Здраво, косата ја фарбав со еволушн и ми испаѓаше многу светла на кај бело - сиво, потоа почнав да ја фарбам со палете делукс U71 и ми испаѓаше многу темно сива и така продолжив да се фарбам со палете без да приметам дека кога ќе ми падне фарбата косата ми е портокалова и темна, и сега сум пола портокалова пола плава, сега последните два пати пробувам да си ја вратам косата и се фарбам цела со еволушн, ама фарбата не фаќа добро на горниот дел каде што е портокалова и после неколку миења паѓа, многу малце е осветлена само. Што да правам, дали да продолжам да се фарбам со еволушн, ќе се осветли ли портокаловото? Да напоменам дека не користам бланш бидејќи косата ми е прилично светла и без проблем ми идеше бела. Еве каква ми беше, и каква ми е сега.
@Britnis најверојатно не требало фарбата да ја менуваш и да си продолжиш со Еволушн Тоа се случува зошто целосно фарбата паѓа изгледа зошто не се толку квалитетни, а претходно не ја осветлила добро косата Евентуално да одиш на фризер и на горниот дел да ти извадат прамени , па да продолжиш да се фарбаш дома со Еволушн
За почеток остави ја косата да одмори неколку миења и фарбата малку да излезе. Ако постојано се трупаат продукти нема да се добие посакуваниот ефект туку може да излезе „полошо“ (што моментално ти се случува). Каков шампон и регенератор користиш?
Штом си пробала повеќе пати и е неуспешно, значи не бива. А вака џабе ја гориш , најдобро да одиш на фризер со вадење прамени мислам ќе биде ок потоа
Жени плавушки, кажете ми добра плава фарба, што не е сива туку бисерна а колку може повеќе да осветли корен (да не е портокалов) Кене 1517 ? Таква ли е ? @Ketchup ти може знаеш
Да, 1517 е со бисерно лилав сјај. Коренот фаќа некоја бебешка плава боја, а надоле ако ставаш од фарбата, а веќе ти е осветлена косата, препорачувам да ја разредиш со вода или кондиционер, бидејќи боите се поприлично јаки и имаат доста амонијак. Се раствараат 1:2, пример на 30мл фарба, 60мл хидроген, исто така се држи од 50 до 55 минути. Ти напишав цели инструкции, ама ова е за најдобри резултати. Да не ја оштетуваш многу косата, а воедно да добиеш солидна нијанса.
Имам шатирана коса а горе имам нешто поголем израсток. А која е разликата помеѓу 1511 и 1517 ? Фала ти
1511 е повеќе на сиво, за разлика од 1517 што е повеќе на сребрено. Ако ставаш надоле, обавезно разредена фарбата.
Имам светло кафеава коса, сакам вака да ми испадне, дали треба само со бланш или да се шатира... и предлог за фризер околина на Аеродром.
Сакам да се фарбам со боја слична на мојата, но која фарба да ја ставам за да нема да ми испадни црвена. Ставив Garnier color naturals 5 - light brown, а испадна портокалова. Имам црвен пигмент во косата природен а инаку сум средно кафеава природно. Сакам слична боја како мојата, но зошто секогаш испаѓа портокалова не знам. Се мислам за темно кафеава за да се покрие се, ама не сум сигурна. Некој искуство?
Никако со темно кафеава, како почесто ќе се фарабаш, на црно ќе ти мава, плус и не значи дека ако ја затемниш ќе се изгуби црвениот сјај. Мора да корегираш со прелив и да употребуваш љиљаков шампон (не на секое миење се разбира). Барем моето искуство е такво. Сакав да ми биде ко мојата природна, а се фарбам со темно плава. Се добива природен впечаток, доста луѓе и поима немале дека сум со години обелена.
Zdravo devojki, kaj mozam da najdam keune farba da si kupam? Mi treba cokoladna nijansa mislam deka bese 6.00 so nesto +0 11 neznam kako odat takaa mi imaa kazano ke moze li nekoja da mi objasni?
https://hairshop.mk/product-category/keune/ разгледај ги тука, исто ги има во дм само можи да не ја најдиш нијансата што ја бараш, исто и по парфимерии можи да ги најдиш, дури и да ти порачат бројче што не го имат на лагер
Фарби со ладен тон за жал не остануваат на влакното, најубаво да си купиш виолетов шампон за кафена коса ко што ти предложи членката. Ако сакаш чоколадна боја од редот на 6, тогаш би ти ја препорачал 6.35, таа е баш чоколадна и е ultimate cover (покрива бели влакна), исто ко 6.00. Разликата меѓу овие две е тоа што 6.00 е поприродна кафена, додека 6.35 е баш чоколадна. 0/11 е ладен микс тон кој се додава за да се постигне ладна нијанса. Доколку го помешаш со 6.00, најверојатно некоја баш сивкаста нијанса ќе добиеш. Така да не мислам дека тоа ти е најпаметна комбинација за чоколадна нијанса.