Jас пред некои 2 месеца ставив фарба за коса, ја држев 40мин ништо не ми фати . A еднаш кога се фарбав црна, ни 1 минута не ја држев, одма ми фати, ама ко колор шампон му дојде, на секое бањање паѓаше, и брзо ми се врати природната боја, што се радувам, бидејќи ич не ми стои на суратот мој, јас бела сум веќе не експериментирам, и така косата ми е ко кромид или праз,или измеѓу, уште и фарби ми фалат се на се 3 пати се имам фарбано во мојот живот
Луѓе пред една недела се исфарбав со оваа фарба и од шатирана плава ВЕДНАШ ми стана таква ко на сликата целосна!!! Ја држев 30 мин, имам долга коса а од фарбата дури и ми остана! се нанесува ко шампон за коса сама се фарбав и прво што сакав да ви пишам е дека ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ СИТЕ МЕ ГЛЕДАА, И МАШКИ И ЖЕНСКИ, И ЗАГЛЕДУВАА КАЈ И ДА БЕВ! БОЈАТА Е ФЕНОМЕНАЛНА! Секогаш сум сакала ваква боја ама никако не можев да ја добијам, користев кене ама неккако со портокалов сјај ми беше, а јас воопшто не сакав! сеа конечно сум задоволна Па споделете мислење дали некој ја користи фарбава на L'Oreal и колку сте задоволни
За тие што мислите дека не се исплати за Лореал фарбите и кои што купувате по две фарби за долга коса: подобро една квалитетна фарба од 450 ден која стига за коса долга до половина, отколку две палете, кои ги мразам, за скоро иста цена .. сепак мое мислење и искуство
сестрами секогас користи лореал и супер се..иако е поскапа од другите предобри се..јас еднас ставив од палете и косата поцна да ми пајга...подобро едно скапо купи од колку 2 ефтини за други пат да се знае
Сакам да купам ваква одамна се мислам,ама ме интересира како си задоволна,од тоа дали бледее бојата,сакам да купам една асална боја што нема да ми падне за 1 недела како сите други. Се исфарбав со Сајос,добив убава чоколадна боја,ама не сум задоволна падна одма и тоа скрос А да и каква ти излезе нијансава?Чоколадна некако или?
а да прашам ако косата ти е фарбана со обична фарба еве јас ја фарбам со палете и ставам ваква ( мислам дека е без амонијак..) ке фати бојата или не? прашувам да не земам за џабе
Јас мислам дека нема врска,ќе си фати.Баш другарка беше фарбана медова боја,па зема фарба без амонијак чоколадна,и и фати супер плус и најдолго и се задржа бојата.ЈАс мислам ќе фати. http://www.lorealparis.ca/_en/_ca/minis ... agestuelle еве и како се нанесува (на application) Корицаки сега читав баш и има амонијак бојата.
Или јас не најдов тема или нема таква,ама како и да е прашањето ми е: се исфарбав црвена (темно) е сега сакам да прашам како да ми трае повеќе време бојата,мислам да не ми паѓа,зошто минатиот пат за 2 недели вејќе стана нешто како потрокалова
фала што ми одговори , нареден пат ке земам од оваа марка на фарба се надевам и јас ке бидам задоволна
А сакав и нешто друго да прашам , која е разликата мегу овие две фарби од Лореал и двете ли се со амонијак и дали на ист начин се нанесуваат?
Кастингот е без амонијак,за вторава не сум сигурна.Инаку јас се фарбав кафена со втората,фарбата е полесна,не гори (до душа лореал не горат како други фарби)и е како пена.Значи се нанесува како пена на цела коса.Многу е лесна за нанесување.Јас лично многу задоволна сум. Негативна страна,побргу се измива.
и јас сакав кастингот ама таа во јуник ми рече подобро другата затоа што кастингот побргу се одмивала,додека другата ја пофалиле дека потешко се одмива
Денес бев во 2 супермаркета и неможам никако да најдам од оваа Loreal Mousse најсветлата беше оваа ништо ке продолжам да барам , одвај станав плавуша сега нејкам назад да се навракам
Ако навистина ја постигна платинестата боја како на сликата што ја стави, не ја пробувај оваа која е нешто блиску до беж боја. Ќе ја затемниш!
Aјде совет.Каква фарба да земам за да добијал темна плава,карамел нијанса?Моментално сум фарбана светло кафеава.Позз
Мојата коса е моментално карамел, т.е. темно плава. Прво ми беше светло кафеава па ја исфарбав со фарбата на Палете светло руса, убава боја добив но бидејќи осветлев многу на тен, сакав да ја потемнам косата и ја исфарбав со златно руса исто на Палете. Многу сум задоволна од тоа како изгледам
Девојки незнам по кој пат ви се обракам тука за помош и совет, можеби сум веке досадна. Повеке незнам што да правам со фарбите и мојата коса. Бојата на косата ми е моментално ваква некојa нијанса на црвена(таква ми испадна за жал, имам црвен пигмент) а сега сакам да се фарбам пак, ја одмарав еден месец. Никако да ми испадне светло кафеава косата. Би сакала ваква боја да добијам. Што би ми препорачале, која боја....??