Здраво. Помош не можам да заспијам. За два дена имам регистрација. Косата најпрвин ми беше омбре со бланш, па решив да ја потемнам со кафеава бидејки ми беше многу оштетена. Со текот на миење ми излезе кафеавото. Денес отидов на фарбање, госпожата ми ставила црна фарба со 3% хидроген, а јас за 2 дена имам регистрација... ќе паднев од стол... помошш!!!
Фала ти, јас се фарбав со неа на 22 април со 9% , вака задоволна сум ама си викам нареден пат дали да ставам 12% да осветли повеќе, инаку имам црвен пигмент.
Е потешко фаќа на црвен пигмент, знам и на братучед ми жена му има црвен пигмент, и потемно и фаќаше за разлика од мене.
Истото ми се случи со костенливата кна. Изгледа имаме црвен пигмент на косата. Мајка ми ја користи и излегува совршена чоколадна/костенлива. Мене, темна црвена.
Девојки во Охрид каде добро бојадисуваат коса а да не е фризер Младен? Многу е скап и тенко со термини. Благодарам однапред
Девојки предложете боја што ги покрива белите влакна. Користам темно кафеава ми фаќа на црна повеќе, на inebrya ја користам бојата. Имам многу бели влакна и добро ми ги покрива. Ама некако ми делува дека во корен многу ми се изретчи косава, па сакам да пробам со некоја послаба фарба. Дали гарниер или палете ги покриваат белите? Еднаш не ми текнува која фарба ставив и белите, златни ми ги правеше не ми ги покриваше. Многу грдо изгледа така.
Јас зедов од оваа фарба 6.3 и сум задоволна на кафеаво е нијансата, и за разлика од inebrya многу повеќе фаќа фарбата
Keune сум ја користела, добра е, али ако имаш густа коса, јас имам танко влакно, и од Кеune ми паѓаше косата, Јоc само во haishop сум ја видела, на друго место не
Па и мојата не е баш густа. Повеќе ко збувната изгледа. И мене влакното ми е тенко и брзо ми се суши и врвовите ми пукаат. Затоа сакав некоја послаба фарба само белите да ги покривам да ја зајакнам малце косата, пошто од фарбите ми попаѓа. А да не ставам не бива, имам бели. Фала на одговорот, можеби ќе ја пробам оваа.