Лореал , бројката е 600. Фарбата е преубава . Јас порано сум се фарбала со секакви фарби, ама оваа е стварно поквалитетна и преубава , барем за мене. Сега се шишав и и кажав и на фризерката со која фарба се фарбав , рече и она дека е супер фарбата.
Здраво девојки дали некоја од вас ја има користено оваа кна дали покрива седи и не ја оштетува косата? И каде би можела да ја најдам?
Девојкииии , дали некоја користи боја без амонјак Loreal Casting creme gloss? Каде може да се набавии ???
zdr dali nekoj gi koristel farbite na live posebno violetovata boja dali se trajni ili se za nekolku mienja fala
Баш таа не сум, на Шварцкоф имам на виолетово користено и беше преубав, а таа нијанса ја нема кај нас од Германија ја земав ама за 2 недели пагаше бојата и преминував во црвена а јас никако не сакам црвена коса.
Јас имам ставано и океј беше, јака уникатна боја. Само сите тие виолетови, црвени нијанси брзо избледуваат, треба да се одржуваат.
@flower30 Конечно бев во ДМ а да не заборавам фарба да си купам, колку време ја држиш на косата? Немам многу искуство со фарбање
Според упатството, како што пишуваше таму . У јас немам баш искуство со фарбање, ама убаво беше објаснето. Мислам беше се фарбаш на корен па 10 мин стои и после другиот дел уште 20 мин Ама прочитај сепак да не сум утнала
Препораката е фарбите да се држат според упатствата, но некои сепак бараат малку над тоа. Ако пишува 35 минути, држи ја 7 или 10 минути повеќе.
^ Косата преубава со оваа фарба Јас имам ваква природна боја и сакав прамените да ги покријам, ептен профи ме направи, искрено не очекував, кога ја ставив на глава прво малку паника ме фати мислев дека ми ја осветлува Преубава е фарбата и многу природно изгледа
Здраво на сите бидејќи имам доста бели влакна се мислам да направам прамени за да не се фарбам толку често какви се вашите искуства и на колку време треба да се посетува фризер? Дали ви било подобро само со фарба или прамени во ваква ситуација? Бидејќи не сакам косата да се оштети секој совет е добредојден
Што е разликата мегу овие два типа на фарби? Поефтините и поскапите? И двата вида се на Лореал. Некој што има искуство да ми каже?
Не е колор шампон, фарба е без амонијак, и дава на косата боја и интензивен сјај. Јас сум задоволна. Не може ни да се спореди со колор шампон, бојата лесно фаќа и трае и не се познава израснат корен многу, затоа што е деми пернаментна боја. Јас сум користела црна и темно кафеава. Црната тешко да падне така лесно. А црвена ако се користи, од било која марка ич не трае.
Не е лош, убав сјај дава, ама искрено, некако прескап ми е за користење на три недели, бидејќи паѓа исто како и сите други со миењето. А јас имам доста бели влакна што ми пречат, иако не ми се познаваат до толку, бидејќи косата не ми е темна, ниту се фарбам црвена како што се фарбав токму поради белите влакна. Јас користам нијанси на бои меѓу 7 и 8, некогаш и 8ца.
Здраво девојќи можете ли да ми препорачате фризер кој ќе знае да направи calico hair слично како на сликата. Не најдов некој фризер кај нас да прави нешто слично. Ви благодарам