Мене ми ставаат прелив, не знам, ако не е како што треба нијансата тогаш јави се пак и пожали се може ќе ти стават додатно нешто. Како што кажа погоре @koritsaki ако е нијансирањето добро направено не би требало да ти биде ни жолто ни чудна нијанса. Еве и јас се фарбам па сум немала никаков проблем со жолтило или чудни нијанси. Користам најобичен шампон Лореал Детокс шампон и Лореал Молекулар маска.
@Bellaa1234 не да не ставаш премногу? Мене ми се потроши веќе таа и сега користам една друга на Inebrya, добра е врши работа.
Последниве неколку месеци фарбање првата недела осеќам чешање и ми паѓаат од косата како корупки. Поради тоа што многу имам бела коса , а досега се фарбав црна прашање ми е како да ја одржавам косата , со каква боја или шатирање не би иделе до израз белите влакна ? Досега коренот го фарбав на 2-3 недели зависи колку бргу ќе ми падне бојата
@PoisonGirl во врска со фарбањето, бидејќи имаш мн бела коса би ти препорачала да прејдеш во плава. Имам пример на блиска личност , имаше темна кафена коса и мака мачеше со бели влакна се додека не се офарба плава секако на фризер тоа и сега нема проблеми не се фарба толку често , раат си е.
Здраво девојки бев бланширана плава мегутоа коренот ми е теемен и имаше поминато 6 месеци од бланшот и земав фарба плава и ја офсрбав косата но горе коренот излезе како портокалов за колку време можам да се фарбам пак да не ја оштетам косата и дали да земам на лореал или гарниер 111 или аура блонде ве молам за совет за плавуша
Најдобро ти е на фризер. Инаку за плава мене keune 15/17 и evolution 11/11 најдобро ми фаќаа, зависи и до пигментот, кај сите различно фаќа.
Па нормално ќе двои кога доле ти е бланширана. Кога веќе си почнала да ја бланшираш косата ќе требало да продолжиш. Со,фарба нема шанси да добиеш бела плава. Јас се обидував 5-6 месеци да добијам плава боја како бланшираното ама нема шанси. И со Кене 1517 + 12% хидроген нема таков резултат
Imam praveno nijansiranje pred 6 meseci na frizer mi izleze nekoja nijansla zlatno kafeno. Sega veke e dosta podrasnato i maka macam so beli vlakna. So koja farba mozam da se isfarbam za da mi se izednaci kosava ,ili pak d aodam za prameni ?
Жени помагајте!!!!!! Знам дека ми нема решение освен да ја оставам косата да ми израсте до мојата природна боја ама проблемот ми е што јас имам природна кафеава а ја имам исфарбано црна со кна и еве моментално е во процес на растење, не ја фарбам неколку месеци и порасната е неколку цм. Е сега нормално се гледа до каде ми е израстена мојата природна и од тука надолу е црна... Многу ми смета тоа а знам дека преку црна фарба особено кна ништо нема да фати.. Како да ја камуфлирам барем за излегување или по потреба, дали да земам спреј некој во боја или што.. Се мислев за тој спрејот во црна боја за коса на Лореал ама не знам.. Идеи?
Единствено кратко да се шишаш нема спас од кната за жал , многу луѓе се зезнуваат така. Или на фризер да прашаш , ама знам по мене дека немаше чаре и ја шишав ептен кратка пикси и така се ослободив од кната.
Кратко не сум во план да се шишам така да ќе си расте полека нема друго решение.. А искуства со спрејот на лореал некој?