Здраво женски на сите вчера со отстранувач на фарби ја вадев бојата,но коренот го намачкав на крај и стоеше само 10 мин но сепак испадна бајги посветол .Како да ја изедначам бојата надолу со коренот?
Здраво девојки. Сакам да ја тонирам бланширана коса со колестон на вела. Е сега , гледам видеа на колестонот му ставаат 1.9% хидроген. Постои таков ?
Да не не ти ја бланшираат како што треба? Зошто и мојата е темна ама ми е чисто бела, па ретко и ја тонирам со силвер шампон. Инаку постои од Вела таков хидроген да
Девојки дали знаете каде можам да ја најдам оваа фарба(туба) кај нас? За нијансата ќе видам на лице место, мислев на бреднот само Ја барав во ДМ и космо ама ја немаат. Благодарам
Колку земаат фризериве за шатирање? Сакам само прамени да извадам имам ретка коса долга до половината скоро
Зависи од место до место. Ама пошо ти е долга можно кај и да одиш да те фати поскапо. Јас за коса до рамена или малку под рамена, ми земаа 2000 во инфинити/студио Н. Ако одиш на попознативе места можно да те фати и над 150/200е. Пошо цените се во последно место качени до плафон
Јас го купив пред година и нешто тонерот/прелив што и да е сивото светкаво пакување. Од некоја аптека, мислам беше Зегин. Ама помина време не сум сигурна. Треба да го има во ДМ, маркети и аптеки. Колку што ме држи сеќавањето
Се фарбав подолг период црвена и последниот пат не ми фати ич убаво бојата насекаде бев шарена , не се бендисав и по две недели се префарбав црна боја но од истата фарба. Реакција од фарбањето на краток период имам страшно чешање на главата и се мијам скоро секој ден и тоа со поладна вода оти од топлото сеќавам жежење. Што можам да направам да си помогнам против реакцијата од фарбата?
Прво не ја миј секој ден уште повеќе ја иритираш главата Пиј апчиња за алергија да намали чешањето Ако имаш ранички мачкај белогент и флогоцид
Здраво, досега се фарбав во салон со фарба на ревлон. Сега сакам да си купам фарба и да си ја исфарбам дома косата, која фарба и бројка би ми ја препорачале за кафеава боја што ќе биде приближна со сегашната боја на косата