Тоа е друго веќе, штом не го допира коренот. А со фарби без амонијак си пробала? Има по фризерниците професионални фарби што не содржат амонијак , може немаат толку штетни состојки, најдобро да се консултираш со фризер
И јас тргнав кафена природна да се правам, испаднав скоро црна (бакарно црвенкаста бев). А баш се мислев дали оваа ти што си ја ставила, ама ја земав оваа Се надевам по неколку миење ќе стане покафена. Сега сум баш црна со кафена сјај Надоле сум поцрна, ама ај за шишање сум па ќе дојде арна за месец дена (ваљда).
Kosata mi e temna kosten. Prameni vadam so blans I posle 4meseci crnoto so ne e crno ama za mene e pretemno mi smeta. Celo vreme blans iako 6% I na 3meseci, kosava mi se osteti dosta. Bev na frizer I frizerkava me utna edno dvapati. Sega tret pat stavam farba na koren I okej e, no nisto zadovolitelno. A da ne spomnuvam na mesec kolku mi zema za farbanje koren samo. Pa tuka pisuvam da mi preporacate farba za koren koj e prirodno temen a nadolu mi e blansirana. Znaci nesto grafitno, svetlo kokos kafeavo.... Frizerkava me napravi svetlo kafeava so crven/portokalov sjaj a nadolu blansot kaj so e. Ne mi se sviga taka. Soveti
И јас приметив дека боите се многу потемни од прикажаното. И јас излегов скоро црна а требаше кафена.
Ќе ти дојде кафена по неколку миење, еве приметувам после секое миење се поубава кафена ми е, како природната моја скоро.. а тоа ми беше целта Да ја направам како мојата, да се фарбам поретко..
@kolovoz ќе ја мијам баш после (со масла ми е сега), па ќе ти сликам. Преубава кафена нијанса ми е како што сакаше и @CameliaMiller
Еве после неколку миења, баш е кафена кафена Може ептен во просторија каде нема светло многу, да изгледа потемно од ова. Немам некој сјај што ми боде очи, природно делува. Е наредно кога ќе излезат бели и ќе бидам за фарбање, ќе земам нијанса што е пред таа. Спојлер: Слики Иначе две фарби ставив јас, после 10тина години сама се исфарбав
Ова само на фризер, сама ако се фарбаш не верувам дека баш ваква ќе ти фати. @mariz, каква ти беше претходно што доле ти фатила потемна, а горе посветла? Обично обратно е.
Иста беше секаде темна, само зависи од која страна со каква светлина ја гледаш Може нешто малку да се разликува корен со долен дел ама кај сите е така скоро... иначе бев темна бакарна со некој црвенкаст сјај... нов тел и немам слика, не сум се сликала баш Спојлер: Бакарна Спојлер: Првото миење по фарбањето со темната
Преубава ти е косата! Може да споделиш што користиш за нега по фарбањето и како ја обликуваш? Прекрасна, сјајна и здрава коса имаш
Фала! Да ти кажам долг период избегнував фен, пегла (ја носев полуфатена и сл, ретко користев), за да ја пораснам убаво по страшно опаѓање во февруари... Ама од секогаш сум како опседната со препарати за коса и само нешто и ставам Обавезно сум опремена со разни капки, масла, креми за коса. Немам нешто што константно користам, па да е од тоа.. нон-стоп менувам. Исто и шампон, маска нон-стоп што ми текне купувам. Ставам и рицинусово, ореово, бадемово чат пат од оние на Lea, ги оставам 1ч и ја мијам. Да ти кажам 2г почупава коса не сум имала, тек почна да ми се средува... ми била и многуу поубава. Ја мијам иначе на 4,5 дена и ја обликувам различно. Некогаш само ја фенирам, некогаш плетенки и правам на мокра, некогаш ретко фен и пегла, некогаш фенирана и ја виткам со пегла (како погоре, тоа е виткана со пегла). На вакво влажно време не ни ми текнува да ја горам многу, зошто ќе е џабе Еве сега малку ја зафенирав и и ставив витлери на сува, да ми биде онака малку како прекршена Ова моментално ставам по миење (од кремите или на Loreal или на Garnier, не двете одеднаш), маслата по сушењето ги ставам Спојлер: Препарати Практикувам спиење со пуштена коса. Дали се гени, дали од што и се замарам незнам @Bellaa1234 Лореал се, наназад ја имам ставено која точно. Во неа има purple mask, баш за таа намена, да нема портокалови тонови, 60ml е маската. Јас дека две фарби земав и имам две маски, значи околу 120ml и на секое 2ро 3то миење само ставам од таа маска
4.11 Ама со неколку миења Башка сигурно зависи и бојата пред тоа... ама не би требало да се разликува ептен..
Која фарба од темниве кафени сте приметиле дава најмногу сјај кога ќе се офарбаш? Порано кога се фарбав со Еволушн ептен ја правеше убава и сјајна, сега последниве години се што пробав косата исгледа сува без никаков сјај.