За овие без амонијак зборуваш ? Еве 4та недела како ја носам, сеуште стои , не е толку интензивна како што беше но држи.
Јас зедов Палете од тие шо се со многу ниско ниво на амоњак и да ви кажам задоволна сум.Еве веќе 3та недела ја носам и супер ми е не ми е ни бојата ослабната ни ништо.Само малку ми е крута откако ќе ја измијам заради хидрогенот ама и ставам регенератор и супер си е . А дали некој има икуство со Sylos фарби за коса. Ако има пишете дали сте задоволни оти сакам таква фарба да земам ама се двоумам???
ахххаха работата е што имам да речеме темно кафена коса а надвор е посветла отколку во просторија и сакам да биде светла кафена смеѓа а многу сакам да се фарбам медова боја ама оштетува фарбата. мајка ми ми кажа дека хидроген мн оштетува сега незнам дека е овој 3 %. Плус од екстремно долга коса оштетена се шишав кратка над раменици и целосно е здрава сега ... се плашам да не ја оштетам од корен! инаку ако пробам да пробам на пример еднаш 40 мин па др ден пак да пробам или премногу е штетно ?
Женски дали е точно дека ако се стави во плава боја за коса пепел од цигари ке стане посветла Ова го прочитав на еден форум и ми стана чудно дали некоја од вас го применувала?
Мис Валдорф, јас само ти предлагам, а не сум пророк да знам како ќе ти испадне и колку е штетно. Фарбите се со 6 и 9 процентен хидроген, овој го имам користено јас и во уста, кога ми беше засечено месото над умникот за полесно да излезе со хидроген ја чистев раната, значи што би се рекло можеш и да голтнеш од него случајно, па сега ти процени колку е штетен. Јас само споделив еден начин како да ти осветли косата, а не давам ни гаранции, нити пак правам предвидувања каква нијанса ќе добиеш. Твое е да пробаш, ако пробаш сподели, ако не планираш да пробаш не прашувај повеќе за тоа- едноставно заборави што си прочитала и купи си фарба со нијанса што ја посакуваш.
Ми стоесе косата два часа! и ја измив. мислам дека така разбрав дека треба ... и нема никаква разлика а вчера го сторив ова...
Маца основната боја каква ти е? Ете јас пишав за Лореал новите како пена што се нанесуваат. Ми излезе токму така каква што бараш а употребив 70. Е сега има и потемни нијанси пробај ги тие. Мене од сеуште нејасни причини иако требаше да ми излезе светла ми излезе баш ко на првата слика која си ја постирала Не се сеќавам сега кое бројче е онаа потемната нијанса, но мислам дека во мојот пост го наведов и тоа, па пробај. А убава е нијансата, стварно
Ја пробав светло-бакарната на Авон и сум задоволна од првичниот резултат. Бројчето е 7.4 и има преубав убав сјај. Плус, лесно се нанесува. Ќе видиме колку ќе трае со одмивањето.
Mојата е вака нешто, можеби со мааалку поцрвенкаст сјај. Спојлер Меѓу овие 2. Ја видов и оваа боја, и оваа ја сакам, прекрасна ми е! Ако има ваква фарба,кажете ја и таа. Спојлер
од смегја да се фарбам темноплава бев фарбана кафеава и сеа ми е падната бојата и светла ми е многу.. природна сум смегја и сеа коренот ми е природната боја а надоле светло кафеаво избледено од фарбаното... сакам да ја фарбам темно плава... дали ке ми фати од прв пат? несакам да користам бланшови ко бела ке ми дојде... фала однапред
Колку време ги држите овие на Сајос фарбиве Се двоумам и дали да пробам со нанесување на чичково масло пред фарбањето..
девојки ајде кој има искуство нека каже со која фарба би можела да ја добиам оваа нијанса? моментално се фарбам со Палете а-10 но многу ми ја оштетува косата и не ја добивам посакуваната нијанса? ви благодарам
Девојки да ве прашам дали некоја до сега ги има користено фарбите на- Loreal preference-смеѓата и плавата нијанса да каже дали се добри, фала однапред
Jas go imam istiot problem i imam probano so karamela prameni i cokoloda boja nemoj ke se zeznes ednostavno zemi nekoja posvetla od crnata ili blue black dr nema jas probav crvena siva uste kakva ne ama crnata najdobro mi odgovara pozz
хм и јас сакам да ја добијам оваа нијанса ама малку тешко ми оди каква ти е моментално бојата на косата? јас се фарбам со сајос најсветлата 9-5 , па со секое фарбање подобра и подобра ми е косата. но имам проблем со врвовите на косата , значи до пола ми е супер ама `надоле` не фаќа. Некојпат си викам да земам да се избланширам ама па да не ја оштетам косава.. Само да знаеш дека која и да било фарба да ја ставиш неможе да се добие нијансата што ја сакаш од прва. Треба да се исфарбаш повеке пати за да биде. А ако нејкеш да се мачиш - само фризерот е спас..
хм и јас сакам да ја добијам оваа нијанса ама малку тешко ми оди каква ти е моментално бојата на косата? јас се фарбам со сајос најсветлата 9-5 , па со секое фарбање подобра и подобра ми е косата. но имам проблем со врвовите на косата , значи до пола ми е супер ама `надоле` не фаќа. Некојпат си викам да земам да се избланширам ама па да не ја оштетам косава.. Само да знаеш дека која и да било фарба да ја ставиш неможе да се добие нијансата што ја сакаш од прва. Треба да се исфарбаш повеке пати за да биде. А ако нејкеш да се мачиш - само фризерот е спас..[/quote] Сајос ја немам пробано, но косата ми е светло - плава, на коренот ми е потемна а на врвовите немам проблем. Но доколку ти ја осветлуваш косата од темна, јас го имав тој проблем пред 2 години кога станував плавуша бидејќи имав темно кафена нијанса. Фарбај се на 2 недели и ќе ти се израмни бојата на косата (нормално фарбај ја цела) среќно