Пробај, мене ми фаќа на Аура copper blonde нијансата, нешто вака е, со 6% хидроген. Во Олиа исто имаше 6% хидроген колку што паметам од времето кога ги користев. Надолу ми е потемна, дали од претходните фарбања, горе ми е посветла. Мојата природна боја е нешто како dark blonde кон светло кафена. На првото фарбање црвена ми ставија бланш, ама оттогаш ми е израснато тоа, повторно не сум ја бланширала. Спојлер
Ти имаш користено плав коректор? Денес ќе земам или тоа или фарба плава зависно што ќе најдам. Читам по нет и не можам да најдам колку да ставам. 1цм ми се чини малце (толку ставив црна минатиов пат и ништо немаше разлика) Извини што те замарам
Ако имаш темно кафена боја на коса,од прв пат тешко дека ќе добиеш онаква боја. Плус во олиата оди 6ка хидроген. Само на фризер онаква боја би ти извлекле, ама мислам и дека и балнш ќе мора прво.
Девојки пред три дена ја фарбав косата за прв пат со 12% хидроген , сега сакам пак да ја повторам со фарба и 12% хидроген за да ми се осветли дали многу ќе ја оштетам или да почекам некое време ?
Која фарба би ми ја препорачале за да ја добијам оваа нијанса? Косата моментално ми е црвена но темно со сјај. И што користите за косата да ја заштитите од фенот за коса?
Може ваква да фати од природна кафеава, без бланширање? Колку отприлика земаат на фризер за фарбањево? Не ми се дава цело богатство ако можам и дома да го направам ова. Ама и нејќам да се зафркнам ептен . Дали брзо паѓа црвена боја и колку често треба да ја обновувам? Дали премногу ја оштетува косата? И после за враќање кон природната, само фарбање со потемна фарба доволно е?
Мојата природна боја на коса е многу слична како твојата и без бланш се офарбав црвена, поточно вишна боја. За на фризер не знам колку земаат, секогаш дома се фарбав. Бојата паѓа да, јас ја обновував на 1-1.5 месец бидејќи и коренот ептен делеше. И нешто што многу ми пречеше беше тоа што бојата паѓаше буквално на секое миење, крпите стануваа црвени. Не знам дали е до фарбата што ја користев или сите црвени фарби се такви. За оштетување не забележав нешто значително.
Која фарба ја користеше? Имам користено порано на Лореал и Сајос само и океј ми се покажале за боите што ги сакав тогаш.
Јас бев црвена долго време, искрено црвената е тешка за одржување, брзо паѓа бојата и треба редовно фарбање. За фаќање од прва тешко да ти фати, ама еве сум јас жив пример од црна коса природна успеав во домашни услови да се направам жиш црвена, ама додека да ми фати црвена на недела-две се фарбав, резултат убав имав после 4то фарбање со 9ка хидроген. За оштетување ми се оштети косата ама не е толку страшно, после со капки и масла ќе си се среди, исто и за враќање на старо само едно фарбање со кафена ми се смени скроз прво ми излезе кафена со црвен одсјај, на второто веќе скроз кафена. Е сега сум во фаза пак да се вратам на црвено, ама некако потешко ми оди од првиот пат, поточно не се фарбам на недела-две за да ја вратам бојата.
Јас успеав да добијам ваква боја, маааалце потемна од оваа на сликата. Имам потемна коса од твојата. Не користев ниту бланш ниту хидроген 9ка. Се фарбав исклучително со 6ка. Бојата не ми паѓаше и на ниту едно миење не ги офарбав и крпите црвени хахаха. Можеби паѓаше со секое миење но не толку многу, и не ми се правеше портокалова туку баш напротив се поцрвена ми идеше. Се фарбам на 2 месеци. Инаку користам гарниер 6,66 и ја мешам со арома колор 07 мислам дека беше но не сум сигурна.
Дали има искуство некоја со плаво,па портокалово па назад во плаво? Со години се фарбам плава, се мислам да сменам на портокалово. Во случај да не ми се допаѓа дали е тежок процесот за назад на плаво...? Еве каква ми е сега и каква сакам да ја правам