Лично ја немам пробано оваа линија , станува збор за професионална колекција па штом косата е веќе хемиски третирана мислам дека ќе се добри
Решив да бидам сам свој мајстор, ќе ја тргам црвенава боја со рецептот на @Cosmi , прашањево ми е дали можам одма после тоа да се офарбам? И дали треба со четкичка да нанесувам или да утријам со прсти? Иии отприлика колку бланш оди, каква треба да е смесата? Налик на што? Помагајте тие со искуства исти хаха
Размислувам да се фарбам црвенокоса Предлог совети за одржување на црвената коса? Досега ја немам фарбано косата, темно кафеава коса имам
Не ставај бланш, црвена интензивна ќе ти фати од 3-4 фарбања, само биди трпелива, не мора да се гори со бланш, и земи добра фарба, јас се фарбам со Red Booster на Evolution. За одржување е стварно тешка, и се губи сјај по 2 недели, а на месец мораш да се фарбаш. Плус ако ти е брзо растечка косата ко мојава, по една недела од фарбање ќе се познава веднаш темнокафеавиот корен. И шампон за фарбана и маска да си користиш, сјајот се губи брзо. Ама ако ти е мерак зошто да не, јас 8 години ја носам џиш црвена, џабе зборам колку е тешка за одржување, мерак е мерак
Уф сум подзаборавила како одеше,најди ми го рецептов низ темава и по него оди. Како смеса за фарбање е можеш и со четка и со ракавици,само следи ја. Хидрогенот е слаб во комбинација со бланшот ,не ја оштетува. Можеш да се фарбаш веднаш.Каква боја ќе ставаш? Само кога ќе ја миеш косата од бланш купката измиј ја со пола лимон исцеден. За да не ти фати претемна кога ке се офарбаш.
Го најдов рецептот, ми ја извади скоро цела боја, а бев интензивно црвена Не можев да издржам фарбањето, ми земал брат ми Гарниер, ми изгори скалпот, точки црвени сето и веднаш се измив Ќе почекам две недели и ќе се офарбам. Ама рецептов е супер, само краевите кој што секако ми беа оштетени, се приметија дека се кинат на чешлање, другиот дел на косата, одлично Ете и слика како излезе, од интензивна црвена
Од кои фарби за темно кафена коса (бели влакна) сте најзадоволни? Што се не пробав и после 2 миења ете ги белите, на крај со мис меџик ќе се исфарбам
Како би можела да добијам ваква боја на коса? Со мешање на кои фарби? Мислам дека имам океј основа, жолта сум, има слика погоре
И мене многу ми е побелена косата ама ми препорачаа да се шатирам а не да се фарбам оти брзо паѓала бојата
Strawberry blonde барај, тоа е нијансата. За жал не сум нашла ваква нијанса од дрогерискиве фарби, освен од марката од ДМ Reell'e, ама некако ко да не ми фаќаше бојата. Па се фарбам сo copper blonde на Аура, ама поцрвена е од ова. Но како паѓа бојата, со тек на време излегува ваква нијанса како на твојата слика.
На еволушн до сега највеќе ми траела. Користам 5 ка. Бидејќи ја користам со 3 посто хидроген малку ми е потемна. Како и да е за месец, месец ипол пркнуваат белите. Ја мијам или секој ден или секој втор. По долги години гледање Бред Мондо на јутуб, решив box dye да не користам. Многу појак хидроген имаат, барем за потемна и побрзо ми оксидира на портокалово.
Имам природно светла коса, до сега не сум ја фарбала, а многу имам мерак да се офарбам како на сликата. Немам појма како и што треба, фаќа ли од прва или треба повеќе пати? Мора ли бланш? Не сакам да ја изгорам многу
Може би некој со истиот проблем? Природно сум бринета но долги години се фарбам црна. Е сега последната година косата почна да ми добива црвено-портокалов сјај. Ја фарбам и после 2-3 миења црната боја се губи и си свети црвено. Фарба имам секаква пробано, од најевтина до најскапа. Истото се случува со секоја. Пред неколку месеци проверував естрадиол, во ред е. Решение освен да се фарбам црвена?
Здраво, не знам дали е постот за тука, нова сум на форумов. Ме интересира за затемнување на плава коса, имам темно кафеава коса, но 4 5 години ја носам со прамени. Пред 3 месеци бев за вадење на прамени, но ми ја направи косата плава, поточно (бела). Воопшто не ми стоеше, па морав да ја носам 1 месец соберена, за да после 1 месец идам да ми извадат прамени како моја боја на коса, ми извадија се супер излезе, ама имам слушнато дека ке осветлува. И точно ми осветли но не да биде бела,нешто посветло кафеаво - плаво. Сега имам закажано за неколку дена пак да ги пофторам прамените со темно кафеава, како мојата боја. Прашањето ми е, дали ке осветлува цело време? Инаку планирам да си ја враќам мојата боја на коса, па само од кај што бил бланшот ке ги пофторувам прамените, не од корен. И по малку да ја шишам за да се вади бланшот како расте косата.