Ќе ти треба бланш за да се вратиш назад на плаво. Е сега не знам како ќе биде ако ставиш колор шампон Пример мене ми ја зезнаа косата на фризер , од црна ја осветлував да добијам плава , дојдов до некоја жолта нијанса , и ми ставија џинџер фарба па отидов на друг фризер и ми рече дека зезнале со нијансава што ми ја ставиле и пак мораше бланш да ми стави за да добијам барем некоја нијанса на плаво. Можеш да смениш ама потоа пак ќе мораш на фризер секако
Тешко се враќа. Мене фризерката ми рече дека дури и прелив да ставам, ќе остане малку црвен пигмент. Ако не си сигурна за бојата, подобро немој.
Некој да ми каже просечна цена на фризер, за фарабање плаво? До рамена ми е должината. Ако некој има препораки, пишете ми.
Здраво девојки , ми треба совет како да ги смирам портокаловите/златни нијанси. Си правев прамени само со фарба на фризер пред неколку дена инаку природната ми е темно кафеава. Би сакала малку да ги неутрализирам овие нијанси. Што да ставам?
@wannaBeMomma, што направи со графитот и тегетот што прававме муабет? Јас ставив на прамените и од двете, горе-долу истиот ефект. На портокаловите минимална разлика.
Освен што ми се оштетија врвовите ништо. Никаква разлика. Еволушн 7,1 ставив последен пат брзо падна и сега си ја растам па ќе видам за понатака. Си се шетам сега со некоја црвенкаста светла испрана нијанса
Ако ти е таков пигментот, ништо нема да стивне... Јас така бев омбре и демек со ладна нијанса бев и пак на топло ми одеше со црвен сјај. После пробав и смеѓа, некоја ладна нијанса пак, на лешник... пак и тоа удираше на портокалов сјај и на крај си се откажав и си се фарбам со бакарни нијанси со црвен сјај
Може да ми предложите некој салон во Кисела вода/Центар/Аеродром што фарбаат убаво а не бараат астрономски цени? Плава ми е косата, би ја осветлила малку и коренот да се фати што ми е пораснат. Нешто вака
Zdravo na site, imam prashanje za vas. Imam kafeava kosa povekje e nakaj svetla, a sakam da ja ofarbam crna, ne znam dali ke mi stoi mozebi i nema. Potoa ako sakam da ja vratam istata boja, kolku e mozno toa?
Со цела бројка и се фарбав и поскапи поквалитетни фарби, џабе, по 2 миења пак се појавуваше тој портокалов сјај Прв пат омбре кога правев, правев на мојата природна боја нефарбана и бланш или што и да беше тоа што треба да ја избели, не ми ја избели... Бело портокалова беше