Има деколорант за вадење на боја од косата, во Космо тинекс би требало да има, нема да имаш проблем да го користиш иако си бремена.
И јас тоа го сакам и еве барам по форумов мислења,мозокот ми се запали Дали ја откри чоколадната без црвени тонови? Хелп
Не Ама си погодив боја КОНЕЧНО т.е. 2. Едната е Лореал ултра еш (2 нијанси се кафеава, потемната) и другата е на Гарниер розевата, колор сензејшн, дип браун Не е чоколадна, потемна е, ама мене ми се допаѓа што е темна, а не е црна, баш природно темно кафеава изгледа.
Фарбана сум со црна кна 7 години по ред, последен пат лани пролетта. Сакав да ја осветлам или некои прамени посветли да правам, но повеќето фризери ми рекоа дека нема шанси да се осветли. Ја растев мојата коса скоро цела година и се исфарбав со црна фарба бидејќи повеќе не можев да ја гледам горе светла доле темна. Дали знае некоја девојка дали би можело сега да направам посветли прамени? Сакам нешто како светло кафени прамени или боја лешник.
За жал нема да можеш. Таму кај што е фарбата ќе излезе со бланш, ама делот што е фарбан со кна нема да се осветли. Јас исто се имав фарбано со кна па со фарба црна и тоа што беше фарбано до кна не излезе , па морав да се шишам пикси зошто имав милион нијанси на главата (јас сакав плава да станам) еврнтуално да ја ишишаш пола коса таму кај што е кната, па да ти стават бланш на останатиот дел од косата
Дали некоја има искуство со Social Hair Salon или со Icon Hair & Makeup? Конкретно за балајаж ме интересира
Здраво мојата коса е на првата слика но ме интересира дали може да се направи ваква како на слика бр 2. Прашав две фризерки и едната ми рече дека може да се направи со бланширање од прв пат но дека нема да биде толку светла на бело, а другата ми рече дека од прв пат не можело било потребно три пати. Ме интересира ваше мислење
Zdravo decki. Imam temno kafena kosa, do ramena mi e. Sakam da se farbam, bez mnogu da ja ostetam ako e cozmozno. Sakam nekoja kafena boja so crvenkast sjaj taka nesto. Ne sum farbana do sega, pa ako moze sovet koja e najdobra farba, od koja ste zadovolni i dali ke bide tesko za odrzuvanje
Фарбите на Кене како одат сразмерно со хидроген? Колку хидроген на една фарба? Конкретно за кафените нијанси
@mariz арно ме потсетија во темата за шминка, уште се фарбаш со Лореал 4.11? Мене убава многу ми испаѓа, макар доле ми е потемна поради претходната што црно ми фати на бланшот, ама ај со шишање ќе се среди. Се мислам за една нијанса посветла, не знам Не ми е сликана конкретно косата овде и немам поасална слика на нормално светло, ама ептен еве сега на светло без сонце црна дури ми изгледа Ептен на топло светло кафеава е, на вакво ладно црна. Си викам со миење ќе падне, и на мојава паѓа, ама на бланшот јок
Јас се немам префарбано од тогаш, мн убава природна ми дојде. Во петок ќе ја освежам со фарбање, ама нијансата посветла ќе ја земам. Иначе по 4,5 миења ќе осветлува, го снемува скроз црното. Вака ми е сега, нефарбана 3,4м. А исто и мене надоле ми беше потемна, па скоро накај црна на одредена светлина... Ама ми се свиѓаше и мене
Баш ти е преубава. Јас друга на бланшот имав пред оваа, затоа црно ми фати. Ама ќе се шиша тоа Се фарбам на 3-4 недели, имам бели, никој освен јас не ги приметува ама не ги можам Башка природно во плавуши спаѓам па светол коренот ми е
Здраво во последната година јас се фарбам со гарниер и ми фаќа супер, но ме чеша главата кога ќе ја ставам фарбата, пред тоа користев други фарби ама искрено не се сеќавам дали исто вака ми беше. Дали и на некој друг се случило ова? И препорачајте ми добра фарба што нема да ме чеша
Не можеме да знаеме. Мене пример од Гарниер Нејтуралс ме пече, од Гарниер Колор Сензејшн не. Оваа што ја користам на Лореал, ништо не осеќам.