Имам темно црвена боја на коса ( не толку многу темно , малку потемна црвена ) и сега сакам да ја сменам бојата на кафена, а бланш ми е последна опција. Препорачајте фарба која ќе ми ја осветли косата за да фати кафена? Користам фарба на syoss. Жиш црвена фарбам зимам , ама поради влакното ми испаќа потемна црвена.
Со фарба нема шанса црвена да смениш. Види пробај прво со отстранувач на боја, ако не со бланш купка. Црвената како и црната се претешки за вадење, ама црвената особено. Јас врз црвена ставав темно кафена и излегуваше со црвено лила сјај на крај.
Здраво, имам кафеава коса, многуу ме бендисува оваа техника и би сакала баш вака да ја исфарбам, со вакви нијанси кафеавкасти. Е сега ме интересира колку се оштетува косата со оваа техника, и дали понатаму е тешко за одржување? Не сакам да има драстична промена накај плава туку баш нежно прошарано, за кога ќе ми расте да можам и така да ја носам, да не мора да ја фарбам пак ако не сакам..
Најпаметно,почекај да падне колку толку црвената( да дојде портокалова) па стави потемна кафеава но пази многу на непрофесионалните фарби, сликата на кутијата лаже Воопшто немора да се оштети, само фризерот мора многу да пази, за одржавање е прелесно и кога расте коренот е повторно убава се спушга само надолу Ќе осветли кната минимално ,ама ќе добиеш многу лоша боја… не пробувај , полошо од кна нема. Само ножица и помага, искрено Слободно со памукче со лимон или малку ацетон па измијсе со вода
Се офарбав денеска со 5.11 Не ми фати црно надоле, а низ цела коса (вклучувајќи ја и новата моја што не беше фарбана горе 3,4м), фати исто. Ќе ја сликам утре, задутре
Zdravo devojki Ve molam za pomosh bev plava mislam i seuste sum malce, edna godina ja nemam farbano kosata megjutoa kje moram nemam uslovi za na frizer samo vo domasni uslovi koj blans/farba da go zemam za da mi izleze svetlo plava ne zoltaFala vi mnogu devojki stvarno kje mi treba pomosh ako koj fo koristite vie i kako vi ima izlezeno na slika
Што е модерно моментално? Последно сум балајаж, ама ми е доста израстена. Се мислам дали истото или да сменам нешто. Всушност не сакам премногу често да ја фарбам косата, а од неодамна имам по некое бело влакно. Една опција за која размислувам е шатирање само на корен т.е. на израснатиот дел
Многу работи недостасуваат за да може да се даде соодветен совет. Не напиша каква ти е твојата боја на коса што е најважно. Секако ќе треба или да ја осветлуваш постепено со по неколку нијанси посветла боја или со бланш. Жолта е неизбежно да излезе, затоа треба да се тонира и потоа да се користи виолетов шампон за да може да се одржува. Ако можеш прикачи од интернет слики како пример каква ти е и каква поточно сакаш да ја направиш зошто има многу нијанси
Eve slika od mojata kosa i kako sakam da mi iskoci Ustvari i dolniot del i mi e dobar megjutoa goreniot neznam ne mi se sfiga mnogu se gleda razlika temno i svetlo Zdravoo dusho sekako mozham. Sakav da te prasham so sto ja tonirate kosata kade mozhe da se najde toj proizvod i kako se vika. Eve slika od mojata kosa i kako sakam da mi iskoci
Сликај баш и јас сакам да видам ,сакам таква боја и природната ми е таква ама обелев и ја зафркнав и сега не можам да си најдам соодветна нијанса. Дали за овие фарби зборете? И од каде ги купувате?
Твојата е прилично темна и не знам дали ќе успееш со едно бланширање. Можеби ќе треба два пати со пауза од барем една недела меѓу фарбање за да можеш да ја заштитиш. Бланш + руса фарба би требало да даде добри резултати. Тонирање можеби нема да треба ако ставаш руса фарба. Само виолетов шампон. Тонер е друго име за полутрајна фарба која се користи за да се неутрализираат жолтите или портокаловите прамени, а може да се постигне и со капка-две соодветна нијанса на колор шампон во малку регенератор и така да се нанесе и отстои некои 5-10мин.
Ve molam dali moze da mi preporacate farba za domashna upotreba kafena so nekoj potemen crvenkast sjaj, prv pat ke se farbam posle 6 godini, kosata mi e do ramena i e temno kafena.
На Јана косата фарбана па вадено прамени е или како? Јас сум бринета моментално шатирана ама веќе треба да ја обновам, во корените. Сакам некоја голема промена, па се мислам вака плавуша, многу ли пепел косата ќе ми стане Сакам исто бели прамени, ваљда нема како што ми е густа без коса да останам или има шанси
Треба многу профи некој по дома да ти се наоѓа за да испаднеш ко на сликата што си ја земала за пример. Треба да го бланшираш прво темниот дел, без корен, после најверојатно уште еднаш сѐ со коренот. Ама корекција со бланш јас не би ти препорачал по дома да правиш. Подобро неколкупати фарбај ја со фарба. Личи ко веќе да била плава претходно, а сега да правела корекција со шатирање.
Здраво на сите Сакам да прашам дали има некој/а фризер/ка за коса која работи со професионалните фарби за коса на keune 1922.. Имам купено активатор и фарба, мешам во сад 1:1. Ја мачкам косата и чекам 20 минути, ја измивам фарбата, но некако не сум баш задоволен многу често не се покриени убаво сите влакна (како пожолтени)... Дали можете да ми кажете каде грешам, очигледно моите бели влакна малку потешко примаат боја, па некој совет што да правам?
Активатор, или девелопер? Ако е активатор, тоа е преслаба формула за покривање на бели влакна. Додуша не сум баш сигурен како функционира оваа линија, ама моја препорака е да си купиш обична фарба со UC ознака и 3% Developer за максимална покривност.
Активатор е, пишува дека има хидроген(не нема %). Која фарба за коса можете да ми ја препорачате? Еве на тик ток видеото можеш да видеш колку добро излегува бојата, а кај мене резултатот е доста слаб. (имам 28 години и околу 10 % од косата ми е седа, страната најмногу) https://vm.tiktok.com/ZMYnwQfHt/
Претпоставувам дека овој е сличен, ако не и ист, како тој за семи колор фарбите кои се наменети за веќе хемиски третирано влакно. Белите влакна најчесто знаат да бидат и подебели, затоа најубав резултат се добива доколку фарбата е растворена со хидроген/девелопер. Мислев на Keune UC(Ultimate Cover). Која нијанса ја користиш од 1992?