Здраво девојки , Еден совет од вас ако може . Шатирана сум пред околу 5-6 месеци бидејќи имав доата бели влакна . Некако уште од старт не ми се допадна шатираното , а сега како избледува , поготово напред кај шишките ми личи ко баба некоја да сум Јас имам природна кафеава коса, бел тен . Сега сакам да ставам некоја фарба дома , веројатно ќе морам да ја затемнам. Па би сакала совет од вас која фарба, која нијанса да ја купам за да се исфарбам денес ?! Бидејќи искрено, не се разбирам многу во фарби па да не одам зелена во Понеделник на работа П.С. сликиве се од денес
Уф, можеби со ваква фарба би добила таква боја. Мене ми се гледа дека има и некоја нијанса на лила на косата
Здраво девојки дали воопшто ја има оваа нијанса и каде ја има од Garnier Olia, или предложете ваква нијанса од други брендови за слаба и оштетена коса. Ви благодарам
@Darknest beauty Неколку Дм поминав, ни јас не најдов тоа што барам. Дали таков момент погодив, или ги нема сите бои. Јас ја барам very light ash blonde. Другарки ми ги фалат олиа, јас немам некое искуство со нив, а сакам да прбам.
Земи од оваа фирма конкретно јас со оваа се правам, белите скроз ми ги покрива, по тоа што гледам на сликиве ќе ти треба потемна нијанса 7ца најверојатно
@koritsaki повеќе се разбираш, затоа секогаш те барам кога имам прашање за косата. Бев црвена, сега кафена е сега сакам да ја сменам дали темна боја вишна ( како да ја добијам ) или плава. Знам за плава треба бланш, колку време треба да стои? и која фарба да се земе?
Фала ти многу. Читајќи тогаш, видов дека си ја предложила и ја земав оваа фарба, истава нијанса. И морам да кажам дека фарбава е екстра. Колешка ми кажа дека преубав сјај сум имала и бараше кое бројче е и она да се фарба вака Фала ти за советот
Баш со оваа боја, каква ти излезе бојата? Светло кафеава или? Го покри и шатираното? И јас имам прамени и на ум сум да ја фарбам. Не ми се допага вака. Треба прелив да ставам на еден месец а јас мразам да одам на фризер и си барам помалку болно решение.
Не ти препорачувам сама дома бланш да ставаш. Ајде еднаш ќе го направиш тоа, потоа наредниот месец ќе треба на коренот да ставиш. Верувај тешко е да се изведе тоа. Каква кафена ти е? Ако е некоја светла до средно кафена ќе ти фати. Ако е темна само отсјај ќе имаш на сонце. Мене повеќе ми се допаѓаше кога ја имаше црвена и нема толку да ти се оштети. Бланшот ептен оштетува поготово сама ако го нанесеш.
Ми излезе чоколадна боја, потемно кафеава И многу убав сјај има на косата . И најбитно , не ми се гледа дека како изгорена да ми е косата. А јас ја фенирам секој ден косата. Плус има и шампонче, регенератор во самата фарба за 2- 3 миења , а апликаторот за фарбање е како чешелче. Јас сум премногу задоволна од фарбава.од тогаш до сега ја мијам косата секој втор ден. И супер е
Стварно е предобра, затоа и ја препорачав, во рамстор е на акција периодов 359, и дм 375 е константно, зегин е доста поска 450 и повеќе, чисто да си знаете
Ја пронајдов. Ќе се фризерисувам попладнево. Која спомна бланш дома - не го пробувајте тоа дома сами, како ли беше поговорката. Не ме прашувајте како знам.