Дали некој ги гледала видеата по социјални медиуми каде што од лореал фарби за коса им се подува цела глава? Дали некој има такво искуство? Јас цел живот со лореал се фарбам ама сега ме фати шубе некое. Се случувало тоа од некоја состојка ППД.
Јас го пробав рецептот со витамин Ц и хедер шојдерс шампонот и мисијата е успешна Да напоменам дека бев тазе фарбана со сајос фарбата тегет боја
Zdravo, da preporaca nekoj dobar frizer sho farba boja na kosa. Po moznost 2 Avgust da raboti. Najdobar da e.
Освен бланширање, кој друг начин користат за осветлување на коса фризериве? За 2-3 нијанси посветла кафеава?
@mariz мене надолу не ми фаќа ниедна оти со 3ка нели се офарбав, ама еве со 5.11 корени, ептен ми се свиѓа нијансава, и 4.11 и 5.11 ич не маваат на црвено, туку на златно, што и сакав Еве корени со 5.11 до душа малце подраснати Спојлер Ќе шибнам деколорант надолу, од 3ката што паѓа, паѓа, ама црвена станува па после врз деколорант 5.11. Ќе видиме што ќе се сторам, stay tuned
И јас денес се фарбав со 5.11, сама хаха Ми беше осветлена од сонце, па сакав да си дојде иста нијанса. Кај мене стандард потемна искача од тоа што сакам, ама за 3,4 миења веќе доаѓа тоа што сакам. Ама како и да е, мн убаво природно излегува. Убава ти е
Оваа Мене ептен ми се свиѓа, сега и надолу ја осветлив косата малце и цела ја офарбав. Тешко, јас пробував, несакајќи црна станав (со кафеава тројка се офарбав). Го користев овој рецепт на Косми и ми успеа, само би ти рекла или подолго да држиш (јас 15-20 минути) или со 9ка хидроген.
Потврдувам за оваа рецепта од Косми,црнка бев па можеби едно добри 15 год ,по два пати месечно се фарбав(ради бели да покријам),сино црна боја користев-ја извадив со купката
Бремена сум скоро 8ми Црвена сум но сакам да променам плава шатирана ко ќе морам бланж да користан дали вие сте користеле?
Предложете ми некоја, плава фарба што ќе можам да ја покријам косата бланширана ми е цела коса инаку, а коренот 1 цм темен пораснат. Пред 2 месеца ставив пепеласта фарба и белото ми фати мн сиво и на некои места лилјаково не ми се допадна. Сакам мн да не двои од коренот кога ќе се исфарбам. @Ketchup предлог од овие фарбиве во дм што ги има? Од Аура тие плавите или велвет тон?
Јас до сега одев на фризер и се бланширав па прелив ми ставаа, мај месец решив да пробам со фарба да ја исфарбам и да терам така дома ама земав пепеласта на Indola и ми испадна мн сива и на некои места лилјакова. Се изми потоа ама не ми се допаѓаше. И сега не знам , ако ставам па некоја со потопол тон , како ќе испадне коренот зошто нели секогаш потемно излегува
@koritsaki, по мене најдобри за плава коса се Keune. Ако не се лажам, ти ја имаш користено 1517. Таа е со виолетов пигмент. Покрај неа во тој ред се 1511, која е со сив пигмент, 1519 Ash и 1532 која е топол тон меѓутоа навистина не знам како излегува на црн корен. Би требало доста да го осветли, меѓутоа не знам дали удира на жолто, или портокалово. Ако ги користиш 1517, или 1511 само на коренот, од пигментот ќе ти фати само на одредени делови, т. е. бебешките влакна и пресекот со бланшот. И не ја фарбај целата коса ако ти е бланширана. На крај пред миење натопи ја само со вода и разнеси ја целата фарба накај врвовите и така нека поседи само неколку минути да се убие жолтилото ако го има. За Аура еве пробувам на нет да најдам слики од фарбите, ама сите се прилично матни. После ќе одам до ДМ секако и ќе разгледам што нијанси има, па ќе пишам што мислам.
@Ketchup фала ти, баш вака сакам предлози да слушнам, инаку мн ми се допаѓа оваа нијанса што ја имам и не ми е косата во очајна состојба само мислам би ми била поздрава доколку се фарбам со фарба. Е сега разбирам дека коренот треба со др нијанса да го исфарбам а надоле со друга, ама сама особено позади каде што не гледам нема да ми испадне убаво. Edit- да на Кене најубави ми беа фарбите инаку