Во Тинекс ги има и моментално се на попуст. Прошетај ги, сигурно ќе го најдеш бројот во некоја продавница.
Светла боја ти падна од лимонот? Се фарбав плава, ама не ми стоеше, па ја префарбав темна, испадна џинџер. Уште три пати темна смеѓа се фарбам, ама џабе е, паѓа темната бојата и пак џинџер е. Ако не да цедам лимони во шампонот.
Бивши плавуши на темава, малку помош ако може Сега си фурам асиметричен боб, каде едната страна е прилично кратка. (Не дека фризурата е нешто особено битна за муабетов,ама колку да имате некаков контекст). Плава сум, и тоа прилично светла. Косата ми расте прилично брзо, што е супер зошто есенва трагично си ишишав шишки но од друга страна, коренот почнува опасно да ми се познава неполни три недели после фарбање. Не ми се свиѓа, ме нервира, неуредно си изгледам сама на себе. Е сега на мисла сум ова што е плаво да го оставам ама да почнам само коренот да го фарбам со некоја друга, потемна нијанса и полека да ја затемнам косата. Не сакам да ја пуштам мојата коса, зошто е прилично темна ама би сакала да имам посветла боја но кај која нема толку да „вришти“ израстокот. Прашањето ми е, дали може директно да почнам да го фарбам коренот со друга боја или фино-лепо да си закажам на фризер па на фризерката да и го комплицирам животот? Исто така, која боја би ми ја препорачале? Карамел, медова, лешник? Да е доволно светла а да не е кафена
Најубаво ти е да одиш на фризер да ти ја изнијансираат косата и да ти го направат коренот потемен. Така нема да се познава преминот од посветла кон потемна, ќе има градација и подоцна кога ќе ја фарбаш убаво ќе изгледа. Во секој случај барем на консултација оди, дома тешко дека ќе успееш сама да се исфарбаш а да нема остар премин од темниот корен до свелиот остаток од косата.
На фризер да одиш. Мојата беше плава бланширана, и со жива мака ја затемнив, ми нанесе кафена боја со црвен пигмент (останатите нијанси може да направат непосакувана зелена нијанса) и за брзо време почна да се измива. И на секое фарбање брзо ми паѓаше бојата , а ја фарбав потоа црна. Се познаваше жолтото на сонце па ја скратив доста кратка мораше така поради бланшот. Ти посакувам среќа
имам омбре плава коса, природна ми е кафеава меѓутоа сакам да си ја вратам природната боја ,според вас фарба за коса која е најдобра
Некоја потрајна боја? Се фарбав со еволушн, на прво миење по фарбање доби црвен сјај, а земав ash подтонови
3 или 6 процентен хидроген е подобро за фарбање кафеава? Сакам следно да ставам 3ка ради помало оштетување