Ваква коса носам ама по не знам колку пати фарбање, без бланш. Мислам по 4ти пат ми излезе вака. Така да, освен ако немаш 4 месеци до свадбата, мораш бланш за ваква од прво фарбање Би ти ја препорачала Red Booster на Evolution. Во Версаче кај нас е најефтина
Девојки со плава коса. Се фарбам со гарниер 111, пред бременоста косата ми беше бела, ама од кога не ја фарбав прв триместер одпосле а и сега веќе не ми е како порано( знам мора да се бланшира ама несакам) Земав виолетов шампон за жолти тонови и нема ама баш никаков ефект( ке го ставам на слика подоле) ако имате искуство со некој препорачајте ми го, и пишете стојте со него да делува или како постапувате. Исто така која фарба и број би ми ја препорачале од еволушан, кене, и игора, да се исфарбам со малце подобра фарба неколку месеца барем малце да ја изедначам.
Пробај со Кене 1517 или Еволушн 1111 и 9% хидроген, 50мин држи ја на косата. А од големо искуство овие силвер шампони и маски на помагаат освен ако не ти е бланширана косата. Сепак пробај со фарбиве ама таква бела како што ти испаѓала со бланшот да е не очекувај.
Ух , се надевав без бланш ќе поминам ( едвај ја спасив косава ) ништо , ќе си почекам тогаш . Ти благодарам за инфо за фарбата , ќе ја купам и пробам .
Девојки да прашам вие што повеќе имате искуство дали би можела да ги мешам овие две бои ? Кога 7.40 ја користам самостојно многу ми е портокалова би сакала малку да ја неутрализирам и осветлам ?
Користи ја 110 како основа, а додади од 7.40 една третина одприлика. Ако ги измешаш во ист сооднос мислам дека пак ќе доминира портокалово.
Сликава е од пред неполн месец но веќе ми смени нијанса од миењето. Фарбана бев на фризер, која фарба да ја земам за да добијам идемтично како од сликата?
Вака: јас сум природна плавуша и се фарбам со слична боја на мојата коса без бланш. Подолго време сакам да се исфарбам бакарно црвена, пошо знам дека ќе ми стои. Но, од друга страна знам дека ќе ми здосади пошо не сакам многу промени и експериментирања и пак ќе сакам да си се вратам на ,,природната" боја. Е сега прашањето ми е: дали ќе фати плавото без бланш, без да има црвенкаст сјај?
Дечкиии ми треба помош! Имав темно кафена боја на коса(природна) и со бланш ја направив плава-мед. Е сеа сакав пак да сум темна бидејќи така повеќе си се допаѓам и се исфарбав денес со темно кафена(како црна) на Лореал и замислете имам еден куп плави прамени што не ми фатиле и сега сум шарена. Дали некоја знае да ми помогне како да си ја изедначам бојата на косата, што да ставам сега?
Не би дала 250 евра за некој да ме офарба само. Да сум во Мк друго е. Знам и ја за фризер како решение ама ми треба за сама.
@Little_girl Плава коса бланширана тешко е да затемниш од прва. Јас два пати бев на фризер ама таму нешто ми ставија и некако се покрија плавите прамени, па дома сигурно уште 7-8 пати се фарбав па стасав до убава црна боја.