Оваа боја да се добие прво би требало бланш, па после прелив. Но со бланшот не би ти препорачала да си играш во домашни услови. И редовно ќе треба да одиш на прелив, ако сакаш да ја одржуваш нијансата. Вака фарбава да ти фати на твојава природна коса од прв пат, тешко. Но и воопшто е дискутабилно како и дали би те фатила после неколку мачкања.
На фризер само, и тоа некој кој добро знае со бои. Тешко со фарбање и нијансирање се добива посакувана боја без прелив.
Ќе се фарбам за прв пат, од кои фарби сте задоволни? Јас сум смеѓа, би се фарбала нијанса по темна. Ако имате и предлози на фарби со таква боја супер би било.
Јас сум задоволна од фарбите на Keune, Loreal dia color Keune ја има во ДМ, Веро и по фризерниците А другава во Мк не знам , јас во Грција живеам и тука ја наоѓам лесно по парфимерии.
Јас во последно време се фарбам со Garnier Color Sensation и сум задоволна. Исто така и цената е поволна.