Така и претпоставував,само си мислев некои викаат со ц витамин,јаболкова киселина... Надежта последна умира!
Лани ова време со бланш на фризер ја вадев и никако да излезе па се шишав кратко пикси,, немаше др чаре. Џабе ќе ставиш вит Ц, оцет, само ќе ја исушиш косата повеќе..
Леле ќе ме отепа ќерка ми,за неа прашувам .Најтрагично што јас ја наговорив,за да не става фарба,мислејќи дека брзо се измива и не ја оштетува косата.Подобро да се офарбаше,сега ни фарба не може да стави врз кана.
Мене од кната почна да ми паѓа косата јас се фарбав со фарба со години, потоа слушнав дека кната не паѓа лесно ко фарбата и ставив црна кна , па ми текна плава да се правам и саат ипол седев со бланшот на глава, кај што имало нешто од фарбата се извади,а кната ни да рече да излезе. И се шишав скроз кратко. Фарбата не ја оштетува косата,туку се оштетува од често користење фен и пегла .Ништо , нека ја шиша постепено и тоа е нема друго чаре.
И јас забележав дека и паѓа повеќе косата сега. Тоа е што е сега.Јас па и од немање искуство со обојување така ја посоветував со кана.Мојата години ја шатирав со бланш,ама не во корен,сега откако ја пуштив природната,сум среќна дека сум ја зачувала природната плава,а детето го зафркнав. Ама ако,нека стои мислењево да не се зезне друг некој. И да научи дека не се слуша мајка за се!
Не знам што ме фати ама во последно сум опседната со помислата да се фарбам бела. Дали со бланширање на природна, нефарбана темно кафеава коса и додавање фарба од Кеуне ќе испадне бела/плава? Или мора стриктно само со бланширање и тонирање? Ако некој има ептен плава или светла коса нека ми пише.
Барам црна (blue black) фарба која не е премногу штетна и не ја суши косата. Дали има во мк нешто слично на Manic Panic полу-трајните фарби во таа нијансa? Не планирам да ја менувам бојата од црна така што нема проблем и ако не се измива фарбата - баш подобро ако трае.
Кај да купам тонер и што марка да е? Ама не шампон, туку тонер, тоа у јутуб видеата што цело време го фалат.
grandinquisitor да, но нема некој добар избор. rEvolution темно сина, но биди подготвена дека може да ти се пренесе и на навлака, ќебе па дури и на блузи (не се сите такви, ама темно сината забележав дека е) но се пере така да не би требало да е проблем. Имаат и од Schwarzkopf, се викаат Live, види која ти одговара но внимавај зошто има со растворање со хидроген и обична. Исто можеш да пробаш и со колор шампон во „природни“ нијанси. Порано имаше Marion, сега не знам дали има ама им беа многу добри и можеа да се најдат ви во поголеми парфимерии но и низ помалите, само не знам дали имаа темно сина/тегет што секако врз црна ќе излезе онаква каква што бараш. Има и други марки ама ќе си разгледаш. Jane Doe. тонер е полутрајна фарба или прелив и името му е така затоа што ја менува нијансата од посветло кон потемно (тонира). Но баш под тоа име можеби ќе можеш да ги најдеш низ парфимериите. Колор шампонот е вушност поедноставна варијанта за одржување на бојата во домашни услови зошто секогаш нема ни потреба од тонирање.
Правев балајаж па сакав да прашам дали силвер маските помагаат да се задржи преливот или дополнително даваат сив сјај? И ако може препорака за некоја што е помалку од 1000 ден.
Во Аеродром, кај 7ца, Мики и Саше ексклузив. Презадоволна сум. Јас имав средно кафена коса и добив баш како што покажав на сликата. Имам долга коса и ме фати 4000 ден. Цените им се 3000-5000. Вака нешто, само малце повеќе на сиво. https://www.facebook.com/profile.php?id=100063550601972&mibextid=ZbWKwL
Здраво, се исфарбав сама дома и од толку што е добра фарбата ми остана на лицето со што би можела да ја извадам?