За прв пат, најдобро на фризер. За понатаму ќе си прашаш фризер што број на фарби користи и ќе си ги купуваш ќе си се фарбаш.
Да, за така мислев, не како трајно решение.. На пример кога излегувам или за на факултет, значи од миење до миење да го користам или така нешто Да, за така мислев, не како трајно решение.. На пример кога излегувам или за на факултет, значи од миење до миење да го користам или така нешто
Здраво,каде може да најдам графит за во фарбата,прашав во неколку парфимерии не знаат што барам,дали во ДМ има,ако знаете да ми посочите каде да барам?
Во ДМ видов тонер, мислам на Субрина беше. И ми фати око нормално Прашањето ми е, дали врз бланширана фарбана коса би фатило и се измива брзо за разлика од прелив Сега сум некое омбре со светла основа, а замисла ми е да добијам некоја перлено бела боја... (Не сива )
Добро вечер феминки скорото имав пишано на една друга тема во врска со мојата коса.. но сега ќе напишам и тука. Крајот на август беше сакав некои плави прамења на косата но таму кај што отидов ми ја изгореа косата бланшот ми пожолте а косата ми стана сува.. И фанав во црна се фарбав два пати и сега ја скратив малку од горе ми се враќа мојата природна коса но надоле ми е темни кафеава малку црна што мислите како би било подобро да ја оставам полека да ми се врати бојата или да земам темно кафена да ја фарбам?
Може да ти двои ако ја фарбаш кафена, доле ќе биде црна горе кафена. Ако сакаш пробај , па ако двои оди на фризер и шишај го црното.
Зависи од пигментот, најдобро ти е на фризер. Прв пат кога се фарбав плава од костенлива другарка ме фарбаше дома и ми излезе портокалова, а гледам сега баш таква многу се фарбаат. Јас тогаш не сакајќи.
Јас ја имам користено и бев задоволна , не ми ја сушеше и оштетуваше косата . Јас се фарбав copper но брзо се измиваше .
@MandyLane со која фарба се имаш фарбано? Медова бојa ти е? Мислам те читав сама се фарбаш, затоа те прашувам оти мразам одење по фризери и дремење, ја сама дома со косата си експериментирам, па да те прашам на каква основа ти е, јас сум бринета па дали ќе фати како твојата. Многу ти е убава бојата
Ако веруваш толку експериментирам што више ни сама не знам што имам на главава Инаку, бланш имам како основа, за жал без бланш не фаќа ниту една боја. Сега ми е бланширана основа над тоа оваа боја garnier nutrisse, плус мн често ставам силвер шампон тој ми дава мн убав сјај: А пред некој месец кога бев џинџер/мед топла нијанса, се фарбав со оваа, ја има само во ДМ и фактички оваа боја ми е под плавата и све е измешано т.е. фактички моменталнава нијанса ми е мешавина од овие две.
Фалааа И да, совет плус коренот не го фарбам никогаш, сакам да ми е темен за контраст, shadow root, а за тоа гледам туторијали на youtube и Brad Mondo фризер исто на youtube. И со многу пракса се учи се