Сакам да прашам кога ја фарбав косата пред некој ден ми остана малце на увото и се направи како некоја инфекција и ме боли,црвено е и ме чеша...Како да го спречам? Иначе користев palette црна боја,ако знае некоја нека ми пише лп однапред благодарам.
имам 27 години,а 9 години се немам фарбано,смега ми е бојата и се мислам каква да се исфарбам а и страв ми е дали цела иста ке ми испадне
Јас на две недели.За жал... Премногу брзо ми расте косата, а страшно многу мразам кога се познава израсток на фарбана коса
Девојкиииии , само јас ли сум будалата што сака да истури црн чај на коса за да ја затемни ?? Ако никоја од Вас нема пробано , нека ми каже мислење , затоа што стварно не сакам да ја офарбам , си ја сакам мојата природна боја на коса , само сакам некаква промена што не е за "доживотно" Знам дека напнав , извинете , ама стварно не знам што да правам Фала однапред
И јас мислам дека овие пени уште ги нема кај нас. Инаку девојки, сите вие кои се фарбате во оние природни нијанси - посветло и потемно костенливи, чоколадни нијанси итн, ви препорачувам да си користите фарби без амонијак. Зошто би си ја уништувале косата, кога еднакво лесно се добиваат боиве со вакви фарби, а траат подеднакво како и нормалните? Да сте плавуши или црвенокоси, ајде сфаќам, ама за црни и костенливи нијанси... можете и на 2 недели да се фарбате со овие без амонијак и пак да имате поквалитетна коса.
Тредафилка ако може малце подетално да ми објасниш кои се тие фарби и колу пари се? Јас се фарбам со Ревлон, ама многу ми е скапа 400 денари, а од друга страна мене не ми расте многу брзо косава, на месец и пол се фарбам. А инаку многу сум задоволна, до крај си стои бојата. Ваква нијанса ми е бојава.
Среќичка, јас конкретно зборувам за ваков тип на фарби http://www.schwarzkopfpalette.com/our-p ... s-palette/ и Ревлон имаат исто без амонијак, како и Лореал, можеби ја имаш погодено токму таква твојата фарба. Конкретно за твојот случај, би те советувала да си продолжиш да ја користиш твојата фарба, и онака се фарбаш на месец и пол, што е одлично, а нијансата ти е преубава, ако е како на сликава, немој да ја расипеш. Муабетот ми беше за вакви бои на коса Реално, вакви нијанси полесно се добиваат, може и со колор шампон или со фарби без амонијак. Не ви требаат толку многу хемикалии, како за русокоса или за црвенокоса.
Мене ми е природна косата бојата како третата слика (исто и должина) пред извесно време ме фати некоја мисла да сменам нешто ама не сум сигурна поготово затоа што ми расти брзо , а сакав некој прамен да извадам посветол. Инаку имам светол тен и зелени очи и црна коса баш какона сликата и предлог кажете што ми е поубаво да правам- прамени или фарба и шо нијанси би ми одговарале?
Ај малку помош! Се фарбам долго време црна се фарбав со Лонда ама ја нема веќе и продолжив со Граниер е сега незнам зашто ама на некои делови од косата не ми фаќа си стои природната боја и имам отсјај на природната кафеава,ова на цела коса.Совет некако како да ја опраам?
Да си кажам за мене, може ќе ти помогне. Јас не сум задоволна од Гарниер, бојата многу брзо паѓа, за сјај да не зборувам... само тоа што не ја оштетуваат косата им е добра страна. Инаку трајноста слабо некако. Пробај смени ја фарбата, сигурно ќе има ефект.
Еден совет ми треба од оние кои имаат искуство со фарбање, имено ми треба плава фарба која не создава проблеми со кожата на темето како на пр. бубулици и пликови. Нијансата да е што посветла како на пример оваа. Што значи ми треба фарба која вади убава боја а не е толку агресивна.
Од секогаш сум си ја сакала природната боја на коса која е ваква нијанса: Се дур не почнат да ми се белеат влакна по косата не би сакала да се фарбам, си ја сакам стварно, убава ми е, а и кога би требало да се фарбам не би знаела каква боја да изберам. Сега за сега викам НЕ за фарбите. Мајка ми има 5 влакна коса (ептен ретка и слаба коса), се фарба и уште повеќе фарбата и ја уништува косата, тоа е и една од причините што не сакам да се фарбам, бидејќи имам прекрасно цврсто влакно.
Сега земав Гарниер пошто друга саглам не видов , значи и пред да користам Гарниер ова се случуваше исто ми беше и со лонда и со Субрина ....чаре?