Фала ти, а ги има таму и фарбите на кене и ако да, случајно да не знаеш која цена се? Инаку некаде по форумов, прочитав дека хидрогенот на кене е одличен во комбинација со фарба од истата марка.
Девојки, од каде ги купувате фарбите на Фадиам и по која цена? Ме интересира и споредбено со Кене, од плаво-белите тонови, која е поубава фарба?
Јас еднаш се фарбав со кене и резултатот беше исто како да не сум се фарбала. И колешка ми имаше исто искуство. Иако се работеше за потемни нијснси. Не би ја купила пак.
7 Јас таква нијанса добив со фадиам фарбите. Најсветлата нијанса со сив тон и хидроген половина 9%, половина 12%. И мојата коса е темно кафена со црвенкаст отсјај, а нијансата ја имам постирано во едно, две мислења под твоето. Инаку, можеш да пробаш и само со 9% хидроген, би требало да ја добиеш посакуваната нијанса. Ја имам користено и еволушн 11.11, ама многу брзо ми пожолтуваше. Од сите до сега фарби што сум ги употребила, од фадиам сум најзадоволна и како нијанса и како трајност. Ако се одлучиш за истата, моја препорака е да земеш млечен хидроген од истата фирма. Сега сакам да ја пробам кене, па ќе пишам искуство. Исто така, ќе ти биде потребен и виолетов шампон, бидејќи многу помага за одржување на нијансата.
Женски препорачајте ми шампон за фарбана коса и маска за потхранување на коса дека ми е бланширана па сакам да ја одржувам во што подобра состојба? Некои кои би можела да ги купам во дм
Ревлон one шампонот и спрејчето за коса се врвни. Спрејот го има во дм (меѓутоа поефтин е по фризерскиве салони), а шампонот мислам дека го нема во дм, ама двете можеш во комплет да ги земеш од Бјути бар во центар (до екс Вулкан), во Мој фризер Мими, исто мислам дека ги има. Ако се одлучиш за нив, нема да згрешиш. А доколку ти треба поефтина варијанта, добар е шампонот Пантен (рипер&протект) и златната маска на Пантен. Се надоврзувам на претходното мислење. Го офарбав коренот со кене 1517 со 9% хидроген, 1:1 и не добив бела нијанса, но затоа сега имам потопла плава боја и задоволна сум како ми стои на ликот. Можно е да пожолтува со секое следно миење, меѓутоа ќе ја мијам со виолетов шампон и се надевам ќе успеам да ја одржам. Прв пат ги користам овие фарби. Плавушите што користат кене фарби, ги замолувам да ми кажат на колку време е препорачливо да го фарбам коренот?
Девојки, имам потемна кожа и темно кафеава коса. Сакам да направам некоја промена со косата, да ја сменам бојата. Каква боја мисите дека би одговарала на потемна кожа?
Вино црвена @..barbie.. ако си го фарбала коренот без претходно бланш да ставиш, секоја фарба така ќе ти фати. Штом си задоволна како ти стои , одлично тогаш. Јас 6% додавав во фарбава хидроген. А на 15 дена фарбав корен
За да го неутрализирам жолтилото на коренот, кое ми се јавува како ми се мрси косата, дали следен пат кога ќе фарбам корен да ја измешам 1517 со друга фарба на кене и која или е подобро да се задржам само на тоа бројче? Или пак, да ставам два 9% хидрогена на една фарба како што пишува во упатството? Сакам за 5 месеци, да вадам прамени на коренот, а во меѓувреме него само да го фарбам. Многу ми е оштетена каде што е бланшот и ми паѓа, затоа сакам да ја одморам од бланширање некое време. Гледам дека многу се разбираш, а и бојата која си ја постигнала, ти е феноменална. Многу ми се допаѓа. Благодарам.
Ако ставиш два хидрогена во фарбата ќе ти излезе количински многу па така ќе ја фрлиш фарбата на крај , не мора два хидрогена да ставаш , ништо нема да смени. Тој дел кај коренот секогаш е потемен од останатиот дел од косата бидејќи не е бланширан. Која било фарба да ставиш и кој било хидроген исто ќе биде. Ако си задоволна јас мислам најубаво да си останеш на тоа бројче од фарба и тој хидроген. Така е најубаво , на неколку месеци да вадиш прамени и така ќе си ја одржуваш бојата , а во меѓувреме фарбај корен. Фала ти , ама јас веќе три месеци има како ја сменив бојата не сум веќе плава , макотрпен беше патот до плавата и за мене беше тешка за одржување кај имам јас слаба коса па уште сакав да ми биде бела и ми се оштети премногу , од честото ставање на бланш
Жени ве молам за совет, на мојата природна темна кафена боја се фарбав сакав посветла кафена.осветлена е ама сјајот на сонце ми испадна портокалов, каква фарба да ставам за да го нема тој портокалов сјај? или да не се мачам да се исфарбам пак темна, на фризер не ми се оди. гледав на хаир шоп шампон против портокалов сјај ама 850 ден е , некако ми е скап. дали има негде нешто слично да се најде против портокалов сјај?
Прамени со бланш, па одозгора посветла фарба или светла фарба бела со виолетов или сивкаст пигмент и 6% хидроген. Се зависи од твојата боја. Првата опција на физер, а за втората можеш дома да пробаш, ама не знам како ќе ти излезе бојата. Јас кога носев некоја посветла нијанса од мојата природна кафена, ги користев фадиам фарбите и фадиам хидроген 6% и бев многу задоволна, мислам со 12.1 се фарбав, најсветлата плава боја од каталогот.
Девојки со која фарба може да се добие ваква сива боја на бланширана коса? Дали можеби со Wella 0/11?
Од беж плава со некој златен сјај сакам да ја направам средно кафена. Е сега пошо коренот ми е потемен од врвовите ме интересира дали многу ќе двои и дали со миење ќе падне многу бојата? @koritsaki или било кој со искуство, хелп. Да знам што да очекувам
Уште одамна сакав и гледав ама никако да се осмелам. Не знам дали ќе ми стои и ми е страв да не ја оштетатам. Имам темно кафена коса и светла кожа а сакам да направам нешто како балајаж да и дадам светли прамени. Дали би можела да направам дома нешто со фарба без бланш? Фризери некако многу зимаат а после не знам дали ќе ми се свиѓа