Фризер си? Ај кажи чаре за жолт корен. И покрај бланширање, и тонирање и фарбање црло време е жолт, а надолу бела косата, многу се нервирам
Дајте малку памет овде луѓе... Бев да вадам прамени, и се замачка фризеркава 5 саати ме правеше. Ок. Кога ме заврши на темно се видов и излезе океј бојава. Утредента кога се видов на природно светло ми се плачеше. Сега сакам да направам корекција. Да барам да ме исфарба цела, или пак прамени да вади? Кажувајте чаре ми се упропасти косава, како канаринец сум. Слики: Ова сум ја пред и потоа Спојлер А ова го побарав: Спојлер
Не можам, платив на рака Можеби нема да одам кај неа туку на др место, но не знам што да побарам, фарбање или прамени? Ќе фати нова боја вака? Немам искуство, втор пат правам вака со косава
Па косата ти е помаранџеста. А тоа што си сакала е твојата темна основа со тенки балејаж прамени. За вакви техники не се оди сегде. Така да треба да ти се стави темна фарба и може да се остават прамени и после да се тонираат. А тоа што си платила на рака нема врска, треба да и отидеш и да си ги побараш назад
Некој да ми препорача добра фарба за коса некоја лешник нијанса? Битно ми е само да не мава на црвено/портокалово. Шатирана сум, а последно пред две недели се фарбав на фризер ама појма неам што фарба стави, оставив на нејзе. Сега кога ќе дојде ред да ја фарбам сакам дома да пробам, па тука има поискусни и би била благодарна нешто да ми препорачате.
Јас оваа боја сум ја добивала,со мешавина од,Махагони и ружино дрво.Ама тоа беше во бивша ни Југославија
Да одиш кај друг фризер да те среди, а неа да и ги бараш парите назад. Ако не можела да го исполни твоето очекување требало да ти кажи, а искрено нијансата ептен лоша испадала .
Извини, сега гледам. На колку време го бланшираш коренот? Иако го бланшираш, не треба да чекаш многу да порасне бидејќи делот што не ти е до скалпот, потешко осветлува и со бланш.
Неколку пати сум вадела црна со бланш купка. Осветлува,да,до некоја грозна темно портокалова. Па и ставив чиста 6 или 5 после. Само со бланш купката на крај коренот ке го поминеш и ке следиш цело време.
Као сакам да се фарбам ама незнам каква боја Природната боја на косата ми е темно кафеава, дали ако се фарбам светло кафеава ќе ми фати фарбата ќе се познава, бидејќи не сакам да ја осветлувам со бланш?.
Јавно да ја кажиш која е, и на никој да не му текни да и влези во фризерница, ако не знае поштено е да си кажи, оди кај друг фризер, али егото до плафон наместо да знај до кај и е знаењето и да биди искрена таа те исфарбала по нејзино, не е ни малку слично со она што си го побарала. Битно си ги зела парите. Да одиш кај друг фризер да ја поправи грешката
Незнам дали прашањето е за тука. Дали на темно кафеави очи и блед тен би стоело добро платниум блонд коса? Незнам како да се исфарбам за навистина да ми лежи. Вие што предлагате?