Сакам од црна да ја направам косава некоја 1-2 нијанси посветла накај кафеава. Која фарба е убава и кое бројче? Ако знае некоја членка да ме посоветува
Девојки, предложете ми убава кафена фарба да не е многу темна и никако да не е со црвен сјај. Моментално косата ми е плаво фарбана, сакам да ја потемнам малку но како што кажав, да не е ептен темно и да нема црвен/портокалов сјај. Фала Вии
Фаќаат убаво тие фарби? сакам и јас да се исфарбам, ми бараат 500-600 ден до Инербја, или јас да си земам на своја рака... хелп?
Со Мис Меџик немам искуство, а за Л'Ореал, ок се, фаќаат, ама мене косата ми беше ужасна после тој колор шампон (оти Casting е колор шампон, а не класична фарба).
Малку помош. Имам медеста боја на коса, смеѓа некако и сакам да ја осветлам. Значи не плава туку неколку нијанси посветла од моменталната. Совет?
Во последно време многу сакам да се фарбам во оваа боја на темна кафеава коса ама малку имам страв за тоа да не изгледам како стара жена со побелена коса, па би сакала да видам и други мислења за ваква боја ?
Оваа нијанса ја имав,и баш описот како што не сакаш беше-баба од 90 год ме правеше.Иако желба голема ,се откажав од ова...Сепак да не те разочарам треба прво да пробаш,или со фарбање или на крај краева перика за проба доколку не си расположена за фарба
Јас пак многу ја сакам бојава и мислам дека ми стои затоа што имам сини очи и светол тен,односно некој ладен подтон,не знам како да објаснам,само што ќе ја намачкам одма до израз ми доаѓаат очите. Единствена мана според мене е што е позахтевна за одржување.
За ова мораш бланш - прв пат на цела коса, потоа само на корен секој месец. Бланш и прелив. Јас бланширам коса секој месец , еднаш така по сивкаста ми ја направија ама не ми се допадна, сега ми е бела
Епа тоа е проблемот, добро решение е тоа со перика а можеби и со колор шампон за почеток тоа барем ќе можам да го извадам за брзо време. Одговара и за есенски период или за зима. Убава е бојата може еднаш да се проба барем со шатирање на некои прамени. Кај мене со шатирање подобро би стоело. Да бланш ќе треба.
И јас ваква сакам веќе некое време, темно црвено со некоја виолетова нијанса. Ако некоја се фарба вака нека пише препорака за фарба.
Мојата коса во моментот изгледа вака но како и дали можам без бланш да дојдам до нијанса како оваа фарба
Имав шатирана коса, решив кафена, потемна од мојата да се офарбам. Е сега, ме нервираат црвениве топли подтонови. Имате предлог за некоја фарба која ги нема? И пресветла излезе, ова е на мојата природна боја, потемна сакам...
Јас се исфарбав со оваа. 5.2 ми се чини беше, заборавив И сум препрепрезадоволна од крајниот резултат
Ми треба ист тон на фарба како на сликата. Природен. Да не е премногу портокалов затоа што на Пенивајз ме потсеќа Кажете бренд