На Аура внимание ми привлекоа 12.89 и 11B, пак ќе ти напоменам, без никакво искуство, онака лаички што мислам дека би го добила тоа што го сакаш. На Кене исто, 1532 е беж и не би требало да фати на жолто, ама во мојов ДМ ја немаше, не сум сигурен за по другите дрогерии, бидејќи знам некои нијанси не ги носат во малопродажба.
А зошто мислиш дека ќе ти биде поздрава косата ако се фарбаш со фарба? Пошо многу светлите фарби одат со минимум 9% хидроген, додека во бланш може да ставиш и послаб %. Не знам тебе со колкав процент те бланшираат, мене кога ми правеа прамени во 6% ми додаваа вода и ми излезе супер косата. Не сум стручна, само лаички гласно размислувам, оти според мене хидрогенот е тој што најмногу ја уништува косата. Тие бајки дека фарбите ја негуваат косата и штотијазнам кај мене не проаѓаат Ако ти дома сам не ставаш препарати кои ќе ти ја негуваат косата, тешко дека од фарба ќе го добиеш тоа. Извинете што ви упаѓам во муабетот
Вистина е дека бланшот не е нешто поштетен од фарба, меѓутоа неспоредливо е оддржување на боја со фарба и бланш во домашни услови. А, ако не се лажам Коритсаки имаше реакција на бланшот, затоа и сака да ја оддржува бојата исклучиво со фарба.
Да, keune 15/17 или evolution 11/11 мислам беше. Порано се фарбав со Eugene perma, не ми текнува кој број беше, се раствараше 1:3. Ама се зависи и од пигментот, на секој различно фаќа.
@Ketchup фала ти уште еднаш, не се нафаќам одма да одам да купам фарба и да се исфарбам, ќе се подразмислам што како да правам. Да точно е ова за бланшот имав некоја реакција, и кажав на фризерката ми рече дека по фризерниците имаат некоја течност доколку осетиш пецкање,пржење од бланшот нанесуваат на тој дел и поминува. Ме искара тогаш зошто не и кажав , др пат да си знам. И сега во јуни и јули пак ме фарбаше со бланш и прелив и немав реакција. @An-na да потполно се согласувам и со тебе. За во Грција не знам таа колку ми става, тука во Мк кај што одам 6ка става со бланшот. Користам производи за професионална нега, од тоа како изгледа косата , не ми е мн оштетена зошто се шишам по малку на 2 месеца. Исто пегла и фен не користам.
Девојки предлог за убава нијанса на темно кафеава боја, до сега се ми фаќа на црвено, и на фризер и дома, се сум пробала
Evolution 8.21 i 6% hidrogen Bas mi se dopadna nijansata, samo kako za farbi so ne bas skromna cena na nekolku mienja mi izleze bojata, ne znam zosto taka.
Дечки убава темно кафеава без црвен сјај? Обично се фарбам со Аура 4.68 а пробав и Лореал 4.11 ама многу темна ми излезе. Некоја друга фарба од која сте задоволни?
Страв ми беше дека пишува светла па земав 4.11 ама она излезе скоро црна. Се надевам ќе ми фати 5.11 врз ова што го имам сега
Дали ќе фати не знам, малце е комплицирано посветла врз темна нели. Јас со 5. 11 со години се фарбав и во последно време почна се' потемна да ми излегува. Сега земав 6. 11 на која стои темно руса и се разбира врска нема, пак сум темна, пред последново фарбање и прамени посветли ми вадеа за да успеам да ја осветлам некако)
Wella нема кај нас во малопродажба колку што знам. Да си прашаш некој фризер што соработува со нив да ти ја продаде.
@Ketchup гледаm na hair shop mk имаат и wella i koleston фарби. Само не е оваа од сликата, perfect + некако ја пишува.
Која црна фарба е добра? Може и со тегет сјај, да не паѓа одма и да дава убав сјај? @koritsaki знам дека одамна беше црнокоса, предлог некој за фарба ако сѐ уште ти текнува, плиз.
Еве мои предлози, одлични ми беа фарбиве , за третата треба да си докупиш хидроген. се надевам ќе можешда ги најдеш
Која фарба најубаво ви фати доколку сте се фарбале во тек на бременост? Мене ниту една не ми држи ни една недела, а сега косата ми е цела ишарана, од кафена светла-темна, портокалови, плави, црвени прамени.. сакам барем пред пораѓај сега да ја средам да ја исфарбам убаво да биде една боја, притоа не сум во можност да одам на фризер од финансиски причини..
Здраво на сите! Имам прашање во врска со блајаж,шатирање и слично. Лично многу многу не се разбирам,па така бев зимата во салон ,ми направија блајаж ама после првото миење ми падна одма пеливот буквално дали имаше цел ден ,портокалова ми стана и мноогу сува ми беше,буквално слама ,испржена. Е сега пак бев кај друг фризер за прелив, ми стави ама и тој ми падна премногу брзо ,не знам што се случуваше. Сега за да не ми биде портокалово-жолта јас се префарбував со фабри колку толку да покријам ,па пак сакав некоја промена на косата ,па земав од ДМ средството што е за боја вадење и ми извади боја со што ми дојде светло-костенлива боја. Многу сакам да си ја направам така како што замислувам ама многу ми е страв веќе со фризери и повторно вадење на прелив и станување на портокалова и парите само да ги дадам,што реално не земаат ефтино. Моето прашање е дали некако на некој начин би можела јас вака нешто да изведам како на сликата? Ако би можело како и што би земала ,како би правела. Доколку не ,да не ризикувам каде би ми препорачале ,фризер ,и искрено да зема пари во нормала на граница,секој што ми кажал до сега под 3000ден не е .Да напоменам само имам црна природна темна коса и темен така тен,исончана но и природен ми е ,па не знам како и што би ми одговарало да правам,ставам и боја. Слободно,секој коментар би ми бил добредојден! П.С. премногу се извинувам за долгата порака,но морав да објаснам убаво бидејќи сум нова на форумов. Благодарам однапред!