби менував дури и се чудев на косава како ништо не и станува),и ми траеше бојата прилично мислам дека со оглед на тоа што ми е црвена,а она паѓа најбрзо И,плус највеќе што ми се допаѓаше е деф.тоа што добив некој сјај,што до сега не сум имала воопшто (сега,сето ова ти го кажувам од мое лично мислење,и како беше кај мене,па сеа секој своја прича си е ) * највеќе впечаток ми остави оваа фарба,и пак сум во план да си ја земам некогаш
Eдинствената нијанса од овие на Lореал која би ми одговарала е оваа - кафена со многу убав црвеникав сјај, баш таква каква што сакам и во план сум да ја пробам следниот пат. Но, дали овие содржат амонијак или не? Гледам, но не догледувам очигледно, зборот ми е - дали се барем помалку штетни од обичниве фарба + хидроген? И дали некој ги пробал оние природни фарби врз база на пченка и некои др.растенија, ги има во Голден Роуз на Рекорд, околу 450 ден?
Вчера ги глеав Сајос во Рамстор.Се мислам меѓу неа и Кеуне.Ретко се фарбам сама,повеќе на фризерај,ме фарба со една грчка фарба која мн ми се допаѓа и трае бојата ,ама сега не сум во можност да отидам .Сакам да добијам dark brown нијанса
НЕ содржат амонијак! Што ви е бре денес на тебе и Лудото со ова болдираниве зборчиња? Многу драматично звучите ОК, доста беше офтопик, не содржат, без гајле, не се штетни, Хубаво мирисаат, преХубава е негата на крај, премногу едноставно се нанесуваат - ко шампонче, и така. И хубаво да се искарате на морето! Како ли веќе збореше тој од Балканкан. Него сериозно, супер е пенава, ама ете мене бојава не ми се погоди. Место бледо бакарно-пепелнаста каква што ми е нормално бојата со години излегов темна - односно нешо као посветла кафеава. Не е лоша но не е тоа тоа што го сакав Ич донт бери гајле, пробај ја.