Штом имаш искуство во фарбање ,морам да те прашам, а сигурно и други може ти досаѓале Имено, имам природна кафена коса, не фарбана, е сега..сакам малку светли прамени, значи не цела фарбана, и не од корен, него да му дојде како од средина на коса, и не мора да биде плава, него може и малку да ја осветли, нешто ко лешник кафена. Дали ќе успее барем малку да се осветли со светла боја ако земам, и со 30 минути да ја оставам да стои. Навистина не сакам ептен светла, да му дојде ко осветлена од сонце, е така сакам
Ќе ти успее да, ќе ти осветли неколку нијанси, АМА ќе ти удира на портокалово/жолто, ќе мораш да ги тонираш тие прамени со тонер или силвер шампон. Би ти рекла да не земаш ептен светло плава, пошо ви тие фарби хидрогенот е појак и ќе ти ја направи ептен портокалова. Земи некоја така лешник, мед, карамел нијанса за почеток. ИЛИ, оној спрејот More Blond во dm што го има, тој осветлува постепено, јас порано тој го користеев, тој дава баш така како од сонце природно осветлени прамени.
На фарбата пишува цела боја цел хидроген, мене не ми треба толку. Пола фарба пола хидроген таман ли е ?
Тоа зависи од должината на косата. Ама количината на хидроген не е важна, туку колку % е, кај плави фарби е појак и може да ти ја направи портокалова ептен. Јас би ти рекла сепак да пробаш со спрејот за осветлување од dm.
Косата ми е долга до колена ама бојата занигде пред неколку години направив омбре после тоа се фарбав и сега никаква боја ми е косата кај потемна кај посветла и скоро 3 години фарба не ставив ич..сега сакам да се фарбам црна ама може да ми текне по некој месец да се шатирам не знам каква боја да се фарбам дур се одлучам да се шатирам.Инаку планорам да земам најефтина фарба што ќе најдам дека ќе ми требаат 3 / 4фарби да купам
Ја користев на Гарниер чоклет браун ама пак не ми дава вака нијанса. Друга фарба најслично до ова? Одмарам од плавото, сакам некоја промена.
Здраво женски, ајде малце помош околу фарба ,моментално сум бланширане ама не сакам веќе жолта да се гледам, сакам чоколадо боја па да прашам дали ке ми прекрие жолтилото ако се исфарбам или се мислам и за кна темно кафеава
Јас бев бланширана, имав прамени. Се офарбав со многу темно кафена, на почеток се беше покриено ама со тек на време почнува да избива бланшот на површина. Со кна немам искуство
Јас ја користев на Алфапарф Милано, Еволушн бр.4 темно кафена. Многу убава фарба. 5ката е малце посветла
Треба прво да ставиш некоја џинџер боја врз бланшираното па кога ќе се исушиш, да ставиш кафена. Инаку може зеленкаста боја да добиеш, а и брзо ќе ти се измие
Имаш бланш во прав, бланш во крема, 6ка хидроген се става. Ама ајде од напред ќе се намачкаш од позади што правиме? Евентуално некој друг да ти помогне при бланширањето. Инаку само на фризер
Имам балајаж кој треба да го обновам, сакам викендот да одам ама добив менструација денес, имам слушнато дека не фаќа бојата за време на циклус, ова глупости се или вистина? И бланш ставам, да не не фати бланшот па…