ова со колор шампонот воопшто не е лоша идеа сакам да ставам цоколадно кафеава боја ја обожавам и сакам да видам како ке ми седи но несакам на секое капење да ми пага еден тон боја од глата не дај боже со дечкото кога би се капела зато се предомислувам а имам долга коса и несакам да ја оштетам со фарби незнам што да правам хелп...
Јас користев гарниер но повеќе не се фарбам си ја вратив мојата боја на коса и не ни мислам веќе некогаш да се офарабам зашто само ја горам косата, а како што викаат природно си е природно
девојки мене ми беше црна косата веке неколку години 3-4, сега се решив да ја правам плава бев на фризер ме праеше цела со бланш па после тоа со фарба и косата ми излезе шарена поради тоа што јас последниот пат ја оставив значи коренот ми беше кафен природно. и горе ми испадна плава убава на коренот,а надоле како портокалова кафена. пробав после месец дена со гарниер најсветлата нијанса али немаше никаква разлика од претходно се шишав и после 1 месец пак пробав мегутоа сеа со еволутион 11.11 така мислам дека беше и ми испадна значи посветла али надоле уште ми е шарена. се шишав повторно поради тоа што ми е дооооста изгорена,ставам силиконски капки од аура се надевам ке успеам да ја обновам. мегутоа сакав да ве прашам дали постои нешто за побрзо да си ја направам плава како што ми е коренот? вака шарена што знам малце глупаво изгледа а неможам да ја фатам пошо се шишав до раменици ми е. неможам повторно да се бланширам стварно ми е изгорена доволно. барам совет
^^^Ќе си ја ишатираш цела коса ама убаво со бланш и ќе ти дојде поплава..Ако сакаш да ти се познаваат прамените тогаш прво офарбај се ,а ако сакаш цела да ти е прближно иста нијанса ондак одкако ќе се ишатираш ќе се исфарбаш.. Е сеа за бојата ,ќе ставаш ко прво појак хидроген 9ка или ако сакаш ептен бело-плава тогаш 12ка , а на фризерката ќе и кажеш ,за да не ти искочи во коренот посветла а надоле потемна ,на коренот да ти стави една нијанса потемна од другата фарба што ќе ти ја нанесе надоле...Се надевам ме разбра А да..и да знаеш ќе ти се оштети коста уште повеќе
Сакам да прашам дали некој пробал на фарбана коса да стави колор шампон со иста боја каков ефект има ? Затоа што се фарбам , но бидејќи за брзо време ми се познаваат темните израстоци сакам да ставам колор шампон за да не се фарбам толку често , поради оштетувања нели .
Мислам дека ќе го испробам ова , но ако некој пробал да ми каже дали потоа брзо се одмива бојата бидејки шампонот побрзо се мие па да не се измие и фарбата од предходно
Природно сум русокоса, пред неколку години направив драстична промена-ја фарбав црна цела година ја носев така и супер ми беше, после ја фарбав кафеава, па по неколку месеци црвена, и сега пак сум русокоса и сега за сега не планирам да ја менувам
девојки кажете некој добар колор шампон имам светло кафеава коса сакам некоја кафено чоколадна боја малку да ме освежи ја обожавам таа боја но несакам да ја фарбам да ја оштетувам мојата коса затоа сакам да знам некој добар колор шампон до сега немам користено како факат дали има некој ефект?позз
смени ја бојата на косата,пробај нешто ново.еве мојата природна боја на коса е темно кафеава,пред неколку години ја шатирав некое време.потоа ја одмарав некое време,па и ставив црна кна,па бидејќи брзо ми излегуваше (дека често ја мијам косата) ставив црна фарба.после некое време ставив црно-модра фарба (значи со плав одблесок на јака светлина).ми здодеа и таа боја ја направив виолетова,и сега моментално ми е во три бои (виолетови корени,шишките и неколку прамени црвени,а останатиот дел црн).обожавам да експериментирам со боите,но штетно е за косата од бујна долга коса останав со ретка кратка коса хах
да сакам да ја сменам ужасно сакам некоја промена ама не мн.драстична само да ме освежи некоја нијанса посветла ќе пробам со колор шампон па ќе видам што ке испадне
Јас сум природно црна и никогаш не бев задоволна од изгледот, па решив да ја осветлам косата и сега ми е бојадисана во нијанса на карамела, валкано плава и задоволна сум. Обожавам да водам грижа и да ја фарбам косата, се чуствувам убаво
И јас сакам да ја осветлам за некоја нијанса. Ако најдеш добар колор шампон и го пробаш, извести ме за резултатите.
Девојки се снабдивте со некој колор шампон? јас имам кафеава сакам да ја осветлам за некоја нијанса но не знам каков колор шампон? помош
http://dzieciowo.nazwa.pl/strefa/wp-con ... /szam2.jpg Јас се фарбам со оваа "фарба" на нејзе пишува дека е како колор шампон и дека со 28 миења бојата паѓа ама нема врска исто како фарба е
А бојата како излегува? Дали се веродостојни боите на кутијата, што покажува твоето искуство? Инаку јас изгледа утнав, требаше во оваа тема да го поставам моето мислење. Еве повторно да прашам... Се фарбам плава веќе подолго време, можеби 4-5 години и повеќе. Имам појачано опаѓање на косата поради некои стресови но мислам дека полека се стабилизира, особено откако почнав со терапија. Е сега да не бидам многу офф топик, сакам да почнам да се бојам со фарба за коса без амонијак (инаку да не се фарбам некако ми е нон сенс бидејќи имам МНОГУ седи влакна). Ме интересираат L'oreal Casting 900 и Gаrnier HerbaShine 900 Природно имам светлосмеѓа коса, и имам доста седи, и не знам како би ми фатило, не мора да е многу светла плава, но барем да е медиум плава. Има ли некоја од вас искуство со некоја од овие две бои, или пак дали има плавуши што се боите со послаби бои без амонијак?