Оние колор шампони и преливи во боја, кој се најдобри и каде има? Сакам да пробам како ќе ми стои црвена боја ама неќам да се фарбам со фарба.
Ја купив оваа фарба мислејќи дека е едноставно најтемна нијанса на кафеава, ама сега се мислам, дали е всушност црна, оној тип на црна врз која не се префарбува? Неука сум, не знам дали да го ставам чудово на глава или не.
За мене, во моето око ова е црно. Не би ризикувала. Ама пак, како сакаш. Не е она ептен црно-црно, ама личи на доста тема боја.
Не е црна, темно кафена е. Јас пред да се фарбам црна се фарбав ваква и не ми беше доволно темна. Посветла од неа после да ставиш нема да ти фати како што сакаш нормално, црна ќе фати.
Одамна се немам фарбано значи целата коса е мојата природна боја темно кафена, е сега пак сакам да се фарбам со посветла нијанса односно мислам 7, дали таа нијанса ќе фати на мојта природна нијанса или треба бланш да ставам?
‼️Ајде и овде да си ја пробам среќата Ги знаете тие балсамите што се во фарбите,косата ми ја прават преубава ама не знам каде би можела да најдам таков налсам во поголема количина.Дали некој можеби знае?
Не знам дали е ова соодветна тема за следното прашања: Каде може да најдам евтина/обична четка за бојадисување коса? Зборувам за Скопје. Каде да побарам? Да речеме во Космо? На зелени пазари, на тезга?
Јас на времето се зезнав со бојава, баш е тој тип на црна што само бланш после може да ја тргне бојата. Или Сајос фарбата со бланш внатре (јас со таква ја тргнав целосно бојата). Претходно пробував барем една нијанса да ја осветлам со фарби, ама само коренот осветлуваше, надоле не мрдаше бојата. Кратко кажано - хорор
Тој тонер на Субрина ја прави косата баш сива, така да не е најсјаен, ама мн зависи колку време ќе ти стои на коса а и колку ти е осветлена од бланшот претходно. Ако не ти е скроз светла скоро бела од бланшот, не ни фаќа, ко ништо да не си ставил на коса, буквално не прави разлика. Исто така многу е мала количината и за средна или долга коса потребни се 2-3 пакувања.