За бланширана коса се прави предпигментација, се нанесува бакарна, портокалова или црвена нијанса за да се врати "изгубениот " пигмент. Лично немам правено. Од бои се става некоја полутрајна боја. Е сега зависи која нијанса сакаш да ја добиеш.
Како да добијам нормална светло кафена боја со фарба а сум темно кафена со глупиот портокалов пигмент!? Значи или искачам бакарна ако користам light brown, natural brown или во крајност црна ми фаќа ако купам medium ash brown... има ли некој слично искуство а да не се горам со бланш на фризер?
И јас имам мака со портокаловиот пигмент, не можам да се гледам последниве години каква ми стана косата. Се фарбам на фризер, најчесто само корени, 2-3 пати годишно цела коса, некоја смеѓа/кафеава нијанса. Ми става фарба, преливи, ама џабе, коренот секогаш свети портокалово. Што се става за да го нема тој пигмент? Фризерот ми вика сега особено доаѓа до израз поради хормони/доење/постпартум...
До сега, најдобро ми се покажа. Имав црн пигмент и ова е една од фарбите што најубаво фати. Ја имаш во ДМ мислам дека е околу 350 денари.
Фала ти, уште да измешам ми остана само ме плаши дека тоа ash кај мене факја на црно, не знам зошто. Ќе ти пречи да споделиш кои фарби точно ги искористи? Фала на совет како и да е!
Ставив цела фарба од 7.1 и пола фарба од 6.0 и ми испадна таман ама јас пред тоа бев бланширана и фарбана светла бакарна ми остана малку како жолто со наредно фарбање се ќе се покрие.Земав гарниер колор натуралс.
На Лореал сите се добри, само имај на ум дека препретешко се вади кога ќе сакаш да смениш. Јас со мојата се намачив. Едвај што јас сама, што фризерката успеа да ме среди. Бев 100 нијанси на црвено во косата. Со потемни нијанси со црвени тонови е многу тешко да се извади. И на овие многу брзо им пага првичната боја. На пример црвена и веќе за две миење почнува да избледува, што мене ужасно ми сметаше, затоа што не сакав често фарбање а морав од што ја немав бојата што ја сакам. И на крај не знаев дали во морков боја бев или светло избледена црвена. Сега зависи и колку често ја миеш. Ако е еднаш неделно ќе додржи бојата, ама ако е почесто како мене тешко. Сега да би се фарбала пак, само проближно до мојата коса, а и фарба не фаќам веќе додека не почнам да белеам во глава.
Пред една недела се шатирав, супер излезе бела боја, неделава два пати ја измив одма пожолте, тонер најверојатно ми има стаено и падна. Ќе барам да ми ја среди, парите не ги дадов за џабе, туку како, шо треба за да е трајна бојата, прелив со фарба или како? Претходната фризерка ко ми ја праеше ми стоеше со години белото незнам шо користеше, ова сега катастрофа
Со план сум да се шатирам, но мојата фризерка е на породилно. Да ми препорачате некој салон по можност во близина на Аеродером/Центар? Фала ви!
А сега не ти ставаше прелив? Колку што знам скоро сите работат со прелив после шатирање, така ми кажа фризерката. Најверојатно ќе треба прелив почесто да ставаш. Јас во мај ја правев многу малку изгубив од бојата а бев со боја која не се вади и е многу темна. И добив убава боја, не знам ни како успеа да ме среди, ама како што таа ми кажа мора да знаат кои бои да ги користат за прелив. Сега дома само маска користам скоро 5 месеци немам одено за прелив.
Којзнае шо прелив е одма падна Не доволно прамени очигледно, бев на корекција ми зеде уште 1000ка и повеќе не ме гледа