1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бојадисување на косата

Дискусија во 'Коса' започната од magic, 23 декември 2009.

  1. Ане.

    Ане. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2021
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    1.357
    Ја користел ли некој оваа марка на фарба да сподели мислење? 20240523_212418.jpg
     
    Последна измена: 23 мај 2024
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    15.730
    Пол:
    Женски
    Дали може да се стави розев прелив? И колку би траел?
    Сакам вака да си ја напраам косата. Screenshot_20240524_014627.jpg

    Иначе, мене ми е со бланш правена и ми ставаат прелив, и ми оди баш како на плава, а горе коренот ми е темно кафеав и имам и бели влакна.
    Коренот не ми е чепнат воопшто.

    Е сега, финатава е, не сакам коренот да го фарбам. . Нешто да изведам сакам.
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.498
    Допаѓања:
    105.985
    Пол:
    Женски

    На коренот нема да ти фати сигурно преливот розев, туку само на бланшираниот дел.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    15.730
    Пол:
    Женски
    Фала.
    Како да го одржувам тој, бланшираниот дел? За да ми остане розев?
     
  5. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.021
    Допаѓања:
    10.511
    Пол:
    Женски
    Ќе ставаш почесто прелив. Не ја оштетува косата.
    https://www.alfaparfmilanopro.com/int-en/color-shape/products/revolution/original/revolution-jc-pink

    Оваа ако ја најдеш помешана со регенератор, мислам дека ќе се добие беби пинк. А има и во дм бои само не знам колку успеваат.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Од кои фарби сте најзадоволни да се најдолготрајни и да покриваат бели влакна? За ваква боја ми треба
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_4249.jpeg
      IMG_4249.jpeg
      Големина на фајлот:
      409,9 KB
      Прегледи:
      64
  7. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    7.446
    Пол:
    Женски
    Јас имав розева коса лани
    Бара многу одржување, не толку ради розевото колку ради бланшираното. Инаку прелив на 2 недели ставав и ми се виде мн скапо па баталив. А домашни преливи не би ризикувала
     
    На KittyAgnes и GirlLove им се допаѓа ова.
  8. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    1.343
    Пол:
    Женски
    успеваат, јас имав од дм розевите 2 фарби тестирано, ги бендисав и ми траеа неколку миења
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    15.730
    Пол:
    Женски
    Дал можеш да ми ги сликнеш?
     
  10. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    1.343
    Пол:
    Женски
    па одамна ги имам искоритено, ќе видиш само 2 розеви фабри има во ДМ и двете се слични и успеваат на плаво бланширано
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  11. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Како што веќе имаат и други пишано, на коренот нема да фати или евентуално може на сонце да има розев сјај.
    Alfaparf rEvolution е линијата за преливи во боја. А тие од DM што ги има пишано ЧНМ се од Schwarzkopf - LIVE. Можно е да ја има и пастелната розева. Има и уште едни ама тие мислам дека не се толку интензивни.
    Која и да се одлучиш да ја земеш (освен ако не е пастелната од LIVE), за да биде пастелна мора да ја разредиш. Не е нешто страшно.
    Прво можеш да пробаш сооднос 3/4 регенератор и 1/4 фарба. Нанеси на прамен и види како ќе излезе. Во зависност од тоа можеш да одредиш што повеќе да ставиш.
    Ќе излезе нешто како сребрен регенератор, само розев :D

    Во зависност од тоа колку ти е порозна косата, ќе потрае, ако добро внимаваш на одржување. (подолу ќе напишам околу тоа)

    За да се има ваква боја на коса треба адаптирање. Поретко миење, користење на млака (кон ладна) вода и помалку користење на пегла и фигаро.
    Нема зошто да се плашиш. Исто како што нанесуваш регенератор, така и ова. Само што наместо неколку минути, чекаш малку повеќе, според инструкции.
     
    На Selena01 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    7.446
    Пол:
    Женски
    Ја веќе таа глупост (бланширање) веќе никад. Косата буквално ми остана во раце. Ми се кине сеуште малку делот што остана бланширан. Треба уште еднаш да ја пишам и конечно ќе ја опоравам после година и пол
     
    На Elenpelen, OmniaVanitas, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    :D те разбирам.
    Ако добро се изведе и не се оди во крајности, кинењето нема да биде до тој степен. Ќе има минимално ама сигурно нема да биде онака како што опишуваш.
    Бланширање не мора секогаш да биде до најсветла можна нијанса, ама фризерите изгледа дека најчесто така преферираат. Затоа и ти се кине косата до тој степен.
    Штета што имаш такво искуство. Добра маска, капки и масло и барем визуелно ќе се намали тоа оштетување до следното шишање.
     
    На Selena01 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.498
    Допаѓања:
    105.985
    Пол:
    Женски

    Исто. По 2 год бланширање ставив конечно крај. Сега терам само со фарба како излегува така.
    Џабе колку пари изнададов за нега на коса, Олаплекс, Керастас , Лореал профешионел , дефинитивно ништо не ја спасува бланшираната коса :D
    А остај што скалпот ми гореше буквално при секое бланширање ;( да тече линфа и да се прават рани. :x
     
    На Selena01 и OmniaVanitas им се допаѓа ова.
  15. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Чекај....на фризер ова се случуваше? Ова не е нормално и секој би контролирал и ако се појави би го сопрел.... А ако добро паметам, доста имаш искуство и самата околу фарбање па сигурно знаеш зошто би дошто до такво нешто. Дефинитивно не вреди. Единствено послаб хидроген и бланширање во неколку етапи ако некогаш повторно се одлучиш на такво нешто. Но, штом веќе имаш решение со фарби нема ни потреба да се замараш со бланширање :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.498
    Допаѓања:
    105.985
    Пол:
    Женски
    @OmniaVanitas

    Да да, на фризер. Ова почна да се случува последниве месеци, ајде на почетокот си реков може некоја моментална реакција од бланшот, и кажав на фризерката , ми ставаше некој спреј доколку се јави пецкање што смирува, ок при прскање со спрејот навистина се смируваше скалпот , ама дома кога ќе си дојдев се фаќам на скалпот , рани , па и болка имав првите денови додека не се смиреше..
    Фризеркава знаеше дека сакам бела сива коса :D стварно не знам колку % хидроген ставаше, дали е до бланшот (таа користеше Лореал блондор) а другата фризерка кај што одев кога бев во Мк користеше Кене бланш некој нов ми рече излезен во продажба кој што воопшто не пече и навистина беше така. Но за жал не бев стално во Мк за да се фарбам кај неа и др чаре немаше освен да се вратам на фарбите. Е сега не ми е и идеална нијансата, секако со фарба толку може и да се осветли, ама веќе да се горам дефинитивно не :)
     
    На OmniaVanitas му/ѝ се допаѓа ова.
  17. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Многу лошо! Штета што морало да поминеш преку тоа @koritsaki Можеби и некоја одредена состојка не ти одговарала или ти предизвикала алергиска реакција ама дефинитивно не вреди такво нешто заради боја на коса.
    Едно е кинење на косата, друго е ова ти што го имаш напишано. Преку првото да поминеш зошто (колку-толку) е нормално. Ама второто.... Во никој случај.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Makicaki

    Makicaki Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2023
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Zdravoo dali znaete fizerski studija vo skopje sto pravat airtouch tehnika za blansiranje??
     
  19. DragonFly1

    DragonFly1 Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво

    Дајте ми совет со каква фарба да се офарбам без да имам црвен сјај или воопшто топол тон, или дали има некој производ со кој би го постигнала тоа.
    На фризер до сега ниеднаш не ми ја погодиле бојата, а сметам дека не барам премногу :(
    Сакам ладна темна кафена блиска на мојата, ама неколку пати до сега повеќе ми е на црвена него ли кафена.
     
    На vaga95 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.733
    Допаѓања:
    4.587
    Пол:
    Женски
    Како да ми падне побрзо сив прелив од косава? Дури накај тегет излезе и тоа не на секаде исто ☹️. Се офарбав бела после тоа мислејќи дека фарбата ќе ги осветли и нив, и сега сум плавуша со тегет прамени некаде . Инаку сум шатирана па плава фарбана за да бидам како нијансирана, ама вака со сивово не ми се свиѓа.
    П.С не си го правев преливот сама, на фризер ме утнаа, и ми рекоа дека од за 2-3 миења ќе ми падне ама еве не паѓа....
     
    Последна измена: 12 јуни 2024