На нет пишува темна со 3 а ако сакаш лифт од 1 до 2 степени тогаш 6, па затоа прашав искуства. Не еум пробала, со еволушн се фарбав (7.1 и 7.21) и на прво миење излезе црвен сјај и исктено не можам да ја гледам. Мислев следно да ставам 6ка и 7ца ама од која фирма не знам
Кога косата ти доаѓа во контакт со хидроген, секако дека порано, или подоцна светло кафеавата нијанса ќе почне да оди накај црвено/портокалово. И на другарка ѝ се случува, а она ептен ладен тон на природното влакно има. Колку послаб хидроген, толку помалку ќе се познава, само 7ца може малку потемно да ти фати со 3ка, отколку со 6ка и зависи твојата природна боја колку е светла. Е сега, колекцијата You на Keune, има опција во шампонот да ти додаде Cool Brown еликсир. Доаѓа ко силвер шампон за кафеави коси. Ако знаеш некој фризер што соработува со Keune, прашај. Конкретно ги спомнувам нив, бидејќи само за нив знам дека го имаат ова, не сум го видел од други брендови.
Пробај со друга, Игора Ројал. Скапи се, ама добри. Јас имам користено едни грчки професионални и ги зимав од кај фризер. Затоа прашај и земи од таму, ќе те посоветува која бројка и фарба
Мене одлично ми факаше еволушн 7.21 ко ниту една друга ни приближно. да не ти е изменет пигментот на влакното поради бланширањето?со 3% секоја боја многу потемна ке ти излезе.Да пробаш кеуне 6.19 ?
па не знам, ама еве мојот корен што не е бланширан така излегува, исто и со плава од еволушн коа се исфарбав по едно миење исто ми излезе плавото и стана портокалово еве и сега. во космо продаваат исто некоја фарба ама ич не знам како се вика кене да не ја сушат многу? приметив и после оваа ми е посува косата иако се исто од нега го користам игора се на шварскоф? првото фарбање ми беше на фризер, поспоро паѓање ама пак доби црвен сјај мојот корен, а бланшираниот златен
Пoагресивни се кене,да.Мене ме пржеше главата од нив. ти изгледа сепак имаш портокалов пигмент штом кога се испираат добиваш таков тон,со чиста бројка пр.6 нема да добиеш ладен подтон,мораш да бараш со ,.1 .12,.21 или мат.19 .17 Во космо имаше тренд ап и лорвен мислам. е тие не сум ги пробала.
Препорака за црна фарба за коса со понормална цена? Косата ми е темно кафеава моментално и сакам скроз да ја оцрнам. И да, колку време би стоела одприлика без да падни бојата? Иначе ваква нијанса би сакала да испадни.
Црна боја не се вади така да размисли два пати пред да се офарбаш.. После мора со колор римувер или со бланш да ти ја тргнат. Инаку за препорака немам, не сум се фарбала Ама мислам дека што и да земеш ќе фати.
Здраво. Сакав да ве прашам, јас имам кафена коса не многу темна. Ставив црвен колор шампон, тој се изми ама косата ми има некоја чудна не многу убава нијанса на црвено и секако црвениот сјај остана. Сакав да го покријам со кафена фарба исто како мојата нијанса. Но многу ме пече мене хидроген дури неиздржливо. Дали ќе фати ако ставам на коса само од фарбата, без хидрогенот. Се надевам добро објаснив.
Нема. Фарбата се активира со хидроген. Стави витамин ц со хед енд шолдерс ќе излезе сјајот од колор ш.
Pretpostavuvam mislish na vit.C tabletite pa da ja isitnam ili da baram vo forma na prashok?? Moze malku glupavo prashanje ama ne sum dovolno informirana
Miss magic таа фарба за цена боја е најубава а и фарбата е многу ефтина , 100 пати подобра е од Гарниер или палете. Мајка ми се фарба баш тоа таа боја имаш и обична црна и црна со као син сјај , таа мислам уште поубава е . Еве првава е скрос црна а втората е како со син сјај
Има во ДМ витамин Ц во прав, 100г е 150 денари. Наместо да дробиш таблети, вака е подобро и прилично е ефикасен, јас си ја осветлив косата од темно црвена до некоја нијанса на copper.
@wannaBeMomma можеш да пробаш потема фарба со 3% само на корен да ставиш и немора мн да ја држиш едно 20 мин. Би требало да ти го тргне црвениот сјај. Хидрогенот ти ја осветлил косата а пигментот од фарбата не бил доволен да го покрие. Мислам дека од тоа ти е. Јас 7.1 кога ја користам за да изблендам корен така ја користам пошто ми беше страв ако ставам 6% и држам подолго дека ќе ми направи лифт на природната.