Ако се сеќавам добро ти имаше плава бланширана коса , значи на фризер ти ја префарбале со Лореал без амонијак , директно без да направат пигментација? Фризериве често грешат што не ги знаат боиве. Пред да те офарбаат требало да ти стават 5 мин . црвен прелив и не би била зелена. За да ја неутрализираш сега ти треба 5.34 или 5.43. Втор избор .5.53 А 5.32 не ти врши работа. Пример: https://silksolution.mk/product/inebrya-5-4-professional-permanent-color-100-ml/ После веќе ќе можеш и чиста 5.0 да ставаш. Ама дај сликни да не ти е сега претемна. Кое ниво кафена стави?
@Cosmi да, прелив не ми ставија. Малку се каам што дома не си ставив така прелив, ама ми беше страв да не утнам нијанса и затоа и отидов на фризер. Јас значи се фарбав средина на октомври со таа Лореалот на фризер, па истата ја земав дома ноември и се иафарбав, ама пак многу брзо падна бојата. И сега пред некој ден ја земав маскава во боја И тука ми се зезна бојата, тие делови кај што и така беа избледени ми станаа зелени. И сега горе е добра ама надоле е светла и под некоја светлина се гледа зеленото. Еве слики А кажи ми од дрогерискиве фарби , нијансава добра е?
Гледам темно чоколадна пишува, би требало да е добра нијансата, зошто во основа сите чоколадни имаат црвено. Ама да не ти е многу темна? Кое ниво сакаш да добиеш? Од Аура ја имам пробано какао нијансата испадна ко на кутијата, не беше темна.
Сакам некоја најтемна кафена да добијам нијанса. Прво мислев црна да ја фарбам пак зошто зезнати се и кафените ко што гледам. Додека спадне овој дел бланшираниот и цел го шишам ќе се изначекам богами може и година дена
Старо ти е мислењево ама ме интересира дали го реши проблемот? И јас го иам истиот проблем, бев фарбана кафеава со 4ка (темно кафеава) ама ми паѓаше интересно и ми изгледаше како шатирана и баш ми беше супер...не бев фарбана подолго време, незнам што ме натера да се исфарбам чоколадна и тоа на фризер и нешто се деси, долниот дел ми стана чоколаден ама потемен, средниот многу темно кафеав а коренот чоколаден ама многу светол, нешто како ти што објаснуваш (тој дел не ми беше 2-3 месеци фарбан и беше пораснат и претпоставувам дека беше virgin така ми испадна светла)...и изгледав одвратно, пробав ставив најтемен колор шампон само на коренот, се реши проблемот 2 недели ама толку падна колор шампонот...се исфарбав пак со потемна фарба и тоа само на коренот, 2-3 миења и пак ми падна фарбаното на коренот пак станав кафеаво/портокалова
Да да , покрива, само ете треба да се внимава кај порозна коса. Има во Мк сигурно во hairshop. Може да им и во ДМ
Не го решив проблемот, никако не се покрива портокаловиот сјај на косата. Верувам дека е до хормоните/доењето, така да ќе почекам уште некое време вака .. фризерот нема решение засега, што е до него се проба да ми стави на косата, џабе.