Нема везе, колку пати се имам фарбано кога ќе имам менструација, и јас мислев така дека заради хормоните не фаќа, ама еднаш пробав и сфатив дека нема врска...
Појди кај Игор Говорко, има масло за шатирање на природна коса. Нема ништо поубаво од прамени со маслото. Толку е природно, ништо не оштетува, косата свила.
Девојки минатата недела правев "балајаж", ама од фризеркава добив буквално жолти прамени.. Прамениве ми ги извади со боја и 9 постотен хидроген во фолии, кој прамен и дојде под рака со оној чешелон за прамени од алиекспрес.. Можам ли некако да ги истонирам дома да не двојат толку од мојата природна коса? Очајно изгледа, уште полошо е во живо од сликиве. Првите 10 сантима од коренот ми се катастрофа посветли од остатокот. Се мислам и дали можам некако цела да се исфарбам во мојата природна боја (темно кафена накај црна) без да ми се оштети уште толку. Посебно е лошо што не можам ни да ја соберам косата од што двои, горе и близу лицето од страна е ужас. Има ли некој идеја како можам ова да го средам?
Кај мене не фаќаше, првиот пат реков ајде случајност, по втор пат пробав пак исто. Додека не пробаш нема да знаеш, сите сме различни.
Можеш на фризер да ти стават прелив во потемна нијанса ама имај на ум дека со тек на време бланшираните делови ќе осветлуваат, инаку мене не ми изгледа очајно искрено, ова е балајаж, пробај исфенирај се ќе ти се допадне повеќе освен па ако толку не ти се допаѓа бојата тоа е друго, инаку техниката мене не ми изгледа лошо изработена
Здравоо имам кафеава боја на коса природна никогаш ја немам фарбано ама сеа би сакала нешто за лето да ја осветлам или некои прамени да ми се осветлени ама не сакам да ја изгорам не сакам да ми се смени бојата на коса во корен, не се разбирам воопшто предложете ми каде како која техника најдобро би била
Здраво женски, дали имате искуство или некоја Ваша блиска со оваа фарба ? Имам осетлив скалп и пробано многу фарби и со и без амонијак читав дека оваа не горела и не се испирала брзо иако е ефтина ?
Ја бланширав косата на фризер и ме направија баш како на сликата, но јас лично не си се допаѓам бидејќи е пресветла и чудна сум си. Дали има некој природен начин дома да ја затемнам за нијанса? Викаа некои масла ја затемнувале, но не знам кои. Дали за некој месец можам да ставам потемен прелив за да се добие тоа? Но не сакам да ми биде сива косата, затоа не ставам виолетов шампон.
Јас еднаш се фарбав со таа фаба и веќе никогаш.. Немам осетлив скалп ама од оваа фарба ме печеше многу
Баш за оваа нијанса не знам ама можам да кажам дека од syoss,garnier,palette,velvet ton,evolution и miss magic никогаш не сум имала реакција на скалп
Јас до сега ја немам пробано velvet ton, дали е поблага фарба за тенка коса и како си задоволна од неа?
Здраво, во иста ситуација сум моментално. Како среди ти? Купи ли прелив или нешто слично, дали може некако дома да пробам да ја средам?
Имам црнонтемна коса но сакам малце да се исфарбам некиј прамен со непто слични на оваа црвена боја....дали е добра кимбинација
Не најдов прелив за жал а и страв ми е да експериментирам. Не знам дали се навикнав или се затемни за нијанса од маслото од рузмарин и рицинус. Откако ќе ја средам косата прскам од спрејов малце кај коренот и ок испаѓа. Трае до наредното миење.