Да ми препорачате некој кој добро нијансира коса во скопје? Гледав hairby.steff, во студио dl.art дали некој има искуство или било кој друг каде што сте задоволни, не мора да е некој "познат".
Здравоо, сакам косата да си ја направам некоја honey blonde нијанса, шишана со долги степени и curtain bangs. Дали знаете студио во Скопје каде можам да си закажам, а да не добијам стандард сива неодредена боја на коса и само да ми се оштети?
Косата ми е балајаж, но веѓите ми се потемни и од природната коса, баш темно кафени и сакам да ги обојам. Предлог за фарба? Не можам да одам на фризер за тоа само.
Има во дм боја за веѓи но јас лично затоа што сакав да ги затемнам веѓите си земав обична фарба каква ми одговараше за веѓите и многу малце растварам на некое капаче и со четка за веѓи нанесувам внимателно зошто ако измрдаш малце нема да изгледа убаво. Само треба да внимаваш ако си чувствителна да не ти направи некаква иритација..
Утре планирам да ја фарбам косата црна боја, но ставив масло на елсев тоа портокаловото шишенце на коренот, дали фарбата ќе фати има ли некој искуство?
Покрива добро и практично е, но многу ја мрси косата ако се става на поголема површина. За твојата намена може да си земеш
Женски дајте предлог за темно кафеава (екстра темна) фарба за коса. Природната боја за коса ми е смеѓа/кафена, ама порано се бланширав и ми се гледа малку жолто сеуште па сакам скроз да се исфарбам и да го покријам. Ќе се фарбам дома, 1000 денари на фризер за обична фарба не ми се даваат.
Кога се фарбав сама најзaдоволна бев од фарбите на L'oreal, не сум погледнала одамна ама имаа секогаш добри нијанси, голем избор.
Не споменав и дека бојата изгледаше некако најприродно во споредба со другите фарби што сум ги користела. Претходно имам користено и Palette, добри ми се и тие, само малку повеќе се познава дека косата е фарбана. Со фарбите на L’Oréal косата ми изгледаше многу поприродно. Користев темнокафена нијанса, која на светло имаше преубав црвеникав сјај. Ма да, имаат и ладни нијанси ако не сакаш таков тон. Со Syoss и Olia имам негативно искуство.
И мене Л'Ореал ми се најпогодени. Јас светло кафеава нијанса сакам и за таа цел ставам темно плава фарба зашто со светло кафеавата ми излегува темна.
Предлог за добра Dark Brown фарба. На Гарниер не ми се убави, на второто миење на косата ми избледува бојата.
Помош ми треба. Демек да ја затемнам косава, ставив 4.0 Гарниер. Испадна црна... Претходно со 6.7 се фарбав со Субрина, ама на црвено малце маваше и зт шлапнав 4.0 ама мн црна. Денес пробав со 6.01, ама некако не фати... Како побогу да ја осветлам или побрзо да падне црнава? Темно кафеава би било ок, ама што да ставам?
Мене ми успеа одстранување на боја со таблети витамин Ц и шампон против првут. (или исто може шампон за длабинско чистење) Мислам 20тина таблети витамин Ц дека издробив и ги помешав со шампонот и ги нанесов на мокра коса, убаво ја истрив косата. Некои 20тина минути до пола саат оставив да стои и ја измив косата. (е сега беше ова поодамна, мислам дека 2 или 3 пати кога го повторив ова скроз се отстрани бојата)
Хидроген има од 3 од 6 од 9 и од 12 %. Ако мислиш на 9% има и по маркети и по аптеки. Од 1.9% не сум чула до сега.