Здраво, дали некаде има колор шампон со костенеста кон темно-портокалова нијанса? До сега никогаш не сум ја фарбала, па сега сакам да пробам на полесен и побезболен начин.
Прв пат се шатирав пред неколку месеци, после фризеров ми рече нема потреба стално да ја фарбаш само тонер ќе ставаме. Сте ставале ли тонер што поточно е тоа? Дали во секое студио истиот тонер го користат т.е. дали било каде да одам на тонирање...дали може со тонирање некој да те утне? Ич не се разбирам од фарбања
Сакам да ја правам вака косата, но досега се немам фарбано па ме интересира дали од прв пат ќе фати светлата нијанса како на сликата? Инаку природно имам темно кафеава боја.
Здравоо,сакам да прашам дали коса бојадисана во копер темна боја после неколку миења ја менува бојата во портокалова?
Здраво... Што мислење имате за бојата за коса Елеа... Се фарбам со Гарние Колор ама во последно време бојата ми трае 10дена и после белите влакна повторно се гледаат. Ми ја препорачаа на неколку места, а по Маркети ја гледам имаат убави акции и цени,а искрено и интересни нијанси... Да ми сподели некој искуство ❤
Ко што ти кажа @wannaBeMomma, најчесто DIY ги прават тонерите. Иначе не се сите исти, имаш на Ревлон, на Кене, на други фирми. Не верувам да те утне некој со тонер. Јас пред некое време вадев прамени со фарба, што значи не ми се скроз бели. После недела дена ставив тонер на Кене и на секоја светлина изгледаа различни. На некоја се медови, на некоја се сиви, на некоја костенливи... Плус тонерот колку трае... едно две миења? Подобро не давај пари, само силвер шампон купи си.
Здраво дечки. Имам темно кафена боја на коса и сакам да ја осветлам. Прееска се исфарбав и добив како некоја медова нијанса. Дали и со која/каква фарба да се исфарбам сега за да ми фати посветла нешто како смеѓа сакам...п.с. Не ми викајте да одам на фризер пошто прашав и ми побараа 400 франака за бајалаж така да тоа отпаѓа Ова ми е моменталната боја
Постепено осветлување преку една недела со две нијанси посветла од таа која ја имаш ставено сега, уште две нијанси посветла на таа која ќе ја ставиш после оваа и така продолжуваш додека не ја добиеш посакуваната нијанса
Се исфарбав пак денес и станав портокалово-жолта...хорор. Буквално не сакам да искочам од дома. Ако се исфарбам пак во понеделник ама со темно кафена се плашам веќе да не ми падне косата Не знам кога да се исфарбам пак ама тоа да биде мој последен пат пошто и мојата природна е темно кафена и ќе ја пуштам а и ќе ја ишишам до раменици за да гобтргнам изгореното од фарбата на врвовите. Моментално сум ваква и не знам како ќе издржам до следно фарбање...Помош дечки ако некој знае нешто..
Кога си стигнала до волку светла малце ми нема логика да бидеш на кафеана пак. Пробај бордо, црвена или темно лилава. Супер ќе ти стои.
Си ја осветлила, нема зошто да ја затемнуваш веќе. Портокалова ли ти е? Бланш стави? Ако си се бланширала стави силвер шампон. Ако не стави уште еднаш некоја посветла фарба , ќе ти биде подобра косата