Сите би требало да имаат таква нијанса, барај ash или graffiti во името, а бојата не е сивкаста туку плава накај бела, баш онаа бебешка плава. Кога мешам фарби практикувам да бидат од иста фирма, може нема врска само ми има некако смисла. Дали делуваат како коректори не знам да ти кажам. Ова го знам како решение за портокаловиот сјај при фарбањето, обично потемно црно или смеѓо влакно го имаат овој проблем при осветлување.
Јас ја осветлував од темно фарбана, аха мислев за некоја сива станува збор ама всушност мислиш на најсветла плаво / сивкаста
Здр синоќа ставив две ккесичи бланш, само за израстокот горе, ии хидроген пазете 9% е сеа мислам дека со6% ке излезеше чисто жолтеникава..ПА ВАКА ДЕЧКИ ХЕЛП, ми испадна шо испадна портокаловка горе нели, и денес ќе и ставам фарба, фарбаата ми е на schwarzkopf, пепелеста нијанса.. Се си мислам, дека место пепелеста да не ми испадне, жолта сега или црвена не дај божее..Советии? ужасно сум нервозна, понеделник плус нашколо седење со капа хахаа, или кафена на краај ако не испадне и готовоо.
@wannaBeMomma, да, графитот на Еволушн е темно сива боја и се додава една тронка во фарбите. Бројот 410. Ако ја нема во ДМ, или Космо, барај ја кај фризер ќе ти ја нарача. @Mikha4, тоа за кое збориш ти мислам дека е ова harmonizer. Или сепак твоите фарби имаат различна формула од овие на Еволушн и Кене.
Да баш тие нијанси се. Јас ја имам фарбано мојата со посветли нијанси со гарниер и еднаш со палете. И со двете додавав отприлика 1/4 до 1/3 од нијанса како што е 013 на сликата која си ја ставила. Секогаш ми излегуваше точно како нијансата која сум ја одбрала. А кога сум пробувала да ја осветлувам само со една фарба ми излегува тој портокаловиот сјај, дури и кај фризерки ми се има случено.
кај ги има овие и кое ниво плава се фарбаш? мислам ги нема треба да проверам пак. значи ако сакам да ставам 60 мл фарба, ставам 1/3 од оваа и 2/3 фарба? или на тие 60 плус 1/3? на страната на еволушн читав дека плавиот се става за убивање на портокалово
А каква сакаш да добиеш? Јас мислам да пробаш во цела фарба, околу 2цм графит. Многу е пигментирано тоа. Ептен темно сиво да не ти фати. Јас со таа сината ја имам цела коса фарбано, црна ми испадна. Ама овие се такви што со миење паѓаат, па ти се враќа претходната боја што си ја имал.
Нешто измеѓу 7 и 8 со сивкасто неутрален тон. Со бланш купка ја вадев темната и тоа е црвенкасто. Коренот со 8.21 и 9 хидроген ми фати некоја златеста.
Океј, пробај со 1/3 на цела фарба. Со оглед на тоа што ти е црвена, не би требало да ти фати скроз сива. Ама со сивата, не сината.
@wannaBeMomma фарбиве ги има во поголемите маркети околу 70 ден се, инаку сум баш плава, се шатирам 2 пати годишно, а коренот секој месец со гарниер 111 и Ѕ9 комбинирам ги мешам
Девојки помош Имам темно кафеава коса природна никогаш не ми е фарбана , сакам да пробам ваква нијанса како на сликата на девојката ( видов од една тиктокерка и кажа дека со оваа нијанса и фарба и фатила убаво ) дали ќе ми излезе од прва и кој процент на хидроген да користам ?
@wannaBeMomma Повтори ја бланш купката уште еднаш. После на портокаловото ќе ти треба син коректор, за да се корегира бојата.
Размислував на тоа ама ми е страв да не ја изгорам косата, зашто ради тој бланш и фарбање плаво морав кратко да се ишишам. И не знам која фарба да ја земам веќе искрено. Еволушн за темна ми беше супер, не паѓаше и сл. Ама светливе некако не знам..
Можеш уште поблага да ја направиш. Плавите фарби се многу поагресивни од купкава. Јас сум пријатно изненадена од боите Lorveen. Во Космо ги има.