Оваа ми е бојата на косата што ми е моментално, коренот веќе почна да ми подраснува (таква ми е шарена бидејќи секогаш со различно бројче фарба се фарбам) Спојлер Сакам да сменам малку бидејќи секогаш ми е плава, сакам да се направам вака Спојлер Бидејќи надолу ми е бела косата секако, претпоставувам само коренот ќе ми го прави со потемна боја. Прашањето ми е, дали доколку отпосле ќе можам да си ја вратам плавата боја само со фарба, бидејќи никогаш немам ставано бланш, не би сакала да ја оштетувам дополнително. Не сум сигурна колку ќе можам да се привикнам со потемен корен, па морам да си имам опција да си се вратам на старо
@pamelche, нема да може да ја вратиш повторно плавата боја после само со фарба. Доколку одиш на фризер, може наместо фарба, да ти стават само некој сиво-смеѓ прелив. Меѓутоа, ако веќе одиш на фризер, подобро да го осветлиш жолтово, наместо да го покриваш.
Жолтово ми е од грешка бројче на фарба, и оти почна да ми подраснува а природно ми е смеѓа, ако се префарбам сама со другата фарба ќе ми биде бела, одма ми фаќа. Јас сакам потемен да го направам коренот, за осветлување не е проблем.
А каква ти е природната боја на коса? Може да направиш потемни прамени, слични на твојата природна боја, за после кога ќе ја фарбаш плава, да не се познава ко пресек. А вака со прамените нема да изгледа ко да е подникнат корен, туку баш ќе дојде ко на сликата што си ја постирала.
Природната ми е нијанса потемна од сликата што ја постирав како сакам да ја направам. Значи да кажам само прамени да ми извади смеѓи и сиви, после може да си се префарбам ако не ми се допаѓа.
Сакам да пробам со колор шампон да се исфарбам, да ми испадне накај темно црвена косата, бордо некоја таква нијанса. Пред некое време пробав ама не ми фати убаво и испаднав малце портокалова. Кажете ми на оваа моја боја на коса, каква боја да земам шампон за да го постигнам тој ефект?
Види со Кастинг на Л'Ореал, Cherry Red нијансата. Тоа секако не е фарба, колор крем е. Има баш таква бордо нијанса, ама не знам дали би ти фатила баш како што сакаш, мене ми излезе баш темна црвена, бордо, па ја осветлував. Со обични колор шампони не знам дали би ти фатила убаво на твојава боја.
Здраво девојки Од која марка на боја сте задоволни? Битно ми е да не е многу агресивна да не ми ја оштети косата, ионака имам тенко влакно склоно кон расцветување и сушење. По препорака на фризерката ја зедов гарниер колор сензација ми рече дека не е многу агресивна дека е послаба во однос на другите фарби. Ја ставив два пати до сега, но многу ме чешаше и печеше скалпот и ми се направи првут. Очигледно не ми одговара. Некоја друга фарба слична на оваа што не е многу агресивна?
Природната боја нанкоса ми е ваква На мојата природна боја бев шатирана вака. Во моментов ми е порасната многу и фактички горниот дел ми е природна, а втората половина останато ни е шатираното. Во моментов сум на ум да се фарбам црвена, ама незнам дали д аја мачам косава, дали има шанси да ми фати јако црвено (не сакам темно) на оваа комбинација. Секако наредна фаза ќе биде шишање зошто не сум научена да ја носам долго време долго, најчесто сум кратко шишана. И која фарба би ми ја препорачале? Сакам некоја од овие нијанси Дали има шанси да добијам нешто слично на овие во домашни услови?
Јас се фарбав со Еvolution Red booster, со тоа што ќе треба и да си купиш хидроген посебно. Ако ти е кратка косата како на сликиве мислам дека и со половина од фарбата ќе се исфарбаш. Исто, овие се доста фалени live, ги има во ДМ. Изгуглај слики ќе видиш резултати, мене ми се допаѓаат. Инаку да знаеш дека нема вадење на црвенава после, сјајот и останува секогаш. Ама чим рече дека ќе се шишаш после, немаш гајле
Бев на фризер и не ми ја направи косата како што сакав, сега дали на ова ако ставам плава фарба ќе ми фати или ќе мора да ја бланширам? Не мора да ми испадне плава, туку само барем да го осветлам некако.
Zdravo devojki sakam da se ofarbam crvena sega e mojata prirodna boja na kosa kafeava- malce svetla, pod ramenici, no nesakam mnogu da ja oshtetam vo salon so balanz pa potoa farba mnogu mi e nekako isto taka nesakam pa pak da probuvam sama doma i da izleze za nigde imate li nekoja idea kako bi mozhela da ja napravam seakako da ne ja ostetam mnogu vo salon.
Луѓенца ај кажете салoн во Скопје што работи со schwarzkopf professional или revlon professional и од таму да си купам фарба
Ќе можеш ли искуството со Еволушн 7.1 и 8.1 да го споделиш? Цела сум бланширана сем 2цм коренот. Отидов на фризер ми ставија многу темна фарба, наводно 6 но претемна ми е. Доколку не паѓа ќе ставам вит ц па сакам со овие фарби да се исфарбам. Мојата е некоја измеѓу 7 и 8 и си каста е. Нема црвен пигмент воопшто
Јас ги користам за да претопам корен со бланшираниот дел, двете се доста сиви. 7.1 е потемна, како кафејава изгледа, а на бланшираниот дел има тенденција на зелено да мава со тоа што ќе допре до таму пошто не ја ставам на цела коса. 8.1 е како сивкаста потемна плава, прилично е посветла од 7.1. Само ни едната ни другата не сум ги ставала на цела коса туку само за претопување со коренот. Ги користам со 3% и не ги оставам мн на корен пошто ќе го пожолтат.. ако ме сваќаш. На природна темна коса не е доволно темен тој пигмент и само ке осветли безврска од хидрогенот. Инаку и двете паѓаат со тек на време ама седат околу 3 -4 недели. Едит: не ти ја препорачувам баш 7.1 за цела коса пошто ти е бланширана основата искача на зелено и некако старски штознам, малце мртва боја е