Девојки ке ми каже ли некоја како може да добијам ваква боја, барав нијанси али не можам точната да ја одберам оваа така повеќе е како што сакам.. инаку имам кафеава коса, нешто измеѓу темна и светла.. сакам посветла нешто како оваа, накај плава ама да не мава на портокалово.. ми треба помош оти не се разбирам баш многу
Mоментално бојата на косата ми е темно црвена.Сакам да ја осветлам плава да ми биде, само да не ми испадне некоја портокалова нијанса. Која нијанса би ми препорачале, неможам да се гледам со оваа боја??!!
Прво-никако немој да експериментираш сама, затоа што многу лесно може да испаднеш портокалова. Оди на фризер. Црвената боја доста тешко излегува, најверојатно ќе ти треба деколорант кој ја оштетува косата. Постепено менувај ја бојата кон посветла, не наеднаш. Со среќа!
Јас имам природно темно кафеава боја на коса а сакам малку да ја осветлам.. Па тие што имаат искуство во врска со фарбањето, ќе ми фати ли посветло кафеава фарба? Прашувам за да знам да пробам или не..
Кога ми беше природната боја ставав најслаб хидроген само ја држев некаде 20-30 мин и кога ќе ја измиев беше посветла, како медова,на 2-3 пати имав така направено
Miss666 и јас имав темно кафеава коса, па еве сега имам плава. Можеш да ја осветлиш но битно е кон каква нијанса целиш. Така да постирај слика ако сакаш
jas momentallno imam mnogu ubava boja na mojata kosa PORTOKALOVA, nikogasg ne misllev deska ta boja tollku ubavo ke izgleda, jas sakav da ja vadam cernata boja od kosata a dobiv mnogu ubava portokallova boja.
ДЕВОЈКИ! Треба да се фарбам после, се офарбав со Аура forever blonde 11s и добро фати, ама ај некоја што ја пробала 11А нека каже доколку има посивкаст ефект, да ја земам таа? Ај споделете искуство патем и за некоја друга фарба што излегува сивкасто ..
Последниот пат се исфарбав со палете а 10 и не излезе ваква што мислите да пробам некоја со бланш што е внатре........Како да ја постигнам оваа боја на коса мене малку ми е потемна и незнам веке каква фарба да земам за ваква ве молам предложете ми некоја.....
ааах и јас сакам да постигнам ваква нијанса ама многу е тешко затоа што е природна боја на коса.. мене на фризер ми кажаа да ме шатираат прво со бланш па после да ми стават фарба за да добијам прилично иста нијанса како оваа, ама јас не сакам да ставам бланш пошо два пати до сега имам ставано и косата ми беше пепел и веќе бланш не ставам.. Можеш да видиш и ти, баш прееска гледав на лореал страната има убавки нијанси слични на оваа па ако ти се свиѓа некоја можеш да си пробаш.. А инаку јас имам природно кафена коса не многу темна ама не ни многу светла и имам црвен пигмент, сега сум фарбана со сајос и ми излезе многу потемна одколку на сликата (се фарбав со дарк блонд, а претходно бев плава фарбана) и ми мава на црвенкасто и многу се нервирам никако да ми испадне некоја фарба асално.. на секое светло различна ми е бојата, ама тоа е.. Инаку се ти зависи од пигментот на косата и од фарбата која ќе ја купиш.. Мој совет: оди кај фризерка некоја и види што ќе ти каже
Се зависи од пигментот на твојата природна коса, мој совет не ги користи палете користи некои други, можеш гарниер, кене, сајос.. и ако веќе сакаш да ставаш бланш во фарбата подобро оди на фризер прамени нека ти вадат - така 100 % ќе ја добиеш бојава ама нема од еднаш, подолго ќе ти трае овој процес, ама да си знаеш дека со бланш косата премногуу ќе ја изгориш.. Сепак посоветувај се со фризерка - најсигурно ќе ти биде
Shoe-Gal ваква е мојата боја на коса а јас сакам нешто слично на ова ili pak vaka Ќе можам ли да добијам било која од овие нијанси или слабо?
Спојлер Мојата коса беше таква кога ја офарбав со к'на Ќе ти кажам дека можеби е возможно, но ќе треба да си супер трпелива. Ќе се соочуваш со портокалова боја, неизедначена, и добар период додека стигнеш до ваква нијанса. А и сигурна си дека ќе ти одговара на тенот? Јас би ти препорачала некоја посветла лешник-кафеава нијанса
A-j-a јас ваква боја на коса постигнав со гарниер розово беше кутивчето,а косата на женската беше посмеѓа,ќе најдам линк и ќе ти пуштам.Косата ми беше прекрасна но од две миења ми се изгуби бојата и стана повторно плава каква што ја имав...
па не знам што бројка, зависи од тебе.. а денес баш видов во тинекс има сајос нови фарби донесено тие се 253, а другиве 200.. има убави нијанси можеш да си видиш