Пред месец дена ја фарбав кафена, ама црвеното пак избива, скоро е падната бојата. И сега сакам пак да сум црвена, ама незнам, а сакам и некоја мед боја... И незнам што да одлучам
Е заедно сме во воа, и двете имаме исти кадрави коси Тебе ти стое многу добро црвена боја на коса. И јас се двоумам меѓу црвена или мед, темно плава, некоја таква нијанса на кафено, и повеќе ми се свиѓа таа опција отколку црвена.. Ама уште се двоумам
Тукушто си ја офарбав косата со кна.Многу сум задоволна бидејќи ми беше малку оштетена од фарбање нијансирање и обавезно ќе ја поносам ваква!
Можеш да ми кажеш каква боја кна стави?? И каква ти беше претходно косата?? Пошо и јас сакам да ставам кафеава кна ама ми е страв да не испаднам многу темна
Никако! Немој немој да си почнала со тоа! Јас си реков така као тебе ај да сменам ова она...Лелееее зажалив што воопшто помисллив на бојадисување...Пошо јас имам светло кафеава природна боја на коса, прво плава се исфарбав, но не ми стоеше и црна ја бојосав...Досадно Е! Малку да порасне коренот дели и мораш одново и одново да ја гориш косата...Па и + почнува да паѓа...Си имав прекрасна густа коса до пред 2 години, а сеа имам 5 влакна на глава! Никако фарбање!
Буквално незнам што да одлучам, од една страна си викам, црвена проверена ми е, од друга пак, сакам да сменам една година и нешто сум црвена... Ама па од трета си викам, што ако не ми излезе како што сакам, и да бидам како лајно во косава шарена и грозна Изгледа ќе одам на варијанта да ја вратам црвена, згрешив што се префарбав кафена, само среќа што скоро и да падна бојата, па пак на црвено мавам и лесно ќе си ја вратам...
Не мора да значи. Јас се фарбам веке 11 години, до сега ги имам пробано сите нијанси на плава и кафена (мојата природна е темно кафена), и си ги менувам кога сакам и како сакам. И скоро секогаш ја фарбам целата коса, бидејќи бирам различна нијанса, а не ја повторувам истата па за да можам да поминам само со коренот. Косата ниту ми оретчила ниту ми паѓа, напротив, супер ми изгледа. Можеби тебе ти паѓала од други причини, битен е и начинот на живот, исхрана, козметика... Мој личен совет е да се фарбаш колку сакаш и како сакаш, ептен е добро за промена и забава! Башка, коса е- расте
devojki me molam za vase mislenje sakam utre da ja osvetlam kosata ....inaku smega sum ali nemozam da se odlucam za koja od ovie dve farba ....ako imate nekoj dr predlog pisete
црна1 , јас да сум на твое место би се одлучила за таа од гарниер. инаку таа од палете е без амонијак а тие фарби што се без амонијак не `фаќаат` многу.. така да може нема да ти се осветли косата доволно. според мене пробај со фарбава од гарниер
Лелееее жени, готово и јас решив да се фарбам! Имам кафеава коса и ми се смачи (додуша се имам исфарбано пред 2 години со најтемна кафеава и ептен си ја сакав таква ама ми опадна). Ееее сега сакам посветла, некоја мед боја. Сакам промена, па косава ќе потрпит очигледно Која марка ја препорачувате?
Имам темно кафена коса и фарбана ми е долго време со Casting creme 400 таа ми е како природната.Е сега последниот пат се офарбав со Sublime Mousse 41 и ми излезе потемна,а потрошив две фарби,имам многу долга и густа коса.Потоа пак се офарбав со кастинг 400 на лореал поради белите влакна што ги имам ама сега сакам малку да ја освветлам две три нијанси.Сакам да пробам со кене и тоа 6 темно плава,ама незнам коренот ке ми иззлезе дефинитивно посветол ако се осветли воопшто.Дали има некој користено кене,колку фарби да купам,колку хидроген и од колку 6% ке мозе ли несакам косата да ја горам.
ги има ли некој сретнато фарбите SUBRINA SUPREME??? http://www.subrina.si/en/Shades_7/Shade ... onde_8194/ прекрасни нијанси имаат, се надевам ги има
Здраво девојки ! Никогаш не сум ја бојадисувала косата . Светло кафена ми е и сакам да ја затемнам . Прочитав на интернет дека ако истурам црн чај врз косата и го оставам да поседи 15-20 мин. косата ке ми се затемни . Е сега , не знам дали ќе ми остане таа боја или после неколку миења мојата природна боја ке ми се врати . Ако некој го има направено ова , ве молам помош ! И извинете што коментирам овде , нова сум и не знам како да направа тема во врска со ова )
Добро си коментирала, нема потреба секако од но ва тема. Јас ќе ти кажам да не слушаш бапски рецепти, подобро земи си некоја фарба или к`на па така среди се. Па и фаебите не оштетуваат многу А јас да прашам, можно ли е некако да ја добијам нијансата од сликата погоре што ја ставив? Косата моментално ми е кафена со црвен сјај и потерана во коренот
А дали некој од вас има лошо искуство со Palette, јас мислам дека откако се изфарбав последниот пат со таа фарба косата ми се уништи потполно...и порано сум се фарбала баш со таа и беше ок,ама имаше период кога си ја пуштив целосно да ми порасне мојата коса и ми здосади па ја изфарбав ептен темна,и од тој ден косата ми е како перика.Не можам да ја исчешлам,ниту да ја извиткам со пегла(заглавува пресата од што ми е оштетена) пробав се и сешто и сега не сакам да ја фарбам пак...не знаете влакното какво ми стана,ми се истенчи 100%...не ја препорачувам на никој,ама луѓево околу мене немале проблем со фарбава па не знам што е работата со мене.
Мој совет - не се фарбај со Палете, тотално ја сушат косата и не се квалитетни, многу брзо паѓа бојата Јас прв пат се исфарбав со Палете црвена, кога падна бојата станав како бакар.
Јас имам лошо искуство со оние најобичните палете. Т.е. оние во зелено и сино пакување, најлошите фарби на светот! Косата ја прават сено, сува и безживотна, ужасни фарби значи. Малку сум позадоволна од Палете Делукс, ја хидратираат косата и не ја оштетуваат толку, како и оние во розево пакување без амонијак. Тие се сосем ок. Спојлер
Offspring , да ти кажам право , си ја сакам мојата природна боја , само сакам некоја промена , а и кога ке ми кажат некои дека имаат проблеми откако ке си ја исфарбаат косата , си помислувам никогаш да не ја исфабам Сепак фала на советот