Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бојадисување на косата

Дискусија во 'Коса' започната од magic, 23 декември 2009.

  1. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    25.166
    Пол:
    Женски
    Јас завршувам со плавава фаза,решив пак да се фарбам кафеава, ептен ја оштетив со осветлување.
    И сега сакам да ми препорачате некоја добра кафена нијанса, затоа што имам лошо искуство со кафени бои, се ми излегувале скоро црни..

    Еве вака нешто да ми испадне, не потемно..
    [​IMG]
     
  2. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    [​IMG] Еве оваа,јас се фарбав кога се затемнував од плава и многу убава боја добив.Плус кога се одмива(нели пошто на плава основа е и паѓа бојата)се одмива рамномерно и не се прави шарена косата.А,и фарбава е многу убава и не ја гори косата како другите фарби.Ја има во Космо 390 ден е(како пена е,изгледа мн малечка ама има мноогу,мене ми стигна за цела коса а долга ми е до под раменици)
     
  3. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Ај малку помош тука...
    Косата ми е делумно црвена, т.е имам црвен сјај... Е сега, сакам да бидам red head, баш црвена, без заебанции...

    Ај препорачајте фарба, само да не е Палет или Сајос...

    Оваа нијанса...
    [​IMG]
    вакво нешто...
    [​IMG][​IMG][​IMG]

    И да, логично има врска држењето. За посветла нијанса треба да се држи подолго или како?
    И бланш мора?
     
  4. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски

    Aј да се цитирам сама себе, поточно да кажам искуство со фарбава.
    Мене лично ми се допаѓа како за прв пат. Бојата која ја добив со фарбањето беше супер. (само да напоменам-тогаш менував боја, од темно кафеава накај црна станав црвена, со претходно нанесување на деколорант за осветлување на косата). За разлика од другите марки на фарби кога сум се фарбала црвена, оваа не паѓа толку брзо како нив. Значи, од фарбањето до сега има поминато точно 4 недели. И мене дури пред 2-3 дена почна да ме нервира нијансата (стана онака малку накај кафеавкаста-или лошо црвена), нешто што со другите фарби ми се случуваше после 2 недели од фарбањето. Така што, воопшто нема да се двоумам за следното фарбање кое отприлика ќе биде за 5-6 дена (ако ми заврши циклусот до тогаш). Јас лично за Syoss фарбата и конкретно нијансата Intense Red имам само пофално зборови.

    Gunshine, гледам дека ги фалат фарбите на L'Oreal, Revlon, Keune.....Јас последниве две (Revlon, Keune) сум ги користела, но за друга боја (посветла и потемна кафеава, зависи во кој период :D ). Двете се доста квалитетни, мене не ми паѓаа брзо, но јас ги користев тие што се со амонијак. Било која фарба што е без амонијак паѓа побрзо, нели. Можеш да си разгледаш какви нијанси на црвено имаат, мене лично не ми беа нешто посебно нијансите, па затоа не се одлучив пак за нив.....
    Пролистај ја убаво темава, сигурно ќе наидеш на нешто корисно ;)
     
  5. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    А лореал си пробала? Еве оваа на пример [​IMG]ми личи бојата како таа што си ја постирала.Јас како љубител на Лореал фарбиве се нив ги нудам :lol: а за тоа ако ја држиш подолго нема врска,секоја фарба се држи во просек 40 мин а најубаво фаќа првите 15 така да за посветла,да се држи повеќе мислам дека нема врска.
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601

    Gunshine, јас таква црвена добив со оваа фина госпожа од Гарниер
    [​IMG]
    бројче 6.60.

    Бојата е многу интензивна и трајна и има неверојатен сјај.
    Со која било фарба не очекувај од прва да ја добиеш посакуваната нијанса.
    Со второто или третото фарбање од истата фарба, бојава веќе "ќе легне." :)
     

    Прикачени фајлови:

    На stylishh му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    ^и те замислував ко црвенокоса :rock:
    Од гарниер таква боја??
    A не ти е вади на перница?
    Што знам, мајка ми исто се фарба вака јака срвена-огнена, ама небеше задоволна од оваа, и се вадеше на перница :(
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Не се вадеше на перница, освен кога ја миеш, тогаш пушташе боја нормално и бојадисуваше крпи за коса. :)
    Ќе си одбереш една крпа за косата и ќе си ја унаказуваш.
    Ама и црна боја пушта на пример. Тоа е.

    Јас се изненадив колку долго траеше интензитетот на бојата. Цели три недели на времето со фарбава светев ко лампион.
    Невиден сјај.
     
  9. srekni

    srekni Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво

    :( Вака девојки бев нафарбана плава па сега се нафарбав кафеава темно со PALETE DELUXE 755 па и не ми одговара на фацата и сега сакам да се нафарбам светло кафеава.
    Бев во неколку фризерски студиа за совет да побарам и секаде каде што отидов ми рекоја да се нафарбам со италјанса фарба , италјанските фарби не ја гореле косата и биле најдобри пример
    кеуне ,еволутион ,тренд уп....но за еволутион и кеуне незнам колку како да му ставам хидроген за светло кафеава фарба на коса. сега многу посакувам светло кафеава нијанса ке ве замолам да ми препорачате
    некоја нијанса и колку како да му ставам хидроген..ако имате некоја користено од овие фарби фала однапрет позз
     
  10. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Едно брзо прашање и би сакала да ми одговорите :) имам кафена коса но сакам да ја осветлам поточно сакам светло кафена коса накај смеѓа. Не сакам да користам фарби ниту пени ниту шатирање па сум чула за еден производ од авон како шампон со четкичка служи за осветлување на коса. Дали некој пробал? и дали некој тука работи со авон за да може да ми нарача доколку има во брошурата???? Ако не сте чуле би сакала да знам има ли други начини за осветлување на коса?????? позззз :)
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Ако сакаш најбрзо да ја осветлиш купи 3% медицински хидроген од аптека и стави го директно на косата.
    Сигурно ќе ти осветли, ама ова не го применувај повторно, има опасност да ти се оштети косата ;)
     
  12. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Jас сакам да си ја сменам бојава од црна на црвена,и вчера решив да се исфарбам сама,ама не ми фати убаво,само на корените малку,изгледа ке морам да се префарбувам,ке ја прашам мама бивша фризерка е,ваљда ке знае :D

    Cакав од Loreal Casting да земам ама немаат некоја убава црвена нијанса,сите на кафеаво ми маваат :^)

    Eве ваква фарба зедов и ваква боја сакам :)
    [​IMG]
     
  13. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Цел хидроген се става? колку да отстои? и колку чини хидрогенот.. ? :D
     
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Не знам колку пари е, ама не е скап- го ставаш на косата и не го плакнеш бидејќи тоа е медицински хидроген и се користи за чистење рани, така што не е страшен за кожата на главата, нека ти отстои така, а ти сама ќе видиш дека ти осветлува, па откако ќе ја добиеш бојата, после слободно миј ја косата на нормален начин ;)
    А колку се става?
    Па доволно за да ја натопиш цела коса, за да не бидеш шарена :lol:
     
  15. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Да отстои на пр неколку часа денови или ???
     
  16. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Па околу 30 ден. мислам дека е хидрогенот, а се става околу 30 до 40 мин.исто како и кога се фарбаш
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Чекаме одговор дали функционира осветлувањето и колкаво ќе биде оштетувањето на косата, не не заборавај. :wasntme:
     
  18. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Јас имам прилично проблематична коса , се суши, врвовите и пукаат многу , а не ја пеглам често и стварно не знам кој ѓавол и е . :^) Една другарка ме советуваше да ја офарбам со оние фарби што се без амонијак.
    Пошто не сакав да менувам боја земав боја само нијанса потемна од мојата. Фарбата излегува за 15 миења , а со косата прави чуда. Косата ми стана ко свила . :) Ви ја препорачувам доколку сакате да си ја освежите косата и да смените боја без да ја оштетувате косата.
    Е само, не функционира ако сакате да ја осветлите пошто нели , нема амонијак. :)
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Абе ова со хидрогенот функционира- луѓе така ставаат на влакната за да не им се познаваат толку ( пример надусници и сл)
    Е сега зависи која боја ти е косата, не може од црна да сакаш да добиеш плава нијанса, ама ќе добиеш секако некоја кафеава и ова го имам видено, не го зборам на памет, само постапката повторете ја еднаш-два пати, и почекајте нема магично првиот саат да осветли, треба некое време.
    Јас ова го знам од луѓе кои што имале рани на главата од нешто и нели се мачкаат со хидроген за да се прочисти раната и таму осветлува косата, па после или ставаш на цела коса да изедначиш, или ја сечеш- друго решение нема :lol:
     
  20. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Од гарниер не сум воопшто задоволна, за 4-5 миења ми падна бојата :swear: Е сега сакам ваква боја да добијам на косата па се надевам ќе најдам начин да си ј напраам ваква... :?:
    [​IMG]