Здраво, да ми препорачате фарба за ваква боја да добијам? Моментално косата ми е темно кафеава а долу на врвовите кафено црвена. И дали во дм има фарба Аура (Tone Velvet)?
Ајде мала помош Јас сум бела т.е природната боја веќе ми е бела. До сега сум се фарбала кафеави нијанси слични на некогашната природна. Не знам кој ѓавол ме натера се опнав тегет последно фарбање. Е сега сакам да ја направам вакава (слика доле) пепел сива чисто да ми биде за пдржавање по лесно да не се фарбам на 3 недели. Мојот фризер ми вика нема шанси џабе ќе гориме коса. Прашував кај друга ми рече дојди на тест со еден прамен да видиме како ќе белее. Што мислите вие поискусните со вакви промени
Ме потсетува на оваа. https://www.schwarzkopf.com/brands/haircolor/got2b-color/metallics/m68-dark-ruby.html
Мислам најпаметно е да пробате со еден прамен. Сѐ зависи од тоа какво влакно имаш и која фарба си ја користела. Ама има некои и што цел живот црни се фарбале, меѓутоа многу лесно им излегувала бојата со бланш. Оваа што си ја постирала не е ни толку светла, за да треба до левел 9-10 да ја осветлувате косата.
Треба прво тегетот фарба да падне убаво, да избледе, ама и тогаш дали ќе фати, имаат фризерските некое средство за измивање на фарба, јас прашував за мајка ми дека се фарбаше бордо, па се шатираше наместо цела да ја осветли, а на црвена фарба тешко фаќа бланш, на неа многу убаво и фати и сивкаста и е шатирана, со секое миење и е се поубава бојата, се осветлува, пробај прво со прамени.
Добра црна фарба или црна со тегет сјај да ми препорачате, некако ниедна убаво црна со сјај не ми фаќа
Кога се фарбав црна тегет, најзадоволна бев од фарбава, тој сјај тегет најдолго ми траеше со неа https://mydrxm.com/cdn/shop/products/CZ_3838824177090_B_P1_2020_1_1200x1200.png?v=1584691070
Здраво девојки сакам да ја фарбам косата медиум голден копер но не можам да си најдам фарба некои предлози да не имате?
Дали може некој совет, предлог? Ја фарбав косата со evolution 7.21 и беше приближно како мојата природна нијанса. Но како ја мијам на секое следно миење се повеќе осветлува и ми станува портокалова. Дали да пробам да ставам некоја друга фарба? Сакам да се шатирам, но не знам дали ќе можам со малиот бидејќи треба да го оставам на подолго, а на доење е. А и ако ја шатирам дали ќе излезе добро или ќе биде ептен шарена.
jas imav boja kako light copper brown .. zemav blans i 9%hidrogen ... i mi dpjde kako poslednoto ... portokaleva ... so onoj purple shampoo ja izmiv ama pak si ostana portokaleva sto da pravam ? boja da zemam nekoja ? sakav da mi dojdi plava ama nebiva