Женски , а јас да прашам , долго време сакам да добијам ваква нијанса , пробав од Гарниер и Палете ваква боја ама никако не се добива , пак плава ми излегува Дај кажете дали има некоја тајна се мешаат ли некои бои за ваква нијанса ??
Коритсаки, едвај најдов две од времето кога јас шетав ваква боја, испревртев милијарда фолдери, ми должиш едно гиро Ако мислиш на ваква боја, ја гледав фризерката на лице место што прави: во плавата фарба, ќе ставиш црна фарба, количина колку ноктот или малку повеќе, и ќе измешаш. Ама знај дека постепено со миење паѓа, за 2-3 недели, не изгледа вака подолг период. И внимавај основната фарба, т.е. плавата да е некоја ice blond, слична на оваа, да мава повеќе на беж и сребрено, отколку на жолто.
Леле Трендафилке , навистина ти должам едно гиро па кога сакаш намини ,нема проблем хехе Баш ке пробам мнооогу ти благодарам , а долго време се чудам како им испаѓа на девојкиве ваква бојата на коса. Уште еднаш благодарам!
девојки сакам да ве прашам дали некогас додека ја правите фарбата сте туриле масло(било какво)?сакам да ставам ама сеуште се мислам....
Девојки да ве прашам дали некој некогаш се бојадисувал со к'на како излегува и во какви бои ги има? Фала ви однапред
Има кафеава,црна,црвена к'на.Веке има тема за kosa/kna-za-revitalizacija-na-kosata-t6500/ тука можеш да прочиташ како излегува.Ина4е и јас се фрабам со црна к’на и многу убаво ми излегува.
Јас се фарбам со Гарниер црвена и супер ми одговара. На палете боите се катастрофа, кога сум се фарбала знам не сум можела кожата на главата да ја измијам од боја, а тоа стварно грдо личи. Од поскапите бои за коси, ма колку сака нека се квалитетни, не зимам. 500денари секој месец, секако ќе си и угодам на косата на друг начин и без тоа Се фарбам некаде отприлика 5 години и ниеднаш немам зажалено, оваа боја дефинитивно подобро ми стои од природната, а со оглед на тоа што си ја негувам косата и не користам секакви сваштарии(пегли, фенови, гелови, лакови...) баш ми е мекана и свиленкаста. Многу грдо изгледа боена коса, без разлика каква боја, а оштетена изгорена, некако чупава
Ставам малку маслиново, така ми стасува фарбата за цела коса, и плус потоа косата ми е посјајна Во секој случај нема штета
od vreme na vreme smese od mlaka voda,sampon i teget farba kolku noktot na vodena kosa kako samponot ke go nanesis i ke pocekas 1 min pa mies,ova e tajnata
Девојки барав наназад низ темава дали има во битола деколоратор,ама не видов.....е сега прашањето ми е дали има и ако има каде? фала
Обично се фарбам еднаш месечно, се случува и поретко, ама сега многу брзо почна да ми се познава коренот, а нема ни цели две недели поминати од последното фарбање. Што ме советувате, да се офарбам ли? Ќе и наштетам ли многу на косава?
Јас мислам дека нема да ја оштети многу,ама смени ја фарбата ,зошто можно е да ти се познаваат заради фарбата ако паднала пребрзо на корените,и мене ми се случува така по некогаш....пробај друга фарба....
Ако ти е погодена фарбата не ја менувај, измешај половина од тубата и помини го само коренот, 1-2см, зависи колку ти пораснал. И онака не се препорачува секој месец да се фарба косата по цела должина, туку на еден или два месеци. А коренот бара постојано одржување. И не е толку дека паѓа фарбата па се познава, туку тој си расте и нормално дека се наѕира природната боја на косата.
Во последно време, т.е. неколку месеци си се фарбам со истата фарба, многу бев задоволна, и ми стоеше цел месец, ова првпат вака да се случи. Сепак фала на советот.
Само да ти кажам дека и мене истото ми се случи...незнам зошто....еве и јас треба да се фарбам ...така да ...не си сама уживај
Јас последно се исфарбав со Гарние, оваа нијанса и баш така ми испадна. Задоволна сум, само ќе видам колку ќе трае бојата